Според првичниот распоред, овој дуел требаше да се одигра во ноќта помеѓу недела и понеделник со почеток во два часот по полноќ. Сепак, новата идеја е средбата да се помести дури шест часа порано, односно во недела навечер од 20 часот. Со евентуалната промена на саатницата, организаторите сакаат да го избегнат големото невреме кое е најавено токму за времето кога Англичаните и Мексиканците требаше да излезат на теренот. Од ФИФА нагласуваат ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за промена на времето на почеток на два натпревари од осминафиналето на Светското првенство. Се работи за два меча кои ќе се играат во недела вечер, а причина за можното поместување на термините за почеток се лошите временски услови, вклучително и ризикот од поплави, изјавија извори запознаени со ова прашање за Ројтерс. Натпреварот помеѓу Мексико и Англија на стадионот „Ацтека“ може да се ...

