Македонија има 20,3 случаи на еден милион население, следна е Грција со 15,1 случаи, па Италија со 5,3 Македонија има највисока стапка на заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа, објави ТВ Сител. Според последниот седмичен извештај на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, до петокот, кога од земјава биле пријавени 37 инфицирани, тоа значи околу 20 случаи на еден милион население. Иако во Италија, Грција и ...

Поради настанатата ситуација, како што соопшти тој, трите „ер трактори“ кои дејствуваа кај Бигла се пренасочени кон пожарот во пехчевско, со цел, како што вели, да му се зададе почетен удар за да не се развие во тешка огнена стихија. Според информациите на Ангелов, на ова место гори борова шума, која тешко се гаси Додека противпожарните тимови се справуваат со огнената стихија кај селото Бигла, нов силен пожар попладнево избувна на ...

Украина верува дека Русија планира регрутацијата да ја изведе во оддалечените региони, избегнувајќи ги големите градски средини Руските сили продолжуваат со обидите да го освојат преостанатиот дел од индустрискиот регион Донбас на истокот на Украина, каде што, според Киев, напредуваат по цена на големи загуби. Во денешна изјава за новинарите, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија би можела во 2027 година да регрутира ...

Популарниот Михајло Федоров вели дека неодамна отворената истрага за перење пари покажува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да биде испрашан за можна корупција во неговиот најблизок круг Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да одговори на прашањата за корупција во владата, изјави за Би-би-си разрешениот министер за одбрана Михајло Федоров. Популарниот Федоров, кој како министер ја модернизираше армијата и беше ...

Од владејачката партија велат дека во последните неколку година имаат јасна доверба од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција како манипулација го оцени ставот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) дека владејчката партија и премиерот Христијан Мицкоски бараат алиби за распишување предвремени парламентарни избори. Оттаму ѝ порачуваат на опозициската партија и нејзиниот лидер Венко Филипче, за кого велат дека на функцијата е ...

Земјотресот бил почувствуван во главниот град и околината, што ги активира системите за рано предупредување, а луѓето добиваа известувања на своите телефони. Пријавени се најмалку 37 повредени лица Земјотрес со јачина од 5,9 степени денеска е регистриран во Јапонија,вклучувајќи ја и областа на Токио, објави јапонската новинска агенција Кјодо. Епицентарот на земјотресот бил во морето покрај северниот јапонски остров Хокаидо, на длабочина од 46 ...

Лицата се здобиле со повреди од истрелите и итно биле пренесени во старата градска болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје за укажување лекарска помош Две лица биле повредени утрово во скопското село Арачиново во инцидент со огнено оружје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), настанот бил пријавен денеска во 5:45 часот во СВР Скопје, откако жители пријавиле дека на улицата „18“ во село Арачиново се слушаат истрели. ...

Лицето кое го предизвикало пожарот, заедно со еден пожарникар и припадник на ангажираните општински служби, вдишале поголема количина чад додека се обидувале да го локализираат огнот, поради што превентивно се пренесени на лекарски преглед Делчевското село Бигла е ново на списокот на места во и околу кои беснеат шумски пожари, откако денеска еден негов жител палел гуми во својот двор, но изгубил контрола врз огнот, кој се проширил кон ...

Опозицијата тврди дека Мицкоски ја исполнува руската и српската анти-ЕУ агенда за Македонија да остане надвор од Унијата, што му овозможува избегнување на европското обвинителство Владејачката партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски бараат алиби за распишување предвремени избори, обвинуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку официјално соопштение. Од опозициската партија порачуваат дека нема да учествуваат во оваа, ...

„Има луѓе што 20 години гаснат пожари, но ова што го видовме во 5 часот наутро не сме го виделе досега. Огнот се движеше со голема брзина, со огнени јазици високи меѓу 3 и 4 метра и силен ветер кој постојано го менуваше правецот. Се бркавме со огнот, а чадот беше толку густ што мораше да се наведуваме ниско до земјата за да го видиме пламенот. За време на гаснењето задолжително носевме гас-маски“, вели претставникот на ДПД Битола Брзата ...

Возачот М.Ј. веднаш бил уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“ откако бил откриен од полициските системи дека возел со двојно поголема брзина од ограничувањето. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил вчера, во 17:53 часот на излез од државата, кога полициски службеници извршиле редовна проверка на патничко ...

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, пред заминување од функцијата го заокружил своето работење за СДСМ и ДУИ и го спасил Венко Филипче од одговорност за случајот со модуларната болница во Тетово Од СДСМ истакнуваат дека во изминатите пет години ниту партијата ниту Филипче не вршеле притисок врз Јавното обвинителство и ја почитувале независноста на правосудните органи Одлуката на Основното јавно ...

Јотова, се додава во написот на телевизијата, изјавила и дека заедничката историја меѓу Бугарија и Северна Македонија не треба да биде повод за разделби Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Република Северна Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права, изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова, пренесува телевизијата БТВ. Медиумите од земјата соопштија дека Јотова ја дала изјавата вчера на местото Петрова Нива, каде што ...

Од друга страна, пак во групи за патување во Грција, што се активни на социјалните мрежи, се споделуваат видеа на кои може да се види дека во меѓуграничниот простор меѓу „Богородица“ и „Евзони“ има колони возила, а корисници коментираат дека се чека и по час и половина за влез во Грција Од половина час до 40 минути се чека утринава на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за излез од земјава. Како што информираат од Автомото сојузот ...

„Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема изгорени куќи. Состојбата е алармантна, високите температури продолжуваат и денеска и во наредните денови. Најави за дожд нема во наредниот период“, вели Ангелов упатувајќи апел до граѓаните да бидат внимателни Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 7:30 часот утрово, на територијата на државата се регистрирани ...

За утре се прогнозира променливо облачно и топло време со сончеви периоди, а температурата ќе опадне за неколку степени Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите за денешниот ден. Во попладневните часови на некои места ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе биде од 14 до 21 ...

Надлежните уверуваат дека се преземаат сите потребни мерки за да се заштитат жителите и имотите во селото Палиград Во селото Палиград во Општина Зелениково, има пожар што се приближува до куќите. Екипите на Протипожарната бригада на Град Скопје и Центарот за управување со кризи (ЦУК) се на терен и интензивно работат на негово локализирање, информираше вечерва директорот на ЦУК, Мухамед Али. Директорот Али вели дека противпожарните екипи ќе ...

Контрамерките на Канада ќе опфатат сектори како што се челик, млечни производи, апарати за домаќинство, земјоделска опрема, пулпа и хартија и електроника, како и некои сектори кои САД веќе ги таргетираа со царини, нагласи канадскиот премиер Од 8 септември Канада ќе воведе царини за увоз од Соединетите Американски Држави во голем број сектори, како одговор на новите царини од 50 проценти што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, ...

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, Александар Гудев, вели дека пожарот се контролира и оти единствено сè уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча Ставен е под контрола пожарот што денеска околу пладне изби во Струмичко, на потегот од Водоча и Баница, се до месноста Софилар. Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, Александар Гудев, вели дека пожарот се контролира и ...

Тој потенцираше дека ЕБР претставува еден од клучните столбови на безбедносниот систем, нагласувајќи дека современиот организиран криминал бара нов пристап и технологија Во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба во која припадниците на ЕБР ги презентираа своите способности и оперативна подготвеност, а посетителите имаа можност да ја разгледаат и изложената специјализирана опрема што ја користи единицата Со свеченост ...

Во женска конкуренција најдобра беше аргентинката Мајте Ајлен Пука, која патеката ја мина за 5:20:44 часа Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39. Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03:44 часа. Второто место му припадна на неговиот сонародник Николо Ричарди, а трет на целта стигна 17-годишниот македонски натпреварувач Петар Цеков кој ...

Според него, земјоделците среде берба се соочуваат со ниски откупни цени и огромен раст на трошоците за производство Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за време на денешната посета на Тиквешкиот регион и средбите со лозарите, ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата за суров и нечовечен однос кон лозарите. Според него, земјоделците среде берба се соочуваат со ниски откупни цени и огромен раст на трошоците за производство. Филипче ...

Во гаснењето се вклучиле и голем број доброволни противпожарни друштва од околните места, екипи на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица за надополнување на резервите со вода, како и градежна механизација од општествено одговорни компании за правење заштитни противпожарни појаси Пожарот што денеска изби во непосредна близина на Струмица, зафаќајќи ги атарите на селата Водоча и Баница поради силниот и променлив ветер, брзо се проширил преку сувата ...

Додаваат и дека Алтернатива, Беса, Демократското движење, Алијансата за Албанците и Самоопределување ќе останат трајно во меморијата на албанскиот народ како политичките фактори што ја поразиле ДУИ На ДУИ ѝ поминаа две децении на власт, во тендери и апашлак, па очигледно не ѝ останало време да ги научи законите. Вака попладнево реагираат од партијата Влен, која е дел од владејачкото мнозинство, откако претходно од ДУИ обвинија дека измамата ...

За сериознoста на овој пожар информира и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој вели дека огнената стихија им се заканува на првите куќи во атарите на селата Баница и Водоча, поради што побарал итна помош од противпожарните екипи од Гевгелија, Валандово и Радовиш Додека Ангелов информира за билансот на пожари регистрирани во текот на денешниот ден во земјава, меѓу кои и пожарите во Мариовско, дел од ...

Освен во овие акции, полициските службеници во текот на вчерашниот ден лишиле од слобода и неколку повозрасни лица од други градови, а кај кои била пронајдена и одземена марихуана Во текот на изминатото деноноќие полициски службеници уапсиле двајца малолетници од Скопје откако кај нив биле пронајдени тврда кафена материја и марихуана. Освен малолетниците, полицајците го уапсиле и 19 годишниот стружанец Б.С.. Како што информираат од ...

За сериознoста на овој пожар информираше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој вели дека огнетата стихија се заканува на првите куќи во атарите на селата Баница и Водоча, поради што побарал итна помош од противпожарните екипи од Гевгелија, Валандово и Радовиш Додека Ангелов информираше за билансот на пожари регистрирани во текот на денешниот ден во земјава, меѓу кои и пожарите во Мариовско, дел од ...

Како што соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести, пациентот од почеток на приемот бил во изразито тешка состојба и бил сместен на одделот за интензивно лекување, на респораторна поддршка, односно механичка вентилација Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека на Клиниката за инфективни болести заклучно со денешниот ден се хоспитализирани 21 пациент, од кои 18 се со потврдена инфекција на вирусот и невроинвазивна форма, ...

Социјалдемократите, повикувајќи се последните пресметки на Државниот завод за статистика, ја обвинија власта и премиерот Христијан Мицкоски дека додека тој секојдневно презентира, како што велат, весела математика за раст на платите од 72 отсто, а на пензиите од 325 отсто, просечната нето-плата е намалена за 1 163 денари Од владејачката партија, пак, како контрааргумент, го споредија износот на просечната плата во мај 2017 година, кога на ...

Според МВР, од вкупно 310 865 прекрошоци, колку што регистрирал системот „Безбеден град“ од февруари годинава до 20 август, 180 378 биле евидентирани кај возила со странски регистарски ознаки Од МВР посочуваат дека во периодот од 19 до 20 август се регистрирани 5 514 прекршоци од страна на возила со таблички различни од домашните Системот „Безбеден град“ (Safe city) од почетокот на неговото функционирање во февруари годинава, евидентирал ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54