Владата по велигденските празници ќе објави нов пакет мерки за ублажување на инфлацијата и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Како што изјави премиерот Христијан Мицкоски,се разгледува комбинација од намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи. „Следните мерки ќе бидат повеќе таргетирани кон одредени групи граѓани и кон основните прехранбени производи. Ќе вклучуваат намалување на данокот на додадена вредност, ...

Државниот завод за статистика бележи зголемување на трошоците на живот од 4,9 проценти во март, а на цените на мало од 3,4 проценти. Зголемување има и на месечно ниво па така во однос на февруари зголемени се трошоците на живот кај транспортот за 3,4 проценти, алкохолните пијалоци и тутунот за 3,2 проценти, храната за 0,4 проценти…. Статистика бележи раст и на угостителските услуги за 2,4 проценти во однос на март лани, додека во периодот ...