Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го коментираше учеството на иранската репрезентација на Светското првенство. „Три теми постојано се појавуваат во последните неколку недели: Иран, билети, визи. Тие немаат никаква врска со фудбалот. Што се однесува до Иран, многу сум среќен. Во март отидов во Турција да го гледам иранскиот тим. Луѓето велеа дека ќе биде невозможно Иран да дојде. Им ветив дека ќе дојдат, дури и ако треба да возам автобус ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им порача на фудбалските фанови да „се опуштат и смират“ пред почетокот на Светското првенство. Голема тема беа прашањата за имиграцијата со оглед на ситуацијата на Блискиот Исток. Инфантино, зборувајќи во Мексико Сити еден ден пред почетокот на турнирот, решително ја бранеше организацијата, особено по прашањето за цените на билетите и проблемите со визите. Проблемот се појави кога на сомалискиот судија ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во пресрет на отворањето на Светското првенство ги бранеше рекордно високите цени на билетите, зборуваше за проблемите со влезот на сомалиски судија во САД и за настапот на Иран на турнирот. На прес-конференција во Мексико Сити, Инфантино изјави дека ФИФА не направила грешка во формирањето на цените на билетите, и покрај бројните критики поради високите износи, особено за завршницата на турнирот. ...
Познатиот светски спортски портал Goal.com објави исклучително интересна и остра уредничка анализа за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, која ја пренесуваме во целост како одлично четиво за сите љубители на фудбалот. Текстот го преиспитува неговиот сооднос со навивачите, пазарот и моќниците, нагласувајќи го огромниот јаз меѓу неговите ветувања и реалноста на теренот. За време на мундијалската ждрепка минатиот декември во Вашингтон, ...
Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички. Ќе видиме дури 104 натпревари, никогаш повеќе национални тимови, никогаш повеќе натпревари. Но, уште пред да почне, имаше големи проблеми и недостатоци. Американските власти беа строги кон издавањето на визи, особено за селекцијата на Иран, чии фудбалери во последен момент добија дозвола да влезат во ...

