Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод настаните што се случија по дерби дуелот од домашниот шампионат помеѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер. Официјални суспензии добија ракометарот Дејан Манасков кој што ќе треба да одлежи тримесечна казна, додека пак, Крсте Андоновски (помошник тренер на Охрид) ќе го нема на три натпревари. На двете екипи им е изречена парична казна од по 45.000 денари. ...

Дисциплинската комисија при РФМ ги одреди казните за немилите случувања по завршувањето на дербито на 17.коло меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер одиграно во неделата во салата „Билјанини Извори“. Играчот на шампионот Дејан Манасков е казнет со забрана на настап во траење од три месеци, што значи дека првиот дел од сезоната за него е завршена. Тренерот на Охрид Крсте Андоновски доби казна од три натпревари (првенствени и куп). На двата клуба им е ...