Во Скопје се подготвуваат 6-7 мултифункционални центри за 2028, кога градот ќе биде Европска престолнина на културата, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Министерот и в. в. градоначалникот на скопската општина Аеродром, Дејан Митески, денеска најавија дека во наредниве две и пол години населбата Ново Лисиче ќе добие мултифункционален простор со киносала, изложбен простор и мултимедијален дел, објект кој треба да послужи ...
Простор на површина од 1.400 квадратни метри во Ново Лисиче, кој со години е запуштен и без намена, за две до две и пол години ќе биде мултифункционален центар. Ќе има киносала на простор од 800 квадрати и 245 столчиња, 400 квадрати ќе бидат мултифункционален простор за изложби, а останатиот дел се предвидени за канцеларии и соби за техника. Центарот ќе се гради со финансии од Министерството за култура и туризам во износ од речиси 99 милиони ...