Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да стане нов генерален секретар на Обединетите нации (ОН), пишува „Јерусалем пост“, повикувајќи се на извори од три земји. Според весникот, американските претставници му презентирале предлог на Орбан и го охрабриле да се приклучи на трката. Иако тој покажал интерес, сè уште не донел конечна одлука за неговата кандидатура, пишува „Jерусалем пост“. Според ...
Абдул Ел-Сајед, докторот и прогресивен бунтовник, влезе во историјата со победата на внимателно следената трка за американскиот Сенат во Мичиген, победувајќи го републиканецот Мајк Роџерс и станувајќи првиот муслимански сенатор во земјата, пренесува Гардијан. Победата на Ел-Сајед е дополнителен фактор за одлучувачкото демократско мнозинство во Сенатот откако партијата ја презеде контролата врз горниот дом во вторникот со шокантни победи во ...
Компанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, а како најпознати двата глобални автомобилски бренда Peugeot и Opel, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд. „Еуроимпекс“ со официјално го претстави брендот CHANGAN, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, ...
Претседателот на Парагвај, Сантјаго Пења, на 5 ноември објави дека ќе ја поднесе својата оставка среде кризата предизвикана од интервенцијата во банката „Уено“. Одлуката ја соопшти преку видеопорака, повикувајќи се на стабилноста на државата. Банкарската криза оставила замрзнати заштеди на илјадници корисници. Според ЕФЕ, банката за време на неговиот мандат примала значителни средства од јавни институции. Во моментот на објавата, во Долниот ...
Лидерот на израелската опозициска партија Јашар, Гади Ајзенкот, денеска предупреди дека обвинувањата за странско мешање во изборите од вторникот не смеат да бидат политички злоупотребени со цел да се одложи положувањето заклетва на новиот Кнесет. Како што оценува „Тајмс оф Израел“, ова очигледно била порака до премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите сојузници, откако претседателот на Централната изборна комисија, судијата на Врховниот суд ...
Претседателот Доналд Трамп се соочи со притисок од републиканците да го промени курсот, откако тешкиот пораз на изборите во средината на мандатот им ја препушти контролата врз Конгресот на демократите, а гласачите ги отфрлија кандидатите што тој лично ги избра за клучните трки. Републиканските сојузници и стратези побараа од Трамп да изврши промени во кадровскиот состав во Белата куќа, да воведе дисциплина и да се откаже од политиките за кои ...
Европската комисија претстави нова стратегија за стручно образование и обука, со која сака да ја подобри подготвеноста на младите и возрасните за потребите на современиот пазар на труд. Стратегијата предвидува поддршка за модернизација на образовните системи и развој на практични вештини во секторите со зголемена побарувачка за работници, меѓу кои енергетиката, производството, здравството, одбраната и градежништвото. Новите мерки се дел од ...
Володимир Зеленски ѝ додели национално признание на Меланија Трамп за нејзината улога во посредувањето за делумен прекин на огнот, што овозможи евакуација на цивили од градот Олешки, кој е под руска окупација. „Со ова одредувам Орденот на принцезата Олга од прв ред да ѝ се додели на Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави“, се наведува во декретот објавен во средата на веб-страницата на украинскиот претседател. Во ...
Нов бран закани за поставени експлозивни направи предизвика нарушувања во европскиот авиосообраќај во петокот. Најмалку 18 летови кон или од повеќе европски земји биле опфатени со безбедносни предупредувања, поради што надлежните служби спровеле проверки на авионите и патниците. Меѓу погодените дестинации се Бугарија, Кипар, Чешка, Франција, Унгарија, Италија, Португалија, Романија и Велика Британија. Според достапните информации, авионите ...
Стотици илјади луѓе се очекува да учествуваат на протестите низ Франција, откако синдикатите повикаа на национален штрајк против владините буџетски кратења, растот на трошоците за живот и влошувањето на условите во јавните служби. Во штрајкот се очекува да се вклучат здравствените работници, контролорите на летање, поштенските службеници, наставниците и железничарите, објави Гардијан. Главните железнички синдикати предупредија дека ...
Канада и Австрија ја потврдија намерата да ја продлабочат билатералната соработка во надворешната политика, меѓународната безбедност и економските односи. За време на средбата во Отава на 6 ноември, канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд ја пречека австриската министерка за европски и меѓународни прашања Беате Мајнл-Рајзингер. Двете министерки разговараа за предизвиците што ги носи зголемената геополитичка неизвесност и ја ...
Од средината на мај во Демократска Република Конго од ебола починале над 5.000 лица, соопштија здравствените власти во земјата. Вкупно се потврдени 5.026 смртни случаи, додека бројот на заразени лица се зголеми на 10.351, објавија властите. Во моментов, 1.101 лице се лекува или е во карантин, а 2.788 лица, кои претходно биле заразени, заздравеле од болеста. Вистинскиот број на смртни случаи може да биде поголем бидејќи експертите веруваат ...
Разговори за безбедноста на Блискиот Исток и за изградба на гасовод Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Кремљ се сретна со Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Според иранската државна телевизија, Резаи му пренел на Путин порака од врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. Содржината на пораката не беше објавена. По средбата, Резаи изјави дека разговарале за безбедноста на Блискиот Исток по ...
Авионот „Лирџет 60“, кој превезувал девет лица, се урна вчера во станбена област во близина на Крестхевен, во округот Палм Бич, Флорида, објави локалната телевизиска станица CBS12. Сите девет лица загинаа. Локалните власти објавија дека авионот експлодирал за време на несреќата. Федералната администрација за воздухопловство соопшти дека авионот полетал од меѓународниот аеродром „Остин-Бергстром“ во Тексас и се упатил кон аеродромот „Северна ...
Два дена пред изборите за Конгресот во САД, само 25 проценти од Американците веруваат дека анкетите точно ги одразуваат намерите на гласачите, според онлајн анкета спроведена од Политико и ПФ Глобал. Точно 23 проценти од испитаниците веруваат дека анкетите ја потценуваат поддршката за републиканците, 18 проценти веруваат дека ја потценуваат поддршката за демократите, додека 34 проценти немаат јасно мислење, според анкетата објавена денес пред ...
Германското младинско движење „Gen Z regelt“ („Генерација Z презема контрола“) повика на масовни протести во 34 градови низ земјата, на кои организаторите очекуваат да учествуваат повеќе од 165.000 луѓе, јавува ДПА. Демонстрантите протестираат против воведувањето задолжителен воен рок и растечките трошоци за живот, а истовремено бараат поголеми инвестиции во образованието, социјалната сигурност, здравството и справувањето со климатските ...
Врз разладните системи на трговските синџири „Едека“ и „КАП“ во Германија беа извршени хакерски напади, јавија локалните медиуми. Ова се првите случаи во Германија, откако претходно кибер-напади пријавија продавници во низа европски земји. Супермаркет на „Едека“ во градот Рајсбах, во сојузната покраина Баварија, соопшти дека за време на викендот температурата во неговите ладилници се искачила до 50 степени Целзиусови. Персоналот на ...
Европската комисија на 6 ноември 2026 година започна заштитна истрага за увозот на одредени хемиски производи поврзани со производството на полиетилен терефталат, познат како ПЕТ. Целта е да се утврди дали значителното зголемување на увозот им нанесува сериозна штета на европските производители. Истрагата опфаќа различни видови ПЕТ, меѓу кои и рециклиран материјал, како и одредени суровини што се користат во производствениот процес. Овие ...
Тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран повторно се зголемија по новите напади врз иранскиот остров Кешм, во стратешки важниот Ормуски Теснец. Според иранските медиуми, островот бил погоден од две ракети, додека американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските сили извеле дополнителни, ограничени воени удари врз ирански цели. Првичните информации од иранските полуслужбени медиуми укажуваат дека нема пријавени ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, оценил дека состаноците со европските лидери се „депресивни и целосно лишени од креативност“, истакнувајќи дека многу му недостигаат поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и некогашниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги. Тоа се ставови објавени во книгата „Сите сте премногу строги кон мене“ на француската новинарка Франсоаз Дегоа, што содржи делови од нејзината приватна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно се согласи со својот потпретседател Џеј Ди Венс, признавајќи дека војната со Иран значајно придонела за изборниот дебакл и тешкиот пораз на републиканците. И покрај негативните политички последици и загубата на гласови, Трамп останува на својот став и порача дека повторно би ја донел истата одлука. Ова признание доаѓа по претходните внатрепартиски анализи во кои отворено се дискутираше за цената ...
Во Извештајот на ЕК во делот кој се осврнува на квалитетот на демократијата во Македонија се забележува дека земјата има правна и институционална рамка со која обезбедуваат основа за демократско спроведување на изборите. Сепак, како што се вели, не е постигнат напредок во усогласувањето со стандардите на ЕУ и во спроведувањето на преостанатите препораки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Канцеларијата за демократски ...
Лажните бомби како ново оружје за дестабилизација на општествата Од авиосообраќајот до медиумите, лансирана тактика на предизвикување паника и страв Според информациите објавени денеска, биле регистрирани најмалку 18 пријави за експлозивни направи во авиони, додека во Република Ирска биле евакуирани редакциите на „Ајриш индипендент“, „РТЕ“ и „Њузток“. Во Прага, Данска и Франција, исто така, биле регистрирани нови безбедносни аларми. ...
ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС (Energy Maintenance Solutions) учествуваа на Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ на ЗЕМАК во Струга, каде дел од стручниот придонес на компаниите беше насочен кон една од најактуелните области во енергетиката – батериските системи за складирање на електрична енергија и нивната интеграција со производството од обновливи извори. Во рамките на конференциската програма, Стефани Георгиевска, електроинженер во Сектор ...
Стотици илјади луѓе денеска излегоа на улиците низ Франција за да го засилат притисокот врз владата, барајќи повисоки плати и давајќи поддршка на студентското протестно движење. Според полицијата, повеќе од 600.000 луѓе демонстрирале низ Франција, но станува збор за првична проценка, пренесува „Асошиејтед прес“. Масовните протести, кои траат повеќе од еден месец низ Франција, денеска се одржаа и во Париз, Лион, Марсеј и други градови, а ...
Години во кои производствените погони во автомобилската индустрија почнаа да се затвораат. Форд ја затвора фабриката во Сент Луис. Опел сели сè повеќе и повеќе производство надвор од Германија. Бош отпушта илјадници работници бидејќи фосилните горива повеќе не се во фокусот, па нема потреба од пумпи. МАН, кој е во сопственост на Фолксваген, го намалува производството на автобуси бидејќи побарувачката нагло опадна. Млади инженери, млади ...
Европската Унија подготвува нов, голем список на санкции против Русија, во кој би можело да се вклучат околу 1.600 физички и правни лица, објави Политико, повикувајќи се на европски дипломатски извори. Според медиумот, новиот список вклучува по околу 800 физички и правни лица. Пакетот би можел да биде еден од најголемите потези на санкции од Брисел од почетокот на конфликтот во Украина. Според информациите објавени од Политико, новиот список ...
Голем број познати ирски медиумски организации, вклучувајќи го и ирскиот јавен радиодифузен сервис RTÉ, беа евакуирани откако беа упатени закани кон нив, пренесува Би-Би-Си. Радио водител на RTÉ им кажа на слушателите дека организацијата добила предупредување преку е-пошта дека „бомба ќе експлодира во рок од 45 минути“. Вработените во весникот Irish Independent и канцелариите на радиостаниците NewstalkFM и TodayFM во Даблин, исто така, беа ...
Колумбија се соочува со тешки последици по силниот земјотрес што во понеделникот го погоди западниот дел од земјата. Со магнитуда од 7,4 степени, потресот урна домови, оштети цели станбени блокови и остави стотици луѓе без покрив над главата. Спасувачките екипи, војници, полицајци и волонтери и во текот на ноќта ги пребаруваа урнатините, надевајќи се дека ќе пронајдат преживеани. Работеа со механизација, но и со голи раце таму каде што ...
Катар, водечкиот посредник во конфликтот меѓу САД и Иран, се обидува да го убеди Техеран да им дозволи на инспекторите за нуклеарно оружје на ОН да ги посетат бомбардираните нуклеарни постројки на Иран, вклучувајќи ги и оние каде што се наоѓаат залихите на високо збогатен ураниум на земјата, пренесува Гардијан. Иран нема да биде должен да преземе никаква обврска дека залихите ќе бидат отстранети од земјата, а други опции се на маса, ...