
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Распоредот на натпреварите од Премиер лигата за сезоната 2025/26 ќе биде објавен на 18 јуни. Првото коло од новата сезона е закажано да се одржи на 16/17 август, 83 дена по завршувањето на сезоната 2024/25. Сезоната 2025/26 ќе трае до 24 мај 2026 година и ќе се состои од 33 викенд кола и пет кола во средината на неделата. Во исто време, раководството на Премиер лигата одби да им обезбеди дополнителни денови за одмор на Челзи и Манчестер сити, ...
Уште 303 заробени руски војници денеска се разменети за 303 припадници на украинската армија, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Во согласност со Договорот од Истанбул, од 23 мај до денеска руската и украинската страна извршија размена по формулата 1.000 за 1.000, се посочува во соопштението од руското МО. Првата фаза од размената на воените заробеници беше во петокот, кога беа разменети по 390 заробеници, а вчера Русија и Украина ...
ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува Јавното обвинителство да ја испита улогата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за случајот Онкологија, и да не го иззема од случаите настанати во негов министерски мандат. Од владејачката партија велат дека после пресудата за модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време се случија двата немили настани, се ...
На вонредното собрание на Алијансата на Албанците од крилото на Арбен Таравари, беше разрешен шефот на партиското собрание, Арбен Фетаи. Одлуките за расчистување со нелојалните кадри доаѓаат неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата Вреди. За нов претседател на собранието на Алијансата е избран Назим Таипи. -Исклучивме и некои членови на ...
Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е политиката на проширување да се спроведе, вели во интервјуто за Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според Давкова, министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, разговорите за решавањето на овој спор, би сакала да се случат во Виена. На прашањето дали сме поблиску или ...
Од опозициската СДСМ пак сметаат дека Владата вовела данок на иднината и дека под хипотека се неколку идни генерации. - Пресметките на СДСМ покажуваат дека со вакво задолжување сериозно ќе се оптовари јавниот долг и ќе се стави товар на грбот на неколку идни генерации. Оваа Влада воведува данок на иднината, а под хипотека се ставаат неколку идни генерации, рече вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче, повикувајќи на итна и целосна транспaрeнтност. ...
Наша амбиција е да сме различни од претходните влади и да реализираме проекти, пред се инфраструктурни. Спремни сме и многу мотивирани. Всушност и брзината со која што дојдовме до овие два договори - влада со влада и стратешко партрнерство, е најдобра потврда за ова што го зборуваме. Она на што сум особено горд е дека ова е прв договор од ваков тип кој што Велика Британија го потпишува со кого било во регионот што покажува дека Македонија ја ...
Реагираа од СДСМ од каде велат дека ДПМНЕ, освен манипулации и местенки, ништо друго не направи откако е на власт. - Од утро до вечер се занимаваат со измислени афери за Филипче, бидејќи немаат ништо друго да понудат. Ниеден лажен напад на Филипче и секојдневни прес-конференции нема да ја поправат штетата што секојдневно ѝ ја прават на државата и на граѓаните. Уништија сè што беше макотрпно градено – ја уништија економијата, перспективите, ...
Штутгарт синоќа во Берлин ја победи Арминија во финалето на Купот на Германија со 4:2. Енцо Милот постигна два гола за Штутгарт, по еднаш во листата а стрелците се запишаа Дениз Ундав и Ник Волтемаде. Третолигашкиот клуб од Билефелд постигна гол преку Јулијан Канија и автогол на Џош Вагноман. Штутгарт го освои Купот на Германија по четврти пат во историјата. По триумфот во националниот куп, „Швабите“ изборија пласман за Лигата на Европа во ...
Најмалку 60 лица беа убиени во израелските напади низ Газа во период од 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Газа вчера, додека Израел продолжи со својата воена офанзива и дозволи минимална помош да стигне до појасот, пренесува АП. Меѓу загинатите има 10 лица во јужниот град кан Јунис. Израел се соочува со зголемени меѓународни критики за својата офанзива и притисок да дозволи помош во Газа во услови на хуманитарна криза. Газа е под ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија сака да ја држи Украина надвор од Европската Унија бидејќи, како што рече, членството на Украина во ЕУ би значело дека земјата ќе ги апсорбира сите унгарски пари. Во интервју за јавното радио Орбан рече дека западните лидери одлучиле да постигнат договор со Украина за одржување армија од речиси еден милион војници, чии трошоци ќе ги покријат европските земји, објави МТИ. Унгарскиот премиер ...
Русија ќе биде подготвена да ѝ предаде на Украина нацрт-документ во кој се наведени условите за долгорочен мировен договор откако ќе заврши тековната размена на затвореници, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи, Лавров рече дека Русија е посветена на наоѓање мирно решение за војната што трае повеќе од три години. Тој, исто така, ја обвини Украина ...
Володмир Зеленски, претседателот на Украина уште еднаш ги повика САД и другите земји да извршат силен притисок врз Русија, со цел да сопре конфликтот во Украина. Тој рече дека Русија извршила повеќе напади врз Украина, при што биле повредени многу лица, а за жал има и смртни случаи, меѓу кои и деца. - Денес, припадниците на службите за итни случаи работеа во повеќе од 30 украински градови и села по масовниот руски напад. каде што е потребно, ...
Стјуардите го казнија возачот на Ферари, Луис Хамилтон, по денешните квалификации за Големата награда на Монако. Седумкратниот шампион во Формула 1 ќе изгуби три места на стартот поради блокирањето на ривалот од Ред Бул, Макс Верстапен. Судиите забележаа дека Ферари погрешно информирал Луис кажувајќи му дека Макс забавува, што не беше случај. Британецот ја заврши сесијата како четврти. Верстапен, Исак Акар од Рејсинг Булс и Фернандо Алонсо од ...
Ракометарите на Алкалоид вечер во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го играат најважниот натпревар во својата четиригодишна историја. Тие се домаќини на грчки АЕК во реваншот на ЕХФ Европскиот куп. Алкалоид од Атина донесе четири голови предност (29:25) кои се надеваме ќе бидат доволни за освојување на трофејот. Предводникот на Алкалоид, тренерот Кирил Лазаров, побара од неговите избраници да бидат смирени и да не подлегнат на психолошкиот ...
Само 2,85 отсто од компаниите во Белгија ангажираат работници според системот на четиридневна работна недела, покажуваат резултатите од истражувањето на белгиската агенција „Асерта Консалт“. Станува збор за режим во рамки на Пилот-студија на белгиското Федералното биро за планирање, при кој вработените работат само четири дена во неделата, но со подолго работно време од осумчасовното и при што ја добиваат целата своја плата како да работеле пет ...
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, е подготвен да стане играч на Наполи, тврди инсајдерот Џанлука Ди Марцио. Според изворот, 33-годишниот Белгиец е целосно отворен за трансфер во италијанскиот клуб. Претходно беше објавено дека „Неаполитанците“ му понудиле на фудбалерот тригодишен договор. На 20 мај, „Граѓаните“ го победија Борнмут на домашен терен (3:1) во рамките на 37-то коло од Премиер лигата. Триесет и ...
Вредноста на американскиот долар забележа пад откако агенција Мудис (Moody’s) го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа11 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните намалувања на даноците. Доларот минатата недела забележа пад од 1,9 отсто во однос на шесте најважни светски валути. Вредноста на еврото во однос на доларот забележа раст од 1,7 проценти односно едно евро се менува за 1,1360 ...
Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“. -На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да ...
Во Центарот за словенски култури во Москва во рамките на прославата на 24 Мај - Денот на словенското писмо се одржа литературна средба посветена на проектот “Сто словенски романи” во кој се застапени и дела на македонски книжевници. Присутните на литературната средба учесници на проектот зборуваа за чувственоста, за словенската душа што е клучна тема на словенските романи. Македонските автори на настанот ги претстави Олга Панкина, промотор на ...
Во руските напад врз повеќе украински региони вкупно загинаа 13 луѓе, а десетици се повредени, соопштија украинските власти. - Помеѓу жртвите од бомбардирањето се и три деца, кои загинаа во украинскиот регион Житомир, соопшти украинската спасувачка служба на Телеграм. Најмалку три лица загинаа, а десет се повредени во синоќешниот руски напад врз Киев. Главниот град на Украина втора ноќ по ред е цел на напади, соопшти воената управа на главниот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 ...
Во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт, САД, денеска напладне ќе одржат едночасовен концерт во Паркот на Франкофонија во Скопје. Од канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата соопштија дека како дел од армиската соработка на двете сојузнички армии, пред почетокот на поголемите вежбовни активности воените оркестри традиционално одржуваат заеднички ...
Филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Џафар Панахи ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал, Златната палма, во неделата. Панахи, кој неколку пати беше апсен во Иран поради неговото снимање филмови, последен пат лично присуствуваше на фестивалот во 2003 година, кога неговиот филм „Скарлетно злато“ беше прикажан во категоријата „Извесен поглед“. „Тоа беше само несреќа“ го следи Егбал, кој една вечер на патот удира и ...
Скопската група Д.Н.О вечерва со почеток во 20:30 часот ќе го одржи својот прв акустичен концерт, на 25 Мај - Денот на младите, во кино Фросина – Младински културен центар (МКЦ). Овој концерт претставува редок и интимен музички настан, во кој бендот ќе се претстави во поинакво светло – со акустични аранжмани и поблиска комуникација со публиката. Настанот е замислен како специјална вечер со емоции, приказни и нова димензија на познатите ...
Времето во текот на денов се очекува да биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови - над 25 литри на квадратен метар. Синоптичарите најавуваат умерен до засилен северен ветер - над 70 километри на час, особено долж Повардарието. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 8 до 14, а максималната да достигне од 12 до 19 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, ...
Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај на неколку локации поради одржување ракометен напревар, хуманитарна трка и атлетска трка. Поради атлетска улична трка денеска 07:30 часот до 10:30 часот во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром. - Атлетската улична трка е со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во ...
Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Полјакот Хуберт Хуркач во денешното финале на турнирот во Женева со 2:1, по сетови 5:7, 7:6 (7:2) и 7:6 (7:2). Мечот траеше 3 часа и 8 минути. Ѓоковиќ ја освои својата 100-та АТП титула во кариерата. Вкупно, тој има 143 финалиња. Триесет и осумгодишниот Србин стана третиот тенисер во Отворената ера со 100 победи во финалињата на АТП турнирите. Тој има 24 Грен слем титули, седум титули на АТП финалињата, 40 титули ...
Фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад формираа човечки коридор за да го испратат играчот од средниот ред на „Кралскиот клуб“, Лука Модриќ. Во 38. коло од Ла Лига, Хрватот го одигра својот последен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. На 22 мај, Реал Мадрид објави дека играчот од средниот ред заминува на крајот од сезоната 2024/25. Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, исто така дојде да се збогува со Модриќ. ...
Во првиот квартал од годинава забележан е пад на населението во Албанија за 883 лица, бидејќи забележани се повеќе смртни случаи отколку родени, соопшти албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според податоците на ИНСТАТ, бројот на новородени бележи значително намалување од 14,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во регионот на Тирана и натаму има најголем број новороденчиња или 1.750 регистрирани во првиот квартал. Од друга ...