Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На 19 ноември, публиката низ цела Македонија ќе има можност да го погледне документарниот филм „ МОЖЕШ ДА ВИДИШ СЀ “ (You Can See Everything), кој веќе предизвика огромен интерес во регионот, каде што проекциите се распродадени, а интересот за ова необично филмско остварување продолжува да расте. Станува збор за документарец кој отвора прашања за вистината, манипулацијата, амбицијата и границата помеѓу јавната слика и реалноста. Во центарот ...
Meta одлучи да отстрани контроверзна одредба од своите услови за користење што предизвика загриженост во врска со собирањето содржини за обука на вештачка интелигенција. Meta неодамна ги ажурираше своите комерцијални услови за користење, наведувајќи дека компанијата може „да користи која било содржина од домените, веб-страниците или URL-адресите [на деловна сметка] за да обезбеди, развива, подобрува, истражува, обучува и одржува интегритет“ ...
Стела Дана Мулер е родена пред 18 години во Скопје, но на свои само три месеца, со мајка ѝ заминала во Холандија (татко и е Холананец), и таму го поминала речиси целото детство. Младата Стела веќе гради актерска биографија на холандската телевизија со учество во популарни серии (но и инфлуенсерска со десетици илјади следбеници, на ТикТок и Инстаграм). Ја толкуваше Џејд во „Brugklas“, Бела во „De Eindmusical“, а се појави и како Алис во ...
Војници се распоредени во италијанскиот град Милано, каде денеска се очекуваат нови протести, една недела откако демонстрациите прераснаа во судири со полицијата и грабежи на продавници. Италијанската премиерка Џорџа Мелони објави пакет мерки, вклучувајќи испраќање уште 500 војници во градот и построги казни за малолетници, за кои полицијата вели дека сочинуваат значителен дел од демонстрантите. Дополнителните војници ќе им се придружат на ...
Србија влезе во постапка за формирање на новата власт откако Републичката изборна комисија на 5 ноември ги усвои конечните резултати од предвремените парламентарни избори. Со нивното објавување почна да тече рокот од 30 дена за конституирање на новиот состав на Народното собрание. Потоа, пратениците ќе имаат 90 дена за да изберат нова влада. Студентската листа „Студентите победуваат“ освои 140 од вкупно 250 пратенички мандати, додека ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски како претседател на ЗЕЛС заедно со колегата од Хрватска, Иван Гулам, копретседаваше со 26. седница на Заедничкиот консултативен комитет, чиј домаќин е Скопје. -Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, мојата порака е јасна, дека европската иднина се гради во секоја општина, во секое населено место, на секоја улица. Таа треба да се почувствува преку поквалитетни услуги, современа ...
ОпенАИ, компанијата која го развива Чат ГПТ, ја суспендираше работата со своите најнапредни модели на вештачка интелигенција, откако еден од системите ги заобиколил ограничувањата за пристап до интернет за време на тестирањето и контактирал со надворешен четбот. Моделот не требало да има пристап до интернет, но пронашол и искористил слабост во мрежните контроли на околината за тестирање, предизвикана од неефикасно филтрирање на DNS, соопшти ...
Првиот основен суд во Белград одреди притвор за деветмина поранешни и сегашни припадници на Единицата за обезбедување на одредени личности и објекти (ЈЗО) при Министерството за внатрешни работи (МУП). Тие се осомничени за малтретирање и тортура врз студенти и други граѓани, кои ги однеле во гаражата на Владата на Србија по протестите во август минатата година. Пред два дена, по барање на Првото основно јавно обвинителство, тие првично беа ...
Во целава ситуација со изборите најсмешни се оние од СДСМ. Се радуваат и ликуваат на победата на опозицицјата во Србија не баре тие победиле. Кутрите , се надеваат дека на бранот на протести и незадоволство во соседството и тие ќе се вратат на власт. Тие во Брвеница не можат во втор круг да влезат ќе се враќале на власт… На Филипче треба да му биде јасно дека нивниот пандан во Србија а тоа е партијата на тајкунот Џилас не влезе во ...
Компанијата АЛТА Ритејл (ALTA Retail) успешно го заврши преземањето на ИДЕА Маркети (Idea Marketi) и нејзините поврзани компании, откако беа исполнети сите услови предвидени со купопродажната документација и беа добиени потребните регулаторни одобренија. Со оваа трансакција, АЛТА Група дополнително ја зацврстува својата позиција на српскиот малопродажен пазар. Преземањето, покрај ИДЕА Маркети, ги опфаќа и компаниите Enna Fruit Grocka ...
Во рамките на „Недела на јапонски филм“ вечерва во 19 часот во Кинотека ќе биде прикажан филмот „Маскирано одделение“ на режисерот Hisashi Kimura / Јапонија / 2020 / 114 мин Шуго Хајами е дежурен лекар-замена во болница за долготрајна нега, која некогаш била психијатриска установа. Еден ден, тој ненадејно се соочува со опасен криминалец со маска на кловн, кој бара од него да ѝ укаже помош на повредената студентка Хитоми. Но, откако Хитоми е ...
Сателитскиот интернет, како што е Starlink, овозможува пристап до мрежата на локации каде што кабелскиот или мобилниот интернет не се достапни. Сепак, оваа услуга не е достапна насекаде. Земјите што ја забрануваат или не дозволуваат употребата на Starlink вклучуваат Русија, Кина, Северна Кореја, Белорусија, Сирија и Авганистан. Ограничувања или регулаторни пречки постојат и во Иран, Јужна Африка, Индија, Намибија, Ангола и Египет, пренесува ...
Откако жителите на Крагуевац, Јагодина, Ќуприја, Лапово, Баточина и околните места пријавија две силни детонации проследени со потреси на тлото, на социјалните мрежи се појави снимка од безбедносна камера – на која, наводно, се гледа моментот на една од експлозиите што денес ги вознемири жителите на централна Србија. Инстаграм-страницата „192_rs“ објави снимка од безбедносна камера, тврдејќи дека на неа е фатен моментот на детонацијата што го ...
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ќ.К.(74) од с.Ваташа, кавадаречко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 13.03.2026 на место викано „Катуниште“ во викенд куќа на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „TOZ“ модел 1701 калибар 22 мм, ловна пушка ...
Промовирана е првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“. Што значи да се биде новинар кога историјата се случува пред твоите очи? Во книгата „На местото на настанот“, Александар Видиновски ги носи читателите зад телевизиските прилози и зад директните вклучувања, таму каде што камерата бележи само дел од приказната, а новинарот се соочува со вистинските размери на настаните. Од престрелките во Диво Насеље и ...
Американскиот медиумски гигант „Нетфликс“ во рок од две години, до 2028 година, ќе инвестира 10 милијарди турски лири (околу 199,8 милиони долари) во продукција на турски филмови и серии, изјави потпретседателот на компанијата за содржини во Шпанија, Португалија, Турција и Блискиот Исток, Диего Авалос. Според него, инвестицијата ќе биде наменета за финансирање нови серии и филмови што ќе се снимаат во различни градови низ Турција, со што ќе ...
Вториот ден на 26. Скопје Филм Фестивал носи содржајна и разновидна програма што ги спојува култната филмска традиција, современите европски краткометражни филмови и големите регионални кинематографски имиња. Денот започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со вториот фестивалски мастерклас со познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој пред домашната публика и младите филмски професионалци ќе сподели искуства за создавањето на ...
„На изборите победи т.н. Студентска листа, на која нема студенти, туку професионалци, уметници, па дури и политичари од разни идеолошки провениенции. Мислам дека е ова важно да се разбере: движењето кое почна спонтано по трагедијата во Нови Сад во 2024, користеше некласични методи на политичко дејствување, и тоа во приод од повеќе од 1,5 година. Пленумизацијата е нешто на што би требале и ние да се сеќаваме, а ја имаше како метод на протест и ...
Првата во светот забрана за користење на социјалните мрежи за тинејџери, воведена во Австралија, е „лошо осмислена“ и претставува „сериозно ограничување на политичкиот дискурс“. Ова го изјави адвокат на Reddit пред Високиот суд, во рамките на првиот правен предизвик против овој закон, пренесува Ројтерс. Reddit, заедно со едно либертаријанско здружение, поднесе тужба до судот барајќи укинување на законот, кој им забранува на големите платформи ...
Денеска во Скопје почина Гоце Јовановиќ, еден од најистакнатите домашни фудбалски работници. Јовановиќ поголемиот дел од својата спортска кариера ја мина како генерален секретар на поранешниот македонски прволигаш Балкан Стококомерц, и тоа од 1979 година, и во периодот на најголемите успеси на клубот кога се избори за настап и во Втората сојузна лига на поранешна Југославија. Беше прв оперативец на клубот и во периодот на настапите во ...
Четворица астронаути денеска се вратија на Земјата по осум месеци поминати на Меѓународната вселенска станица (МВС). Меѓу нив е и француската астронаутка Софи Адено, која со 235 дена поминати на Меѓународната вселенска станица постави рекорд по должина на непрекинат престој во орбитата меѓу европските астронаути. Адено, заедно со уште тројца членови на екипажот, еден руски и двајца американски космонаути, слета во капсула која околу 17:30 ...
Знаеме дека Тесла е еден од најголемите умови на човештвото, но сепак е енигма што јадел и во која храна ја барал многу потребната енергија. Самиот Тесла го открил тоа во книгата „Моите пронајдоци: Автобиографија на Никола Тесла“, наведувајќи дека обично јадел јајца и млеко за појадок, го прескокнувал ручекот, а особено сакал супа од зеленчук. „Најважниот елемент од мојата животна шема е мојата исхрана. „Не можете да очекувате дека машината ...
Македонските компании достигнале високо ниво на основна дигитална поврзаност, но значително помал дел од нив ја користат интернет-инфраструктурата како канал за продажба на производи и услуги. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за користењето информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти во 2026 година, објавени на 9 октомври. Според статистичките показатели, 99,5 проценти од деловните субјекти ...
Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на Левица со која се предвидува ослободување на младите брачни парови од плаќање на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Градот, при изградба на нивната прва семејна куќа. Од Левица информираат дека целта на мерката е да се намали финансискиот товар врз младите семејства и да се олесни пристапот до сопствен дом, во услови на зголемени трошоци за ...
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ изјави дека група криминалци упаднала во белградскиот хотел „Хајат“ и ги малтретирала присутните гости. Тој ги обвини полицијата и обвинителството дека не реагираат на ваквите инциденти, и покрај неговите претходни предупредувања. „По сè што зборував за упадите во ресторани и други инциденти, пред две вечери банда криминалци упадна и во хотелот ‘Хајат’ и ги малтретираше сите присутни“, изјави ...
Сообраќајна незгода попладнево се случила на спустот од населбата Железара кон Чаир во Скопје, поради што е создаден метеж и се формираат колони возила. Возачите кои се движат на оваа делница треба да бидат внимателни и да очекуваат задржувања. Засега нема информации за причините за незгодата, ниту дали има повредени лица. Сообраќајна незгода попладнево се случила на спустот од населбата Железара кон Чаир во Скопје, поради што е создаден ...
Висината на Мон Блан, највисокиот врв во Западна Европа, е зголемена за речиси два метри во споредба со 2023 година и сега изнесува 4.807,47 метри. Оваа надморска височина е блиска до историската вредност забележана кон крајот на 19-тиот век, според стручните геодети од францускиот департман Горна Савоја, кои редовно ја мерат висината на врвот уште од 2001 година. Сепак, тие повикуваат на претпазливост и истакнуваат дека ова поединечно мерење ...
Најзначајниот оризопроизводствен регион во државата, Кочанско Поле, ја привршува годинешната жетва на оризот во услови на сериозни производствени проблеми, намалени приноси и незадоволство од откупните цени. Иако Владата најави дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за килограм предадена оризова арпа, производителите оценуваат дека тоа не е доволно за да се надоместат загубите и да се обезбеди економска исплатливост на производството. ...
Шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте поднесе оставка – шест дена по судирот на брзи возови во кој загинаа најмалку 69 лица, а десетици беа повредени, објави Би-Би-Си. „Министер за транспорт во земја како Шпанија не може да остане на функција по две несреќи од оваа сериозност за помалку од една година“, рече тој – алудирајќи на несреќата во јануари на истата линија во која загинаа 46 лица. Несреќата од минатата недела беше една од ...
Купувате мобилен телефон, имате пари во готово, доаѓате на каса да платите, а продавачот ви кажува дека не може да ги прими парите. Мора со картичка или преку банка. Токму ваква ситуација му се случила на еден купувач во продавница за мобилни телефони. – Купував мобилен телефон и на каса ми кажаа дека не може да платам во кеш. Платив во кеш само 61.000, остатокот го доплатив на картичка – раскажува купувачот. За многумина ова може да биде ...