Иранската револуционерна гарда им се закани на Соединетите Американски Држави откако, како што тврдат, успешно одбиле американски напад на островот Сирик. Во соопштението за медиумите се наведува дека поморските и воздухопловните сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) „успешно ја неутрализираа“ американската акција, објавува иранската новинска агенција ISNA. Гардата соопшти дека американскиот напад нема да остане без ...
Соединетите Американски Држави извршија силен напад врз ирански складишта за ракети и дронови, како и врз радарски позиции на брегот, соопшти Американската централна команда (CENTCOM). Според соопштението, нападот бил одговор на ирански напад со дрон врз танкер во Заливот. Во исто време, иранската државна телевизија ИРИБ (IRIB) јави дека во близина на пристаништето Сирик, на југот на земјата, се слушнала силна експлозија. ...
Без да даде дополнителни детали во врска со нападот, Револуционерната гарда на Иран ги обвини САД за прекршување на мировниот договор и предупреди дека ќе одговори посилно на сите понатамошни напади од страна на американската војска По нападот на САД врз ирански воени цели во Ормускиот Теснец, Исламската револуционерна гарда на Иран соопшти дека одговорила со напад врз американски воени позиции во регионот, пренесува Ројтерс. Без да даде ...
Локалните медиуми објавија дека Иранската револуционерна гарда најавила „брз и решителен“ одговор на синоќешниот американски напад, пренесува Ројтерс. Соопштението подоцна беше избришано. Револуционерната гарда не соопшти детали за целите на нападот или неговиот исход. САД го нападнаа Иран синоќа како одговор на нападот со беспилотни летала врз товарен брод во Ормускиот теснец. Британската војска во четвртокот соопшти дека товарен брод бил ...
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила повеќе цели низ Иран како директен одговор на, како што наведе, „продолжената агресија“ врз комерцијалните бродови, објави Би-Би-Си. Како одмазда, иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека лансирала ракети и дронови кон американска инфраструктура во Кувајт и Бахреин, се наведува во соопштение пренесено од иранските државни медиуми. По размената на оган, САД и Иран ...
Тој предупреди дека би можело да дојде до значително користење на американските сили против Иран. „Можеби ќе дојде време кога повеќе нема да можеме да бидеме разумни и ќе бидеме принудени воено да ја завршиме работата што многу успешно ја започнавме“, напиша Трамп на својата мрежа Трут соушл. Тој исто така нагласи дека „доколку ова се случи, Исламската Република Иран повеќе нема да постои“. Соопштението на Трамп дојде откако Централната ...

