Четворица кандидати се во трка за иден градоначалник на Струмица. За разлика од претходните неколку изборни циклуса кога свои кандидати имаа само двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, на претстојните локални избори во трката влегуваат уште двајца кандидати: еден на Единствена Македонија и еден независен. Од единствена Македонија кандидат е Ристо Цасконоје, а независната кандидатура ја поднесе Драган Котуровиќ. Сепак, според ...

Локални избори 2025. Предизборна дебата во „Топ тема“ со кандидатите за градоначалници на Општина Центар. Вечерва дебатираа Горан Герасимовски, актуелен градоначалник и кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Мирослав Лабудовиќ од партијата ЗНАМ, Билјана Ивановска од „Независни Заедно“ и Марија Среброва од Левица. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без ...

Доктор, министер, професор, адвокат кој ќе го води Кичево во следните четири години ? Крајно неизвесна изборна трка се очекува во овој дел од западна Македонија – дали Фатмир Дехари од ДУИ ќе добие четврт мандат или во општината ќе влезе нов свеж кадар. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го предложија, Алекснадар Јовановски – матичен доктор од Кичево кој за себе вели дека е човек кој се залага за заедништво, а тоа како што вели го покажува и со личен ...

Кочани. Според пописот, дом на околу 32 илјади жители. Прва глетка од централните градски улици е сообраќајниот грч. Затекнавме полни контејнери. И кучиња скитници. Во градот се евидентирани и околу 600 дивоградби. Фонтаната, која патем не работи, го симболизира оризовото зрно – важна гранка за локалното население. Градот живее од мали бизниси, а има и две странски инвестиции. Во првите два дена од изборната кампања, немаше билборди, ниту волја ...

Осум кандидати се борат за функцијата градоначалник на Битола, четворица предложени од политички партии и четворица од група избирачи односно како независни. Очекувањата се дека во градот под Пелистер најинтересна ќе биде битката помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, кој како актуелен градоначалник ќе се бори за втор мандат и на некој начин е и фаворитот на битолчани, и предлогот на СДСМ – Методија Куновски, актуелен претседател на ...