Бурата по вчерашното дерби во Охрид не стивнува. Ракометниот клуб Алкалоид преку официјално соопштение ја информираше јавноста дека до надлежните органи на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) е поднесена официјална жалба поради „сериозни судиски пропусти и крајно неконзистентно судење“ на натпреварот од второто коло во плеј-офот на Суперлигата, кој заврши со резултат 27:27. Скопскиот клуб отворено го изразува своето незадоволство од ...

Ракометниот клуб Алкалоид ја информира јавноста дека до надлежните органи на Ракометната федерација на Македонија е поднесена официјална жалба поради сериозните судиски пропусти и крајно неконзистентното судење на натпреварот меѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид. Средба се одигра вечерва во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во рамки на второто коло од плејофот во македонската Суперлига и заврши со нерешен резултат 27:27. РК Алкалоид смета ...