Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за ограничување на престојот на превозниците на товар од земјите од регионот во земјите од Шенген, објавија подгорички Вијести. Тој медиум наведува и дека поради ова, можни се нови протести од страна на превозниците и блокади на граничните премини и пристаништата. Превозниците предложија професионалните возачи да добијат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата во Белата куќа, одржана на 11 февруари, се договорија да работата на намалување на извозот на иранска нафта за Кина, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори. Се согласивме да извршиме максимален притисок врз Иран со полна сила, на пример, врз продажбата на иранска нафта во Кина, објави вчера „Аксиос“, цитирајќи висок американски ...

Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението. Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош. Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на ...

Во натпревар на поранешните македонски фудбалски шампиони, Вардар попладнево како гостин го победи Работнички со убедливи 3:0. Ова беше 15 победа сезонава за „црвено-црните“ во 18 натпревари од Првата македонска фудбалска лига. На вториот денешен натпревар од 18. коло, Струга на свој терен загуби од Силекс со 2:3. Стружани водеа во два наврата, но на крајот останаа со празни раце. Табела: Вардар 48 бода (18 натпревари), Шкендија 42 (18), ...

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) денеска објави дека поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко, кој поднесе оставка лани по откривањето на голем корупциски скандал, е приведен на границата додека се обидувал да ја напушти земјата. „Денеска, истражните тела на НАБУ го приведоа поранешниот министер за енергетика како дел од операцијата Мидас додека се обидувал да ја премине границата“, се вели во ...

Нов извештај од Федералните резерви на Њујорк го покажува она за што економистите долго време предупредуваат, товарот на царините речиси целосно го носат граѓаните и компаниите на земјата што ги наметнува. Со други зборови, земјата што наметнува царини, во овој случај САД, всушност ги оданочува сопствените потрошувачи и економија, јави Си-Ен-Ен. Според податоците од таа институција, во текот на 2025 година, американските компании и ...

СДСМ наскоро ќе ги номинираат имињата за членови на анкетната за Кочани но и за модуларната болница во Тетово , Ласкарци и Беса Транс . Иако Филипче и деновиве најавуваше дека тоа ќе го сторат сепак денска од партиското седиште велат дека нивниот лидер и координаторот на нивната пратеничка група Оливер Спасовски веќе разговарале за имињата кои деновиве ќе ги достават откако ВМРО ДПМНЕ вчера ја актуелизираше повторно темата за модуларната ...

Во изминатите девет часа, до 16 часот денеска најмногу дожд наврнал во Гевгелија – 23 литри на метар квадратен, потоа Штип - 16, Попова Шапка – 14 и Берово – 12 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи - Скопје. По 10 л/м2 наврнале во Крива Паланка и Виница, 8 во Ѓуриште, 6 во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица и Пожаране, 3 во Битола, по 2 во Охрид, Велес, Кавадарци и Демир ...

Лакомоста на газдите и функционерите се главна причина за непокачување на платите, а не ниската продуктивност на работниците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Распределбата на создадената вредност е „непропорционална и неправедна“, при што најголемиот дел завршува во профит, инвестиции, амортизација и други трошоци, а не кај работниците, оценуваат од синдикатите. Иван Пешевски – ССМ: „Македонија има просек над светскиот и постои ...

Наместо инвестиции – нови критериуми за субвенции, наместо да се вложува во домашното производство, земјава се турка во увозна зависност. Бројот на домашни производители во државата продолжува да се намалува, а сè поголем е бројот на производители, претежно помлади земјоделци, кои ставија клуч на своите фарми. Велат, зголемените трошоци за производство и намалените цени на дел од земјоделските производи си го направија своето. И покрај тоа ...

Обилните врнежи од дожд во текот на ноќта и претпладнево предизвикаа воден хаос во Западна Македонија. Најкритично беше во Кичево – градот се најде под вода затоа што Зајашка Река се прелеа од своето корито и ја проголта улицата „Прилепска“, потопувајќи домови и доведувајќи ја во опасност болницата. Сопствениците на куќите гледаа како водата се качува до прозорите, а стравувајќи за сопствените животи. Во паника, надлежните успеаја да ...

Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, откако не им успеал планот на Зоран Заев и Венко Филипче да ја легализираат марихуаната, почнале да издаваат лиценци за медицински канабис на лица блиски до партијата. Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на ...

Врнежите од дожд повторно предизвикаа поплави во делови од државата. Во текот на ноќта, поради излевање на Зајашка Река во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи, евакуирани се околу 180 лица. Во Скопје, пријави за поплавени делови има во селата Идризово, Буковиќ, Зелениково како и во населбата Радишани. Пријави за поплави има и во Гостивар а свлечиште е регистрирано на патниот правец Тетово – село Џермо. Врнежите од дожд повторно ...

Македонската скијачка Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на зимските олимписки игри. Атанасовска на патеката на денешната трка мина само триесетина секунди и не успеа да се избори за втората трка. Во првото мерење имаше заостанување од 1,45 секунди зад водечката натпреварувачка, на втората контролна станица негативата се искалчи на изнесуваше 2,97 секунди по што Атанасовска се откажа. Следниот настап на ...

Третиот и последен натпреварувачки ден на финалниот турнир од кошаркарскиот куп „Благоја Герогиевски-Буштур“ во Куманово, е резервиран за големото финале. Во него ќе се соочат домаќинот на турнирот МКК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром. Тимот од Аеродром сака продолжение на доминацијата која реално и ја имаат во последната деценија, дури и повеќе одд тоа. Имаат три последувателни триумфи во финалните натпревари од Купот, кој од пред пет години ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран претпладне во 10:30 часот, откако екипи на ЈП „Македонијапат“ го отстраниле одронот кај село Колари што го блокираше патот од 5.40 часот изутрината. На патниот правец село Лисец - Попова Шапка, каде во 05:45 часот изутрината поради врнежи од снег беше воведена забрана за ...

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има пообилни врнежи од ...

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, Роналдињо, му се обрати на алпскиот скијач Лукас Пињеиро Братен, кој освои злато во велеслалом на Олимписките игри во Милано во 2026 година. Дваесет и петгодишниот скијач кој се натпреваруваше за Норвешка до 2023 година, му го донесе на Бразил првиот медал на Зимските олимписки игри во историјата. -Честитки за златниот медал, Лукас! Ти си извор на гордост за сите нас!“, напиша фудбалерот на ...

Реал Мадрид заработи најмногу пенали во најдобрите пет фудбалски лиги во Европа во сезоната 2025/26. „Кралскиот клуб“ доби 13 пенали во 24 натпревари од шпанската Ла Лига. Баерн (Германија) заработи девет, додека Мајнц (Германија, Брентфорд (Англија) и Брест (Франција) заработија по осум. Во победата од 4:1 над Реал Сосиедад синоќа во 24. коло од Ла Лига, Реал Мадрид реализираше два пенала, двата ги претвори во гол Винисиус Жуниор. Клубот од ...

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона додека се заздравува од скинатата Ахилова тетива, го освои натпреварот за тројки на НБА Ол-стар викендот во Инглвуд. Лилард ја освои наградата по трет пат во последните четири години, придружувајќи им се на Лари Берд и Крег Хоџис како трикратни победници. Во последниот круг, бекот на Блејзерс постигна 29 поени, надминувајќи ги Девин Букер од Феникс (27) и ...

На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир. Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан. - Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на ...

Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави дека не мисли дека земјите-членки се подготвени да ѝ дадат на Украина конкретен датум за членство. „Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум“, изјави Калас на панел-дискусија на Минхенската безбедносна конференција. „Има многу работа што треба да се направи, а потоа (приоритетот) и итна потреба е да се преземе акција и да ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им ...

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година, ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски, кои ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот. Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и да се објасни ...

„Одговорно тврдам дека непродуктивноста се користи како флоскула за незголемување на минималната плата – дека работодавачите не знаат, ама мора да научат што значи продуктивност“, вели во интервју за Радио Слободна Европа, Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи. Посочува дека се единствените од бизнис секторот кои не ја проблематизираат продуктивноста на македонските работници... „Одговорно тврдам дека непродуктивноста се користи ...

Поминаа 15 дена и се уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара, прашуваат од СДСМ. Според опозициската партија, соочени со фактот за сопствената одговорност, ВМРО ДПМНЕ почнале медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена. „Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште ...

Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според владеjачката партија, откако не им успеал планот на Зоран Заев и Венко Филипче да ја легализираат марихуаната, почнале да издаваат лиценци за медицински канабис на лица блиски до партијата. „За кратко време Струмичкиот регион стана жариште на производство на марихуана, значи ...

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава ги пренесува во домашното законодавство потребните европски регулативи со што ќе може да се приклучи кон иницијативата „Роаминг како дома“ на Европската Унија. Со тоа ќе им се овозможи на граѓаните и бизнисите да користат мобилни услуги во земјите на ЕУ без дополнителни роаминг трошоци, како да се дома. ...

Поради врнежи од снег од 07:45 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Претходно АМСМ информираше дека во 5.45 часот изутрина воведена е забрана за камиони и автобуси на патот село Лисец-Попова Шапка. По целосниот прекин на патот Кичево - Гостивар предизвикан од одрон во 5.40 часот изутрината, екипа од Македонија пат ја исчисти ...

Домаќинот на турнирот, Куманово ќе му биде противник на МЗТ Скопје Аеродром во финалето на купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Ова е епилогот по вечерашниот втор полуфинален натпревар, во кој Куманово го победи ТФТ со 87:79. Кумановци во неизвесен натпревар и со голема поддршка од своите навивачи ја исполнија целта. Најефикасни во победничкиот тим беа Николиќ со 31 поен (7/9 за три поени), пет асистенции и пет скока, Луковиќ со 17 поени (и ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
68%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
63%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
79%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.02
81%
1010
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97