1305.- Во Лондон бил погубен Вилијам Волас, легендарниот водач на Шкотска во борбата против Англичаните. 1754.- Роден е францускиот крал Луј Шеснаесетти, кој застанал на престолот во 1774 година. Тој бил последниот предреволуционерен монарх на Франција. 1775.- Британскиот крал Џорџ Втори објавил дека во колониите во Америка избувнал отворен бунт против британските власти. 1839.- Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го ...

1534.- Шпанскиот благородник Игнацио Лојола во црквата Монмартр во Париз со неколку француски и шпански ученици основал монашки ред кој имал задача да води борба против реформацијата и против сите противници на Католичката црква. Тој ред го одобрил папата Павле Трети на 27 јули 1540 година, па станал столб на католичката реакција во Шпанија, Италија, Португалија и во хабзбуршките земји (Чешка, Словенија, Хрватска). Во рацете на езуитите била и ...

1642.- Во Болоња умрел Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на болоњската барокна школа. Роден бил на 4 ноември 1575 година. 1750.- Роден е Антонио Салиери, италијански композитор и диригент. Им бил учител на Бетовен, на Шуберт и на Лист. Компонирал број опери, кантати и хорови. Позната е неговата љубомора кон генијалниот талент на Моцарт, која е карактеристична уметничка изразена во антологискиот филм „Амадеус“. Умрел на 7 мај 1825 година. ...

1662.- Починал Блез Паскал, француски математичар, физичар, писател и филозоф. Конструирал математичка машина (аритмометар) која ги вршел четирите математички операции. Математички прв го третирал проблемот на веројатноста во хазардните игри и ги поставил основите на законот на веројатноста, ја измислил хидрауличната преса и утврдил дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на ...

1854.- Умрел Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Најпознати негови дела се „Идеја за филозофијата на природата“, „Систем на трансцеденталниот идеализам“ и „Филозофија на уметноста“. Роден бил на 27 јануари 1775 година. 1940.- По атентатот во Мексико умрел Лав Троцки, еден од водачите на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Со тоа убиство дошла до израз ...

1165.- Роден е францускиот крал Филип Втори Август. Владееше од 1179 до 1223 година. Успешно војувал против Англичаните, одземајќи им ги имотите во западниот дел на Франција. Со англискиот крал Ричард Лавовско Срце и германскиот цар Фридрих Први Барбаросa ги предводел крстоносците во Третата крстоносна војна. Во 1208 година основал универзитет во Париз и подигнал голем дел од париските цркви (катедралата Нотр-Дам). 1765.- Роден е британскиот ...

1642.- Во Англија почнала граѓанската војна меѓу приврзаниците на круната и Парламентот, по изјавата на кралот Чарлс Први Стјуард дека членовите на Парламентот се предавници. Војната завршила во 1645 година, со пораз на кралот, кој врз основа на пресудата на револуционерниот суд бил погубен во 1649 година. 1846.- САД го анектирале Ново Мексико. 1854.- Потпишана била Женевската конвенција за заштита на ранетите во војна. 1859.- Поради воените ...