Киев и Москва утре се враќаат на директни преговори, за првпат официјално по април во 2022 година. Ги понуди рускиот претседател Владимир Путин, ги прифати неговиот украински колега Володимир Зеленски. Ќе се одржат во Истанбул, каде би можел да се појави и американскиот претседател Доналд Трамп кој е во посета на Блискиот Исток. Засега е нејасно дали и Путин ќе отпатува во Турција, иако засега е потврдено дека руската делегација ќе ја ...

Дискусиите меѓу руските и украинските претставници, кои се одвиваа со посредништво на Турција, како што рече украинскиот министер за одбрана, биле насочени и кон можен прекин на огнот. Било разговарано и за потенцијална средба на украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин На првите директни преговори од 2022 година, Русија и Украина договорија меѓусебна размена на 1 000 заробеници. Ова го соопшти украинскиот министер ...

Висок украински функционер ја обвини Русија дека денес за време на разговорите во Истанбул поставува нови „неприфатливи барања“, вклучително и повлекување на украинските сили од големи делови од земјата, објави АП, повикувајќи се на неименувани извори. Високиот украински функционер рече дека делегацијата од Киев е подготвена да „постигне многу денес“ и има мандат да реши клучни прашања, и дека исходот зависи од тоа дали Москва е подеднакво ...

Денешната средба меѓу руската и украинската делегација која е прва од март 2022 година заврши во Истанбул по околу еден час и 40 минути разговори, изјави извор од турското Министерство за надворешни работи, а украински извор рече дека Русија поставила нови, неприфатливи барања. „Средбата е завршена“, рече функционерот. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан присуствуваше на разговорите во палатата Долмабахче во Истанбул, се наведува ...

Владимир Зеленски изјави дека иако не знае колку долго ќе трае конфликтот со Русија, неговата земја нема да може да преживее десет години борби. Во изјава за францускиот весник „Либерасион“, украинскиот лидер го пренесе своето инсистирање на лична средба со рускиот претседател Владимир Путин во Турција за да се разговара за размена на сите затвореници и воспоставување прекин на огнот. Во неделата, Путин предложи рестартирање на директните ...

Во Турција, старт на долгоочекуваните мировни преговори за Украина, без учество на шефот на Кремљ. Ништо нема да се случи додека јас и Путин не се сретнеме, изјави американскиот претседател Трамп по слетувањето во Обединетите Арапски Емирати. „Видете, ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин. И очигледно – тој не планираше да оди. Сакаше да оди, но мислеше дека јас ќе бидам таму. Не верувам дека нешто ќе се случи, без разлика дали ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ситуацијата околу украинско-руските разговори во Истанбул е „интригантна“, нагласувајќи дека никој не очекува лесен процес и повторно ја критикуваше улогата на Западот и властите во Киев во ескалацијата на конфликтот. „Секако, сите сега зборуваат за Украина во врска со интригата што моментално се „готви“ во Истанбул“, рече Лавров на состанокот на Дипломатскиот клуб во Москва, ...

Светските медиуми со нетрпение ги очекуваат разговорите за решавање на украинскиот конфликт, кои се очекува да се одржат денеска во Истанбул, на иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин. Средбата може да биде првиот директен контакт меѓу делегациите на Русија и Украина од март 2022 година, кога преговарачите од Москва и Киев водеа дијалог во палатата Долмабахче во Истанбул. Уште еднаш, руската делегација ќе ја предводи помошникот на ...

Москва ќе испрати делегација на директни разговори со Украина во Истанбул во четврток и очекува Киев да го стори истото, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во неделата, рускиот претседател Владимир Путин понуди продолжување на директните преговори меѓу Москва и Киев за да се најде трајно решение за конфликтот меѓу двете земји. Откако неговиот предлог беше поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател ...

Истанбул е подготвен да ги прими претставниците на Украина и на Русија на мировните разговори најавени за денеска. Но, дали се подготвени и преговарачите е главното прашање што се поставуваше во текот на вчерашниот ден, спроти најавената средба. Идејата да се седне на преговарачка маса е на рускиот претседател Владимир Путин, а украинскиот претседател, Володимир Зеленски, веднаш ја прифати. Но со тоа не се отвори патот за седнување на преговори. ...