Министерството за образование и наука (МОН) ги демантира наводите што денеска ги изнесе опозицискиот СДСМ оти во училиштата недостигаат многу учебници и оти учениците немаат учебници за голем број предмети, а и оние што ги има се искинати или половични. Од МОН велат дека е испечатен целиот тираж што го побарале училиштата и дека има учебници за сите ученици, вклучително новите учебници за седмо одделение и прва година гимназиско образование, ...
Наставниците реагираат на новиот е-дневник дека е нефункционален, сиситемот паѓа а тие не можат да внесат податоци во него. Коментираат дека немало потреба да се менува дневникот бидејќи сега се соочени со проблеми – внесуваш податоци не прифаќа, грешки појавува, брише, не снима... ама Унапреден е се само дел од коментарите на наставниците. Министерката тврди дека новиот електронски дневник е работен како проект на ЕУ и е награден и осовремен. ...
Математика за четврто одделение и историја за осмо одделение се двата учебници кај кои има најголем недостаток со што не се исполни најавата дека за секој ученик ќе има учебници. Се делат и оштетени учебници а од МОН вината ја лоцираат кај училиштата кои треба да ги пријавуваат таквите учебници за да бидат заменети но и да наплаќаат штета. Во МОН денес беше промовиран „водич за вештачка интелигенција“ наменет за наставници, стручни соработници и ...
Информираме дека има учебници за сите ученици. МОН годинава го испечати целиот тираж кој го побараа сите училишта, преку посебната електронска апликација за пријавување на потребно количество учебници. Испечатени се претходно одобрените учебници по сите предмети, новите за седмо одделение и за прва година во гимназиите, но и новите по странските јазици за кои недостасуваа седум години. Најголем дел од тиражот, преку 90 отсто се испорачани, а на ...
На самиот почеток на новата учебна година повторно се отвора старото прашање – дали учениците во Македонија ќе имаат учебници. Опозициската СДСМ со остра реакција обвини дека во училиштата владее целосен хаос, дека учебници нема за голем број предмети и дека новиот електронски дневник не функционира. „Образованието и учениците денес ја плаќаат цената на неспособноста на министерката Весна Јаневска. Недостасуваат учебници по математика и историја ...
Скопје, 4 септември 2025 СДСМ со лаги и манипулации уште долго ќе остане опозиција, учебници има а електронскиот дневник функционира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Јованче Манасков од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. СДС не престанува да шири лаги и манипулации во јавноста и токму поради тоа уште долго ќе останат во опозиција. За разлика од минатото кога тотално беше девалвирано образованието и немаше ниту ...
Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија се обидуваат да девалвираат нешто што е добро сработено сега, а требало токму тие да го сработат во изминатите седум години. За жал, четири нивни министри не успеаја да обезбедат нови учебници, ниту пак да го унапредат електронскиот дневник со кој наставниците имаа големи предизвици до оваа учебна ...