Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Осум скијачи загинаа во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, а еден е исчезнат, соопштија синоќа властите во државата, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите пронајдоа шест преживеани по снежната бура што донесе неколку метри нов снег на Сиера во последните денови. Лавината се случи вчера, во 11:30 часот по локално време, во близина на Касл Пик, во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од ...
Членките на Советот за безбедност на ОН повикаа на траен прекин на огнот во Газа и остро ги критикуваа обидите на Израел да ја прошири својата контрола врз Западниот Брег, изјавувајќи дека тие ги загрозуваат перспективите за решение на конфликтот со две држави. Американските медиуми пренесуваат дека седницата на СБ на ОН се одржа пред првиот состанок на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп на кој ќе се дискутира за ...
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам од денеска до 1 март ќе биде отворена изложбата на словачкиот уметник Лацо Каменицки насловена „СТУДИИ ВО АПСТРАКЦИЈА“. Ова е негова осма самостојна изложба која обединува дела од повеќе различни уметнички циклуси. Изложбата ја организира Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ - Скопје во соработка со Националната галерија на Македонија, Амбасадата на Словачка во ...
Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Најавено е поздравно обраќање на директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска. Пригодно обраќање на тема за значењето на мајчиниот јазик ќе има проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик. На свеченоста ќе настапи ...
Во Драмски театар денеска ќе се одржи комеморација за актерката Ленче Делова. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите, како што наведува Драмски, достоинствено, со збор, сеќавење, фотографија и снимка, ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова. Во 1970 година, Делова се вработила во Драмски театар - Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното ...
Утрото ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта и во петок под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ...
Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 29 дена и завршува на 20 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и ...
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска организира промотивен настан по повод официјалната презентација и ставање во употреба на новоиспорачаната специјална опрема за депонијата Русино, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад. Како што информира, станува збор за инвестиција вредна 1.114.200 евра, финансирана преку заем од Европската банка за обнова и развој. На настанот се очекуваат обраќања на ...
Собранието денеска треба да ја продолжи 85. седница, а на дневен ред се Предлог законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, предложен од пратеници од власта и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, предложен од опозицијата. И двата закона треба да се носат по скратена постапка. Со измените на Законот за за постапување со бесправно изградени објекти, доставени од ...
Ф.Н. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 7.070.623 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „Флеминг Хот", на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Моцарт", на 15.02.2026 година, во Скопје. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија од срце му честита на добитникот Ф.Н. и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти. Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 година, Видеолотарија ...
ЈСП има 341 автобус, дневно исправни се 185, а во работа се пуштаат само 157 автобуси, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Истовремено, за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно. ЈСП има 341 автобус, дневно исправни се 185, а во ...
Фудбалерите на Шкендија ја испишуваат клупската историја и се првиот македонски фудбалски клуб со европска пролет. Македонскиот првак утревечер од 21 часот го игра првиот натпревар од 1/16 финале од УЕФА конференциската лига. Противник им е турската екипа Самсунспор. За нас мал проблем е тоа што противникот има нов тренер, значи промена на стилот на игра. Но, ние треба да уживаме дека во февруари играме европски натпревари. Ќе се бориме за ...
Најдобрата скијачка на денешницата Микаела Шифрин од САД ја потврди својата доминација пред сè во дисциплината слалом освојувајќи го првото место и златниот медал. Таа во двете слаломски трки постигна време – 1:39.10 минута и ова за неа беше трето злато на Олимписките игри. Второто место и припадна на светската шампионка Швајцарката Камиле Раст, која имаше заостанување од 1,5 секунда зад победничката. Бронзениот медал го освои Ана Свен Ларсон ...
Французинките во биатлон го освоија првото место откако штафетата 4 × 6 км имааше најдобар резултат. Францускиот состав (Камиле Бене, Лу Жанмоне, Мишело Осеан и Јулија Симон) постигна време од 1:10.22.7 час. Златниот медал го обезбедија последните две измени во штафетата Осеан и Симон, кои имаа најдобри резултати. Репрезентацијата на Шведска го освои сребрениот медал со 51.3 секунда заостанување зад победничките, додека бронзата и припадна на ...
Репрезентативката на Кина Ксу Менгтао (35 години) го одбрани златниот медал во дисциплината слободно скијање ериелс. Таа за својот скок доби вкупно 112.90 поени што беше доволно за нов златен медал откако пред четири години беше олимписка шампионка и на Игрите во Пекинг. Нејзината врсничка Даниеле Скот од Австралија го освои сребрениот медал со освоени 102.17 поени, а бронзата и припадна на Шао Ки од Кина, која имаше 101.90 поени. За Кина ова ...
Данскиот крал Фредерик Десетти денеска пристигна во тридневна посета на Гренланд, јави данскиот весник „Политикен“ (Politiken). Тој слета на аеродромот во Нук, главниот град на Гренланд, каде што беше пречекан од гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен и претседателот на гренландскиот парламент Ким Килсен. Кралот Фредерик ќе престојува на Гренланд до петок. Денеска ќе престојува во Нук, каде што ќе посети средно училиште, најголемата ...
„Времето е зрело“ за прва жена претседател на Германија, изјави водечка политичарка на Зелените денеска. Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер треба да се повлече од претежно церемонијалната функција во март 2027 година по два петгодишни мандати и не може да биде реизбран. Партиите од целиот политички спектар побараа жена да ја пополни оваа позиција за прв пат, при што сите 12 претседатели што служеле од 1949 година биле мажи. Парламентарната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е многу поблиску до донесување на одлуката за започнување голема војна на Блискиот Исток, со операција во Иран, а таа би можела да започне многу брзо, објави денеска американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на извор од американската администрација. „Шефот почнува да губи трпение. Некои луѓе околу него го советуваат да не војува со Иран, но мислам дека веројатноста за воена акција во следните неколку ...
Четворицата поранешни лидери на ОВК, на кои им се суди за воени злосторства во Специјализираните совети во судот во Хаг, во своите завршни зборови денеска се изјаснија за невини, тврдејќи дека обвинувањата на обвинителството против нив се неосновани. Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи имаа по 20 минути за своите завршни зборови, со што заврши презентирањето на завршните зборови во оваа постапка. Обвинетиот Тачи во својата ...
Коридорот 8 не е само пруга и автопат – тој е клучен за проширувањето на ЕУ и стратешка цел на Италија за обединување на Балканот. Ова го порача шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани од Тирана, за време на министерскиот состанок за Коридорот 8. На иста маса – министрите од Албанија, Македонија, Италија, заменик министерот за надворешни работи на Бугарија и амбасадорот на Романија во Тирана – заокружија заедничка цел: поврзан ...
Синдикатите во клинч за тоа кој кого застапува и кој тоа е на страната на работниците или на страната на власта. Двата репрезентативни синдикати во рамки на ЕСС, ССМ и КСС во фокусот на јавноста, овој пат кој тоа ги собира плодовите на Владата а кој тоа се бори за повисока минимална плата. На 3 феврари годинава, Владата го назначила претседателот на КСС, Благоја Ралповски за член на Управниот одбор во Фондот на пензиското и инвалидското ...
Мораме да ги одвикнеме трговците од неоправдано покачување на цените, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, коментирајќи ги најновите податоци на статистика, според кои цените на храната годинава се повисоки за 5,2 проценти во однос на лани. Според неа, дојден е моментот платите да се стабилизираат за да се стабилизираат и цените. Таа ја обвини претходната влада дека со зголемувањето на платите го навикнала приватниот ...
Паднати дрвја, оштетени автомобили, откорнати покриви, урнати бандери и затворени патишта – силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа значителни материјални штети низ државата. Најсериозна е состојбата во гостиварскиот регион, каде поради излевање на реката Вардар е воведена забрана за секаков вид сообраќај на патниот правец меѓу селата Тумчевиште и Чегране.... Невремето не го поштеди ниту јужниот дел од земјата. Во Гевгелија е откорнат ...
Под падините на Плачковица, жителите од виничкото село Блатец со деноноќна народна стража и понатаму ја чуваат Блатешка река од изградба на нова мини хидроцентрала. Откако вчерашните разговори помеѓу претставници на мештаните и Министерството за енергетика не резултирале со конкретни решенија, сега се очекува нова средба. Но, и покрај преговорите, локалните жители не отстапуваат од нивното барање за целосно поништување на концесијата доделена ...
Откако кандидатот за државен јавен обвинител Владмир Панчевски беше исклучен од понатамошната постапка од страна на Советот на јавни обвинители, денеска се огласи на социјалните мрежи и по пат на допрен глас најави кривична пријава за десетте члена на Советот кои даваа мислење за пријавените кандидати. Тв 24 побара изјава од Панчевски, но тој посочи дека стои зад она што го напишал на социјалните мрежи. Во објавата тој ги повикува Владата и ...
Остри тонови и реакции на седницата за опозициски прашања каде опозициските пратеници обвинија за неажурност на премиерот и министерите прашувајќи ги зошто бегаат од прашањата на народните избраници . Во фокусот минималната плата, евроинтеграциите но не изостанаа ниту обвинувањата по етнички клуч откако координаторката на ДУИ Рина Ајдари поставувајќи пратенички прашања го обвини вицепремиерот Беким Сали дека ВРЕДИ се само декор на како што ...
Владата ќе се повлече од набавката на нов авион, а во меѓувреме ќе се молиме да останеме живи. Премиерот Мицковски со одговор по серијата критики од опозицијата - дека власта планира да се луксузира со набавка на ново летало. Мицковски вели дека лидерот на СДСМ Филипче не стоел на зборот кој на последните средби со него јасно кажал - дека набавката на нов авикон не требало да биде тема оти истиот ќе се користел и за хуманитарни цели. ...
48 часовен притвор добија две лица осомничени за шверцот на петте тони марихуана во Србија. По скоро дваесеттина дена од избивањето на скандалот и по дозираните информации од македонските истражни органи, од основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска известија дека краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и преземање на соодветни дејствија. ОЈО ГОКК: Барањето за определување на ...
Собранието ги констатираше оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска. Бислимовски оставката до Собранието ја достави на 12 февруари годинава барајќи да се утврди престанок на функцијата, без да образложи зошто го бара тоа. Ристовска пак поднесе оставка од функцијата член на ДКСК откако Комисијата отвори два предмети за ...
Додека Собранието ја прифати оставката на поранешната антикорупционерка и ревизорка Цвета Ристовска поради скандалите поврзани со неа, нејзината колешка исто така од Антикорупциска и од Ревизија седна во обвинителна клупа. Татјана Димитровска е обвинета дека додека била на чело Антикорупциска оддала тајна на обвинет во Адитив, но и дека со помош на нејзин колега од Ревизија го положила тестот за сертификат за тајност. Нејзината одбрана смета ...