Невреме во повеќе делови од Македонија – силни грмежи, пороен дожд и интензивни електрични празнења Според најновата радарска слика на УХМР, силно невреме проследено со пороен дожд и интензивни електрични празнења е регистрирано северозападно од Велес. Невремето се движи во правец исток-југоисток, при што се очекува да зафати нови подрачја долж својата траекторија. Во меѓувреме, нестабилна облачност со дожд и грмежи се приближува кон ...
Според најновите информации, силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи во моментов ја зафаќа Македонска Каменица. Нестабилниот облачен систем се движи кон Делчево, каде во наредниот период се очекуваат врнежи од дожд, засилена грмежлива активност и локално засилен ветер. Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат престој на отворено за време на грмежите и редовно да ги следат најновите информации за временската ...
Вечерва Делчево беше зафатено од силно невреме проследено со пороен дожд и интензивни грмежи. Невремето траеше околу половина час, при што во краток временски период наврна значително количество дожд. Граѓаните сведочеа за силни врнежи и чести електрични празнења, а на повеќе улици се забележа задржување на дождовница поради интензитетот на врнежите. Граѓаните на социјалните мрежи споделија бројни видеа и фотографии од невремето, на кои може ...
Силниот ветер што попладнево дува во Скопје е предвесник на зголемена атмосферска нестабилност. За скопскиот регион е активно жолто предупредување за грмежи, а до крајот на денот се можни локален пороен дожд, електрични празнења и засилени налети на ветер. Во вторник ќе остане многу топло, со температура до околу 36 степени и можност за попладневно невреме. Позначителна промена се очекува во среда, кога дневната температура би се спуштила до ...
По силното невреме што го зафати Делчево, екипи од Територијалната противпожарна единица, Јавното комунално претпријатие и останатите надлежни служби се на терен и интервенираат на најпогодените локации низ градот. Во тек е расчистување на паднатите дрвја и гранки, отстранување на оштетените покривни конструкции, како и санирање на последиците предизвикани од силниот ветер и поројниот дожд. Приоритет е обезбедување на безбедноста на граѓаните ...
Добивај вести на Viber До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север, доцна попладнево и вечерва, како и во текот на ноќта кон среда и во среда 22 јули во утринските и раните претпладневни часови во Македонија на повеќе места ќе дојде до развој на конвективни облачни грмотевични јадра и формирање на фронтални влажни и нестабилни воздушни бранови. Во ваква ситуација, во погоре споменатиот период времето во Македонија ќе ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север, доцна попладнево и вечерва, како и во текот на ноќта кон среда и во среда 22 јули во утринските и раните претпладневни часови во Македонија на повеќе места ќе дојде до развој на конвективни облачни грмотевични јадра и формирање на фронтални влажни и нестабилни воздушни бранови. Во ваква ситуација, во погоре споменатиот период времето во Македонија ќе биде ...
Силно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и град синоќа го зафати Стар Дојран, при што беа откорнати десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот. Паднати јавори, борови, багреми и црници предизвикаа материјална штета, оштетувајќи настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и покрив на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа локалните власти. Од Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ соопштија ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за зголемена временска нестабилност во земјава. До петок Македонија ќе биде под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, што ќе донесат променливо облачно време, поројни врнежи од дожд, грмежи и услови за локално невреме. Прогласено е портокалово ниво на опасност (Level 3) за поширокото скопско подрачје, како и за делови од централна и источна Македонија, особено ...
Невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град го зафати Скопје. Во делови од западниот дел на Скопје попладнево започна најавеното силно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, а во некои населби има и прекин на електричната енергија. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силното невреме беше очекувано во попладневните часови. Поради тоа, Кризниот штаб на Град Скопје одржал ...
Невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град го зафати Скопје. Во делови од западниот дел на Скопје попладнево започна најавеното силно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, а во некои населби има и прекин на електричната енергија. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силното невреме беше очекувано во попладневните часови. Поради тоа, Кризниот штаб на Град Скопје одржал ...
Силно невреме попладнево го зафати Скопје, а силните налети на ветер предизвикаа материјална штета во централното градско подрачје. Од зграда на булевар „Партизански одреди“ бил откорнат дел од кровната конструкција. Силниот ветер проследен со дожд и грмежи предизвика проблеми на повеќе локации во главниот град, а граѓаните пријавуваат оштетувања предизвикани од невремето. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), подрачјето на ...
Силно невреме проследено со пороен дожд, интензивни грмежи и олуен ветер се движи кон Гевгелискиот и Дојранскиот регион. Според моменталната состојба, во наредниот период невремето ќе ги зафати Гевгелија, Дојран и околните населени места, при што локално се очекуваат обилни врнежи, силни електрични празнења и засилени налети на ветер. До граѓаните се упатува апел за зголемена внимателност. Се препорачува да се избегнува престој на отворено ...
Ново невреме од Црна Гора се очекува да ја погоди Македонија. Невремето во Црна Гора во моментов се движи кон Македонија, соопшти УХМР. Претходно силно невреме го погоди Скопје и направи штети. Невреме со олуен ветер, пороен дожд и грмежи ги зафати Гевгелија и Дојран! Невреме со олуен ветер и дожд има и во Делчево! Ново невреме од Црна Гора се очекува да ја погоди Македонија. Невремето во Црна Гора во моментов се движи кон Македонија, ...

