Меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), ќе се одржи утре, 17 мај, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 12 часот. Геноцидот во Сребреница претставува систематско масовно убиство на повеќе од 8.300 бошњачки мажи и момчиња од страна на вооружените сили на босанските Срби во јули 1995 година, за време на Босанската војна. Овој чин останува ...

Денес, во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“, се одржа меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“, во организација на Партијата за демократска акција на Македонија (СДА). Оваа година се одбележува 30-годишнината од геноцидот во Сребреница. Присутните ги поздрави претседателот на СДА – Македонија, Џелал Хоџиќ, кој беше и модератор. Конференцијата ја отвори заменик-претседателот на Главниот одбор на СДА – БиХ, Алија Табаковиќ, со ...

Во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), денеска во Скопје започна меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, посветена на одбележувањето на 30 години од геноцидот во Сребреница. Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, истакна дека конференцијата има две главни цели, сеќавање на жртвите од геноцидот и демократски одговор на неговото негирање. -Нашата цел е да продолжиме како општество да се ...

„Во модерно време со еден клик, со едно пребарување може да се види што се случило во Сребреница. Јас ќе се обидам да внесам малку човечност на тие извештаи“, рече Дехран Муратов, новинар во ЦИВИЛ. Муратов говореше на панелот „Негирање на геноцидот како последна фаза во процесот на геноцид“ на конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА) што се одржува во Скопје. „За да ...

„Великосрпската политика со оваа гарнитура на власт се реорганизира и ја продолжува политиката на хегемонија. Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница“, изјави Ахмедин Шкријељ, пратеник на СДА Санџак во Собранието на Србија. Шкријељ говореше на панелот „ Негирањето на геноциодот е карактеристика на големосрпската пропаганда“, на конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, во организација на ...