Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Меѓу активните пожари е и оној кај селото Чаништа во Прилепско, кој вчера попладне се прошири на два крака, едниот кон селото Зовиќ, а другиот кон селото Крушевица, зафаќајќи ниска вегетација Во изминатото деноноќие, а заклучно до 7:30 часот утрово, на територијата на државата регистрани се вкупно 37 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, според извештајот, три и понатаму се активни, еден е ...
Во рамки на посетата, Муцунски и Мацинка ќе одржат билатерална средба во Охрид, по што ќе следува и пленарна седница помеѓу делегациите на двете министерства На покана на шефот на макадонската дипломатија Тимчо Муцунски, во официјална дводневна посета на земјава ќе престојува вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешка, Петр Мацинка. Во рамки на посетата, двајцата министри денеска ќе одржат билатерална средба во Охрид, по што ќе ...
Услови за зголемена облачност и краткотраен дожд ќе има попладне, главно на планинските предели Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Услови за зголемена облачност и краткотраен дожд ќе има попладне, главно на планинските предели. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 17 Целзиусови степени, ...
Запленетите чадори и лежалки, согласно утврдената практика, се третираат како отпад и се пренесени во погон за рециклирање Околу 100 нелегално поставени, фиксирани и заклучени чадори и лежалки на плажата Геракини, сместена помеѓу првиот и вториот крак на Халкидики, утрово беа отстранети и запленети во акција на Општина Полигирос, пренесуваат грчките медиуми. Од општинските власти информираат дека опремата го узурпирала јавниот простор и го ...
„Огнената линија е многу долга. Овде на лице место се обидуваме да го прекинеме овој крак и тоа засега успешно оди со помош на дувалки и на пратњачи. Помага и локалното население, но воедно овде е и доброволниот тим на Дирекцијата за заштита и спасување од Виница. Целта е да спасиме колку можеме повеќе вегетација. Тешко дека овој пожар ќе биде изгаснат брзо“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов Директорот на Дирекцијата за заштита и ...
Градоначалникот на Општина Карбинци вели дека Општината, Министерството за образование и наука и раководството на ООУ „Страшо Пинџур“ не смеат да дозволат децата да следат настава во несоодветни услови, особено што, како што посочи, во соседното населено место има ново училиште на помалку од два километри Родителите на 13 ученици од прво до петто одделение од село Долни Балван реагираат против најавената оптимизација и затворање на подрачното ...
Бидејќи станува збор за материјали со кратко време на распаѓање, кои не трпат долг транспорт, од институцијата е побарано веднаш да обезбеди алтернативен извор на средства од некоја од соседните земји, како Бугарија или Турција ПЕТ-скенот, кој не е во функција повеќе од еден месец, не е расипан, туку проблемот е во циклотронот – машината која го произведува неопходното средство за вршење на овие прегледи, појасни министерот за здравство Сашо ...
Министерот нагласи дека за спречување на ширењето се потребни комплексни мерки – граѓаните да применуваат лична заштита, здравствените власти да обезбедат рана дијагностика и третман, а општините да ја исполнат обврската за дезинсекција Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од спроведената контрола врз општините за тоа што направиле во однос на прскањето против комарци, информираше министерот за здравство Сашо Клековски во вечерашното ...
„СДС во Гостивар е коалиција и дел од локалната власт, за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Ваљбон Љимани. Затоа што заедно се дел од власта, СДС не бара ниту оставка, ниту го повикува на одговорност Љимани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицискиот СДСМ не бара одговорност за загадувањето на водата во Гостивар ...
Реакцијата на Зафироски доаѓа по најавената партиска прослава на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар по повод годишнината од основањето. Тој ја оценува како срамна во услови кога гостиварци се соочуваат со здравствен проблем Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гостивар, Бојан Зафироски ја критикува владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за неодговорност и за правење циркуз додека граѓаните на Гостивар со недели се ...
Од МВР најавуваат дека ваквите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на правилата Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи (МВР), при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава, санкционирале 166 пешаци за сообраќајни прекршоци. Засилената контрола се одвивала во периодот од 9 до 15 часот, а најголемиот дел од ...
„За жал, некаде околу пладне повторно се разбуди, дувна ветер, повторно се запали сè. Линијата на огнот сега е широка, односно долга можеби дваесетина километри, започнувајќи од течението на Црна Река па сè до врвот Маргара каде што е убиен Ѓорче Петров“, изјави Ангелов Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов изјави дека пожарот што синоќа го опустоши прилепското село Чаниште и бил речиси целосно совладан, ...
При ваква невообичаена појава, АХВ ги упатува граѓаните да ги контактираат надлежните служби и да избегнуваат секаков директен контакт, допирање или преместување на пцовисаните птици Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните да не создаваат непотребна загриженост доколку забележат поединечна пцовисана птица во урбаните средини, вклучително гаврани или други диви преселни птици. Оттаму појаснуваат дека особено внимание е ...
Според ЦУК, и натаму се активни пожарите на територија на општините Студеничани, Македонски Брод и Прилеп кај селото Чаништа Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 18 часот регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати. Активни пожари: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума) Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица ...
При ваква невообичаена појава, АХВ ги упатува граѓаните да ги контактираат надлежните служби и да избегнуваат секаков директен контакт, допирање или преместување на угинатите птици Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните да не создаваат непотребна загриженост доколку забележат поединечна угината птица во урбаните средини, вклучително гаврани или други диви преселни птици. Оттаму појаснуваат дека особено внимание е ...
„Нова американска територија“ – пишува на картата што денеска ја објави американскиот претседател Доналд Трамп, а на која е прикажан Ормускиот Теснец чија контрола и натаму е клучното прашање меѓу завојуваните страни – САД и Иран Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави карта што го прикажува Ормускиот Теснец и го опишува како „нова американска територија“, повторувајќи ја така идејата што ...
Повикувајќи се на податоци од Централниот регистар од 17 август годинава, од ДУИ велат дека Движењето Беса и понатаму се води како активна политичка партија, со Билал Касами како нејзин претседател Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) обвини дека Влен измамила со тоа што пред граѓаните се претставува како единствен политички субјект, кој прерасна од коалиција на четири партии. Повикувајќи се на податоци од Централниот регистар ...
Под контрола е пожарот во близина на депонијата во Општина Делчево, а од ЦУК велат дека изгаснати се вкупно шест пожари Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 13 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, пет се сѐ уште активни, еден е ставен под контрола, додека шест се целосно изгаснати. Според информациите од ЦУК, активен се пожарот во Општина Студеничани меѓу ...
„Горд сум што бев дел од Владата на СДСМ, која со правилни државнички политики овозможи државата да биде дел од најмоќниот воен сојуз НАТО, што е историски успех за нашата држава“, пишува лидерот на СДСМ Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку соопштение на социјалната мрежа Фејсбук го честиташе 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, изразувајќи признание за професионалноста и несебичниот ангажман на сите нејзини ...
„Со членството во НАТО, одговорот на тешките безбедносни и одбранбени прашања не го бараме сами, туку заедно со сојузниците, како наш стратешки избор и темел на колективната безбедност, преземајќи дел од колективната одговорност, но и од одговорноста на секој за секого во Алијансата“, рече, меѓу другото, претседателката на државата во своето обраќање на свеченоста во Охрид Со централна свеченост во Охрид денеска беше одбележан Денот на ...
Паралелно со опремувањето на Армијата, според министерот за одбрана, ќе се вложува и во подобрување на инфраструктурата во касарните, за што во наредниот период се предвидени инвестиции од над 12 милиони евра Модернизацијата на Армијата се реализира согласно планираната динамика – изјави министерот за одбана Владо Мисајловски во обраќањето на свеченоста во Охрид по повод одбележувањето на Денот на Армијата – 18 август. Мисајловски вели дека ...
Шефот на дипломатијата на денешната прес-конференција беше прашан и за кандидатот за амбасадор во Атина, за кој се појавија информации дека не ги исполнува условите, но Муцунски рече оти не може да го коментира бидејќи постапката за него е во фаза од доверлив карактер, односно е класифициран податок со степен на тајност Ефремов, пак, кој е кариерен дипломат со повеќе од 20 години искуство во Министерството за надворешни работи, ќе го пополни ...
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека МВР во дневниот билтен има информирано за инцидентот, а не, како што тврдат од СДСМ, дека настанот се крие од јавноста Фабриката од талогот на лажни вести повторно погреши – реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на СДСМ дека во домот на вработен на МВР, близок со кумот на премиерот Христијан Мицкоски, била фрлена бомба, наводно поради нереализиран бизнис со провизии. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ...
На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика, соопшти директорот на Инфективна, Фадил Цана Нов смртен случај од западнонилска треска во земјава, го зголеми билансот на вкупно починати 4 лица досега. Пациентот на 76-возраст и во тешка состојба, бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести вкупно 27 дена. Директорот на Инфективна, Фадил Цана, соопшти дека и покрај напорите на медицинскиот кадар, поради дополнителните ...
Дипломатите во рамките на Амбасадорскиот совет ќе имаат директен дијалог со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тоа, според шефот на дипломатијата, испраќа важна порака дека кога станува збор за стратешките интереси на земјава, потребни ни се, како што кажа, институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап Во фокусот на ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција рече дека според информациите кои ги имаат, Милко Бошковски, во чија куќа во Бардовци е фрлна бомба, е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски, негов личен пријател и близок соработник. Причината за фрлената бомба, според информациите од свиркачите, вели Димитријевиќ, е нереализиран бизнис договор со провизии Бомба пред два дена е фрлена во ...
Руската амбасада во Велика Британија соопшти дека „дејствијата на Лондон неизбежно ќе имаат последици за кои ќе мора да одговара“, но не прецизираше за каков вид закана размислува Москва Русија ја предупреди Велика Британија за „последиците“ по потврдата дека дронови кои се произведени таму биле користени во неодамнешните напади врз воени и индустриски цели во земјата. Во соопштението, руската амбасада во Велика Британија ја обвини земјата ...
Мислам дека пожарот во Чаниште денеска ќе го ставиме под целосна контрола иако дури и самиот се сомневав дека ќе успееме во оваа намера, вели првиот човек на ДЗС Сериозна ситуација синоќа бил пожарот на територијата на Општина Јегуновце, кој навлегол во атарот на селото Туденце и го загрозил блискиот манастир Во моментов, активни се шест пожари низ Македонија Во текот на вчерашниот ден избувнале 29 пожари на отворен простор, кажа директорот ...
Деветмина од заразените се мажи, а две жени. Најмладиот има 20 години За еден месец во земјава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА – покажуваат податоците од месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЗЈ) за движењето на акутните заразни заболувања. Според пријавеното, деветмина од заразените се мажи, а две жени. Пациентите се на возраст од 20 до 49 години. „Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со ...
Реакцијата на СДСМ следува откако вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од синоќа на полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 4,5 денари по литар, додека дизелот ќе се продава за 6,5 денари поскапо Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) утрово реагира на значителното зголемување на цените на горивата, обвинувајќи ја Владата дека не презела ниту една мерка за заштита на стандардот на ...