Пелистер вечерва (20:45 часот) на домашен терен го пречекува ГОГ Гудме во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак зад себе во ова натпреварување победа над Загреб во Битола и пораз од ПСЖ на гостински терен. На другата страна пак противникот има два порази. Салата „Боро Чурлевски“ на ден пред натпреварот беше распродадена, па ракометарите на Пелистер ги имаат сите услови за да дојдат до нов триумф во најсилното ...

Во третото коло од Лигата на шампионите Пелистер ја бркаше втората победа, но не успеа да дојде до неа. ГОГ беше противник кој можеше да се победи, но работите не се одвиваа како што сакаше македонскиот тим. Пелистер фантастично го отвори мечот, имаше водство од 9-4 и 10-5, но потоа предноста почна да се топи. Следуваа минути на ГОГ, па на полувремето се замина со нерешени 14-14. Во вториот дел ГОГ почна со серија од 5-1, поведе со 19-14. ...

-Одиме јако и без пардон, само Битолски бон-тон! Со поголем број настани навивачката група “Чкембари“ од Битола го прослави својот 40. роденден, а централната манифестација се одржа како и доликува низ центарот на Битола. Се славеше од плоштадот “Магнолија“, преку Широк Сокак, на “бутки“, а се заврши во спортската сала “Боро Чурлевски“ на ракометниот натпревар од Лигата на шампиони на Еурофарм Пелистер.Прославата започна во 17 часот на ...

Навивачката група на Пелистер, популарните „Чкембари“ оваа година слават 40 години од своето постоење. Славеничките активности денеска беа дополнети и со феноменална атмосфера и одлична кореографија и за време на натпреварот на „пелистерци“ против ГОГ Гудме во ракометната Лига на шампиони. Прекрасен амбиент во салата „Боро Чурлевски“ во Битола каде „Чкембари“ роденденски одбележаа и со специјален транспарент „Како вчера да беше….“ Но, за жал, не ...

Ракометарите на E.Пелистер го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ загубија од ГОГ Гудме со 28-31 (14-14). Битолчани имаат за што да жалат бидејќи во првиот дел имаа дури и пет гола предност. Сепак, имаше пад на концентрацијата во финишот на првото и стартот на второто полувреме, па Данците знаеја како да го казнат тоа. Неверојатна партија имаше гостинското крило Фредерик Бјере ...