Македонската кадетска џудо репрезентација викендов ќе настапи на Балканското првенство за кадети и кадетки, кое ќе се одржи во Бихаќ, Босна и Херцеговина. Предводени од селекторот Игор Паскоски, македонските млади репрезентативци подготвени и со огромна желба и мотивација ќе се борат за медали на меѓународното натпреварување. За Македонија на Балканијадата во БиХ ќе настапат: Хамида Друштинац (-44 кг) Анамарија Стојмиловска (-48 кг) Тамара ...

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори, кој беше четврти рекет на светот и финалист на Отвореното првенство на САД во 2014 година, нема да учествува на Грен слемот во Париз годинава. Претходно на турнирот АТП-250 во Женева, Нишикори не можеше да го заврши натпреварот од второто коло против 24-тиот светски тенисер, Русинот Карен Качанов, поради проблеми со долниот дел од грбот. Во првото коло од Ролан Гарос 2025, Нишикори требаше да игра против Шпанецот ...

Четири слаби и мали земјотреси во рок од еден час денеска попладне се регистрирани на Исланд. Исландскиот Завод за геофизика соопшти дека епицентарот на првиот земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала бил на 79 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик на длабочина од 12 километри. Неколку минути по првиот земјотрес, во 13 часот и 16 минути по локално време регистриран е уште еден со интензитет од 2,8 ...

Околу 160.000 домови во Кан и соседните општини од утрово немаат електрична енергија, откако синоќа изби пожар во електричната централа. Француската полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат. Се претпоставува дека пожарот во централата во општина Танерон е подметнат, но не постои поврзаност на инцидентот со одржувањето на Меѓународниот филмски фестивал што се одржува во Кан, изјави портпаролката на полицијата. Операторот на француската ...

Дваесет и шестгодишниот Британец Џеј Кларк е победник на годинашново издание на АТП Челинџер 75 тунриот Macedonian Open откако во финалето кое траеше 84 минути го победи квалификантот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 (6:2 и 6:3). За триумфот на тунирот тој освои 75 поени и 1920 евра, додека Фатиќ освои 44 поени и 7.620 евра. Кларк беше тенисерот кој го направи и првиот брејк во мечот откако во чегтвртиот гем го одзема сервисот на ...

СЕГА И ЖИТЕЛИТЕ НА СТРУГА ИМААТ СУПЕР МОЖНОСТ ЗА ВИСТИНСКО КОРИСНИЧНО И ШОПИНГ ИСКУСТВО СО ПРОИЗВОДИТЕ НА ДОРМЕО, ДЕЛИМАНО, РОВУС, ВЕЛНЕО И ТОП ШОП со уште една продавница на Топ шоп во нивниот град. Ова е втора продавница во Струга. Новиот ТОП ШОП продажен салон во Струга ќе го најдете во новоотворениот трговски центар Набизи ретаил парк. На 120 м2 светол и функционален простор ќе најдете над 3.000 производи за подобар сон, лесно одржување на ...

Поради атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром. - Утре во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видое Смилевски Бато“ до крстосница со ...

Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер на Народна Банка. Според информациите објавени на веб страницата на законодавниот дом , сеницата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред. За оваа позиција го предложи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Од нејзиниот кабинет по предлогот истакнаа дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и ...

Македонија е неопходно да го продолжи патот кон ЕУ. Со ваква порака објавена на социјалната платформа ИКС, шефицата на европската дипломатија Каја Калас, ја заокружи посетата на Скопје. Порача дека Македонија и припаѓа на европското семејство. Каја Калас висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ - Задоволство е да се биде во Скопје. Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана ...

Позади кредитот од 6 милијарди евра од Британија се крие антологиски грабеж, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Откако го потпишале договорот, веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага – изјави Филипче. Опозициската СДСМ останува на ставот дека економскиот дел од договорот за стратешко партнерство со Британија, кој се крие од очите на јавноста, ...

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека СДСМ ја задолжиле и опљачкале државата, а народот го осиромашиле. - Седум години СДС ја задолжуваше државата, а со парите наместо да се реализираат капитални проекти кои ќе ја повратат инвестицијата и ќе го подобрат животот на граѓаните, тие завршуваа во приватни џебови. Така, сега, имаме партиска елита на СДСМ на чело со Венко Филипче, кој му го чува местото и грбот на Зоран Заев, која вложува во ...

Оние што ја напуштија Алијанса на Албанците не мислеа на народот, туку беа заинтересирани само за власта – ова го изјави претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во Куманово. „По заминувањето на оние кои беа заинтересирани само за власт, Алијансата за Албанците ќе расте силно и ќе стане водечка политичка сила во иднина“, изјави Таравари. Оцени дека партијата сега била почиста, бидејќи според него, оние што ја напуштиле ...

Обвинителството е незадоволно од судот. Бара ефективен притвор за двајцата обвинети во аферата „Онкологија“. Тие се товарат за тешки кривични дела и обвинителството смета дека куќниот притвор за Нино Васев и Нехад Нухи не гарантира непречено водење на постапката. Судот прво одлучи поинаку, но ова е знак дека случајот ќе добие нова димензија. ОЈО: „Со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка. Имајќи предвид ...

24-ти мај – денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методија .. Макеоднија го чествува денот на основоположници на писменоста. Во Рим, во посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ државно – црковна делагција предводена од Претседателка Гордана Силјановска Давкова се поклони на гробот на Свети Кирил, на спомен-плочата на македонски јазик. Годинава за разлика од лани , на лентата од венецот го пишуваше и името на државата ...

Наполи го победи Каљари (2:0) синоќа во 34. коло и стана шампион на Италија. Тренерот на „наполитанците“, Антонио Конте, сега е еден од двајцата тренери кои го освоиле италијанското првенство со три различни клуба. Во сезоните 2011/12, 2012/13 и 2013/14, тој ја освои Серија А со Јувентус, а во сезоната 2020/21 со Интер. Претходно, само Фабио Капело успеа да го направи ова, водејќи ги Јувентус, Милан и Рома до победи во италијанското првенство. ...

Собранискиот претседател Африм Гаши го честита Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, нагласувајќи дека празникот „нè потсетува на големината на мисијата на сесловенските просветителски браќа, кои преку создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста, оставиле длабока трага во историјата на словенските народи. - Како Собрание, остануваме посветени на унапредувањето на образованието, културата и јазичната разноликост, како ...

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка „куќен притвор“ за двајцата поранешни директори обвинети во предметот „Онкологија”. Од Обвинителството бараат ефективен притвор. - Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната ...

САД го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Босна и Херцеговина (БиХ), истакнал американскиот заменик-државниот секретар Кристофер Ландау на средба со членовите на Претседателството на БиХ, одржана синоќа во Дејтон, Охајо. Ландау нагласил дека секоја форма на нарушување на безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина е неприфатлива за САД, кои остануваат цврсто посветени на доследно почитување на ...

Денес, Македонската православна црква и верниците го слават споменот на Кирил и Методиј, кои се заслужни за ширењето на писменоста меѓу словенските народи. Денес е и државен празник – Ден на сесловенската писменост и култура. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод празникот истакна дека вредностите што ги претставуваат Кирил и Методиј - како што се мудроста, вербата, знаењето и единството - треба да бидат водилка во ...

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која истакнува дека тие не се само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку и темел на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. – Нивното дело е вкоренето во националната и културната историја на нашата држава. Нивната мисија не била само образовна, туку била и визија за ...

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека нивната благородна мисија и ден денес обединува, вели во честитката премиерот Мицкоски. -Нашата заложба е преку образованието кое е темелот за опстанокот и развој на една држава да создаваме идни генерации кои ќе продолжат да ги негуваат вредностите на Македонија. ...

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто Филипче е е изземен од случајот Онкологија? Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто поранешниот министер за здравство и актуелен претседател на опозициската партија, Венко Филипче е изземен од случајот Онкологија. Партијата оценува дека Венко Филипче бил убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија, а ...

Европската Унија одлучи да обезбеди стотици милиони евра за зајакнување на универзитетската слобода и привлекување професори и научници од целиот свет, особено од САД, каде што започна „одливот на мозоци“ поради потиснувањето на слободата на образованието и науката од страна на владата во Вашингтон, објавија францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на кoнференција во Париз со ...

Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн ,,Лазар Личеноски“ - Скопје в понеделник свечено ќе ја открие статуата на акад. проф. Јордан Грабул, дело на професорката Елена Дуковска. Статуата во дворот е поставена веднаш до статуите на Никола Мартиноски, Димо Тодоровски и Лазар Личеноски. Средното уметничко училиште на овој начин го одржува сеќавањето и почитта на делото на овие големи уметници и професори. Средното уметничко училиште ...

Европската унија работи со „добра волја“ за да обезбеди трговски договор со САД базиран на „почитување“, а не на „закани“, изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчович, по коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе вовде царини од 50 отсто за ЕУ. Трамп изјави дека не „бара трговски договор“ со Европската Унија, заканувајќи се дека ќе воведе царини од 50% за увоз од 27-те земји-членки од 1 јуни. - ЕУ е целосно ...

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“. Маршот ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани. Семејствата на настраданите бараат неселективна правда и ги повикуваат ...

На 25.05.2025 (недела) со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги ...

Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени пред јавен обвинител, тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, ...

Наполи синоќа го победи Каљари (2:0) и стана шампион на Италија за сезоната 2024/25. Така, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Квича Кварацхелија е победник на Серија А и француската Лига 1 во една сезона. Дваесет и четиригодишниот Грузиец ја започна сезоната во Наполи, а во зима се пресели во ПСЖ, со кого го освои француското првенство. Оваа сезона во Серија А, Кварацхелија одигра 17 натпревари, постигна пет гола и имаше три асистенции. Кварацхелија ...

Обвинителството на Сараевскиот кантон отвори случај по службена должност по медиумските извештаи за епидемија на лептоспироза во Сараевскиот кантон. Кантонскиот институт за јавно здравје беше известен за 17 лабораториски потврдени случаи на лептоспироза во периодот од 14 до 21 мај, објави Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС). Моментално, двајца пациенти со треска, респираторни и гастроинтестинални тегоби се хоспитализирани на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
44%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
48%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
5.66
47%
1024
weather icon

Софија

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1020
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.45
25%
1017
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.51
62%
1024
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
11.62
32%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
35%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
31%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
6.69
51%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.03
48%
1024
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
48%
1016
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326