Во напад врз туристи во индискиот регион Џаму и Кашмир загинаа 25 лица, а 17 се ранети, соопшти денеска полицијата. Станува збор за најлошиот напад врз цивили во Индија од 2008 година, наведуваат агенциите. Во нападот загинаае 25 Индијци и еден непалски државјанин. Индискиот премиер Нарендра Моди ја прекина посетата на Саудиска Арабија и денеска се врати во Њу Делхи. Одговорноста за нападот, во област со мнозинско муслиманско население, ја ...

Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем, објави News 24 Live. Неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии. ...

Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, денеска учествуваше на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје. Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови форми на соработка меѓу институции, бизнисите и експерти од двете земји. Во фокусот беа теми како што ...

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема европско општество ако обвинителот избира по кого ќе отвори предмет, а по кого ќе премолчи, ако судот носи пресуди по избор на политички центри, а не по Уставот и законите и ако граѓанинот ја губи довербата дека ќе добие правда. Мицкоски рече дека одговорност на политичарите е да создадат услови за ...

Првообвинетот во предметот заа убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо потенцираше дека притисок се правел врз Велибор Манев како и врз Ерол Османи кај кого бил да поправа котли во периодот на убиството на Панче Жежовски. Тој уште тврди дека не постојат информации од базните станици за критичните денови. Според Телеком јас никогаш не сум бил во Бутел ниту на 22 ниту 28 ноември, што е речиси невозможно котлите на Ерол да бидат ...

Лос Анџелес Лејкерс изедначија на 1:1 во серијата против Минесота, додека Оклахома и Индијана победија на вторите мечеви против Мемфис и Милвоки. Тоа е епилогот од натпреварите одиграни во НБА плеј-офот ноќта меѓу вторник и среда. Предводени од Лука Дончиќ, Лејкерси одиграа одлична прва четвртина. Овој дел од натпреварот го решија во своја полза 34:15. Потоа без проблем ја одржауваа предноста и на крајот победија со 94:85. Дончиќ ги ...

Општина Илинден постојано работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел задоволување на потребите на сите граѓани. Деновиве е започната реконструкција на спортско игралиште во населеното место Кадино, поточно во дворот на основното училиште „Ристо Крле“. Со оваа реконструкција е предвидено поставување на нова заштитна ограда, осветлување со нови столбови и рефлектори, како и изработка на подна бетонска плоча. На ова ...

По силната реакција на граѓаните и поддршката од медиумите, конечно започна реконструкцијата на оштетената улица во населбата Волково, која подолго време претставуваше сериозен проблем за жителите и нивната безбедност. Изразуваме благодарност до сите институции, поединци и медиуми кои се заложија за решавање на проблемот и покажаа дека кога заеднички се делува, може да се постигнат резултати. Сепак, очекуваме целосна реконструкција и ...

На 22.04.2025 во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.Ш.(45) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” од која настанале смртни последици, казниво по член 131 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев” во Охрид, За време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано и се јавувал на телефон, и праќал пораки, се движел околу ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја претставува нашата земја на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), коишто се одржуваат во Вашингтон, САД. Во состав на делегацијата учествуваат и вицегувернерите Фадил Бајрами и Ана Митреска. Гувернерката и вицегувернерите веќе ...

Првата снимка доаѓа од капелата во Домот Света Марта, каде кардиналите се собрани во молитва. „Го придружуваме Франциско на ова последно патување“, се вели во преносот, „со сите добри дела што ги направи за доброто на Црквата“. По префрлањето на телото на починатиот папа од неговата резиденција во базиликата Свети Петар во Ватикан, телото буквално ќе им биде изложено на верниците. Поворката започнува од капелата на Домот. Во неа учествуваат ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека плановите на германските власти да му забранат на рускиот амбасадор во Берлин да присуствува на церемонијата по повод 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија се израз на „отворена русофобија“ и покажува „знаци на неонацизам“. Во коментар за рускиот весник „Известија“, Захарова одговори на пишувањата на германските медиуми во која се наведува ...

Германија е особено зависна од Кина кога станува збор за ретки земјени метали, и во 2024 година увезла 3.400 тони, или 65,5 отсто од вредните суровини од таа земја, соопшти денеска германскиот завод за статистика Дестатис. Иако ова е намалување од 69,1 проценти увезени од Кина во 2023 година, кога вкупниот обем на увоз беше поголем, некои елементи, вклучувајќи ги неодимиум, прасеодимиум и самариум, кои се користат за постојани магнети во ...

Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637 471 тон, објави Државниот завод за статистика. Споредено со 2023 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2024 година бележи зголемување од 2.5 проценти. Зголемувањето се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад. Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 180.729 ...

Соопштение на СДСМ: Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски”, е директен напад врз правата и достоинството на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем, туку потреба за работниците и претставува законска обврска! Договорот е резултат на борба на работниците, на дијалог но и праведна политика во време кога СДСМ беше на власт, во време кога ...

Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците, институцијата која има клучна улога во надзорот и спроведувањето на правото на службена употреба на албанскиот јазик. Инспекторите на оваа институција, веќе повеќе од четири месеци немаат добиено плата. Тие се оставени без социјално и здравствено осигурување, без ...

Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од кои активен сè уште е пожарот на градската депонија во Демир Хисар, но е под контрола, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што известил ЈКП Комуналец Демир Хисар, на гасење на пожарот од 13 часот интервенираат пет пожарникари и две противпожарни возила. -Во гаснењето учествуваат и пет работници и една градежна машина од ЈКП Комуналец Демир Хисар, ...

Соопштение на Левица: Радиоактивниот облак од пепел што се издигна над Битола како резултат на неодговорното работење на РЕК Битола, уште еднаш ги потврди укажувањата на Левица: Македонија е жртва на еколошка катастрофа поддржана од политичка немост и корупција. Без разлика дали на власт е ДПМНЕ или СДС – институциите се неми и парализирани пред интересите на големите загадувачи. Загадувачите не се плашат од закони кои речиси никогаш не се ...

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми. Патникот при пристигнување во државата се определил на зелен канал при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. При контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од Дубаи коишто патникот не ги пријавил, извести Царинската управа. Во друг случај на Меѓународен ...

Соопштение на ВЛЕН: Не случајно народот вели “Парите дупчат каде ниту бургијата не може!”. Со недели слушаме како ДУИ рони крокодилски солзи за истрагата во Кочани, каде според нив, неосновано се осомничени нивни поранешни функционери. Сепак, вистината е многу сурова. Ахмети наместо да се грижи за неговите поранешни министри за економија, Бектеши, Незири, Сарачини, Кучи, нему единствен фокус му е Пуцко и неговата фамилија. За него не е важно ...

Овен (21 март – 19 април) Денес ќе чувствувате наплив на енергија, но внимавајте како ја насочувате. Имате желба да го завршите сè одеднаш, но подобро ќе поминете ако се фокусирате на една работа. Во љубовта, бидете директни, но и внимателни – не секој реагира добро на искреност без филтри. Бик (20 април – 20 мај) Стабилноста која ја барате ви е на дофат, особено ако не се плашите да направите мал ризик. Финансиски, можно е мало подобрување ...

Турција ги забрани планираните (немедицински оправдани) породувања со царски рез во приватните здравствени установи според новите правила објавени од Министерството за здравство минатата недела, пишува Turkish Minute. Одлуката, која наиде на остри критики од опозициските политичари и организациите за човекови права, уследи по жестоката национална дебата за практиките на породување. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган долго време го ...

По консумирање алкохол во вторникот околу 20 часот, на улицата Златка Шулентица во загрепската населба Суседград настанала жестока физичка пресметка меѓу двајца мажи на возраст од 39 и 31 година. Како што информира полицијата, тепачката се случила во стан, а при инцидентот помладиот маж им подлегнал на повредите. Набргу по инцидентот, 39-годишниот осомничен бил пронајден на адреса на живеење во месноста Стењевац и приведен во полициска ...

Раст на македонската економија од 3,2 проценти за годинава и за следната 2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4 отсто, а следната година 2,2 проценти. Во регионот, за Србија е прогнозиран раст од 3,5 отсто, Албанија, 3,8 отсто, Косово, 4 отсто, Црна Гора, 3,2 отсто, БиХ, 2,8 отсто. ММФ во најновиот извештај ги намали прогнозите за економски раст ...

Соопштение на СДСМ: Ниту со 2,5 минимални плати денес граѓаните не може да ги покријат трошоците за основните месечни потреби. Синдикалната минимална кошничка е покачена за нови 836 денари и достигна рекордно високо ниво: едно четиричлено семејство има потреба од најмалку 62.700 денари месечно за да го преживее месецот. Трошоците за живот растат а платите стагнираат. Само за храна и пијалоци се потребни над една третина од вкупниот износ на ...

Телото на папата Франциск утрово во процесија ќе биде донесено од Домот Света Марта, неговата резиденција во Ватикан, до базиликата Свети Петар за да им се овозможи на верниците да се простат од починатиот поглавар на Католичката црква. Се очекува десетици илјади луѓе да му оддадат последна почит во Свети Петар пред неговиот погреб во сабота на кој се се очекува да присуствуваат и светски лидери. Досега само кардиналите, членовите на ...

Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави синоќа дека планира да поминува значително помалку време работејќи за американскиот претседател Доналд Трамп, откако неговиот производител на електрични автомобили пријави намалување на профитот. Посочи дека ќе го насочи својот фокус кон управувањето со „Тесла“ од мај. Тој додаде дека има намера да продолжи да поминува еден до два дена во неделата на должности на американската влада, барем додека ...

За погребот на папата Франциск се очекува в сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси. Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации. Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
52%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
4.63
60%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
73%
1016
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.83
52%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.14
83%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
35%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.51
51%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
5.66
69%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
49%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61