Во српските градови Заечар и Косјериќ вчера се одржаа избори за советници во собранијата на локалната самоуправа каде граѓаните избираа помеѓу осум листи во Заечар и три во Косјериќ. Денот беше обележан со голема излезност и тензична атмосфера. По затворањето на гласачките места, и СНС и опозицијата прогласија победа. Прво, тоа го направи опозицијата на двете места, а потоа и претседателот на државата, Александар Вучиќ. Изборните комисии се уште ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше во Одеса, Украина на регионален самит. Првпат лидерот кој е пријателски настроен кон Москва ја посети Украина за време на неговите 12 години на власт. Вучиќ во Украина беше на еден ден за да учествува на Самитот Украина-Југоисточна Европа. На самитот, чиј домаќин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, учествуваа и високи политичари од 12 земји од југоисточна Европа. Иако Белград одби ...

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта загинаа две лица, а повеќе од 50 беа повредени, соопштија украинските власти. Интензивните напади од 17 беспилотни летала запалија 15 станови во петкатна зграда и предизвикаа штета во други делови од градот, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов. Девет од 54 повредени се хоспитализирани, вклучувајќи двегодишно девојче и 15-годишно момче. Тој додаде дека ...

Маскар во средно училиште во австрискиот град Грац. 8 ученици и еден наставник се убиени. Со повреди завршиле 30 ученици и инаставници.. Грозоморниот чин го извршил 22 годишен порашен ученик на истото улилиште, кој по нападот си ги одзел животот во еден од училишните тоалети сооошти полицијата. Со пиштол и пушка кои легално ги поседувал напагачот упаднал во училитетото околу 10 часот утрово и отворил оган во две училници. Полиција брзо ...

Русија изврши уште еден продолжен напад со беспилотни летала врз Украина во раните утрински часови во вторникот при што загина едно лице и оштетени делови од Киев притоа и четири лица се хоспитализирани во Киев, а нападнато е и породилно одделение во јужното пристаниште Одеса, соопштија регионалните власти. Нападите во текот на ноќта уследија по најголемиот напад на Русија со беспилотни летала врз Украина во понеделникот – и тие се дел од ...

Њусом: Трамп да ги повлече војниците распоредени во Лос Анџелес, Трамп доколку е потребно ќе испратам и маринци. Забрана за собири во центарот на градот Војниците на Националната гарда патролираат по улиците на Лос Анџелес а градските власти издадоа наредба за забрана на собири во центарот на градот по насилните протести викендот поттиканти од федералните акции за апсење и депоратација на илегални имигранти. Поради непочитување на забраната 54 ...