Папата, роден во САД, го насочува своето внимание кон Рим и вели дека би сакал да му упати на градот „посебен поздрав“. „Заедно мора да се обидеме да откриеме како да бидеме црква што гради мостови, воспоставува дијалог и е отворена да ги прими сите“, вели тој. Потоа зборува на шпански и вели: „Особено би сакал да ги поздравам моите сонародници од Перу, објави Скај Њуз. „Беше големо задоволство за мене да работам во Перу.“ © Vecer.mk, правата ...

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред десетици илјади собрани верници го одржа својот прв говор по изборот. „Мир со сите вас“, беа првите зборови на 69-годишниот папа, роден во Чикаго, кој зборуваше на италијански јазик. „Браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос. Сакам да упатам поздрав на мирот што стигнува до вашите семејства, до сите ...