Северна Македонија демонстрира посветеност на реформите и Реформската агенда. Европската комисијата ќе продолжи да ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува да го отвориме првиот кластер штом ќе се исполнат условите – рече еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година во Брисел. Како што рече Кос, условите за земјава се јасни. – Северна Македонија треба да ја исполни ...

Глечерот Шварцмилцфернер (Schwarzmilzferner) на австриската страна од Алгејските Високи Алпи го загуби статусот на глечер по овогодишното топло лето. Топлите месеци му одзедоа повеќе од 4 метри во дебелина и околу половина од неговиот волумен, открија денеска истражувачите, пренесе ДПА: – Голема е веројатноста тој целосно да исчезне до следното лето – изјави Кристоф Мајер, глациолог од Баварската академија на науките. Веќе 26 години тој и ...

Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на ...

Маркус Рашфорд откри што му рекол на Ламин Јамал пред да ја напушти Барселона и го спореди младиот Шпанец со Лионел Меси. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед разговараше за шпанскиот „Мундо Депортиво“ за времето поминато во Барселона . Минатата сезона играше за каталонскиот клуб како позајмен играч, но Барселона не ја искористи опцијата за откуп, па се врати на „Олд Трафорд“. Рашфорд откри дека му рекол на Јамалу пред да замине дека играл со ...

До телевизиски станици ширум Европа беа испратени дојави за поставени бомби со предупредувањето „часовникот отчукува“, што доведе до евакуации и прекини во програмата. Предупредувања биле испратени до ирскиот јавен сервис RTE, британскиот „Скај“, бугарската приватна телевизија „Нова ТВ“ и други медиуми, соопштија компаниите. Лажни дојави На ниту една од погодените локации не беше пронајдена бомба. Овие дојави уследија по серијата лажни ...

Дојави за поставени експлозивни направи биле добиени утринава за неколку авиони на летови низ Европа, јави австриската новинска агенција АПА. Меѓу погодените биле и летови со појдовна или крајна дестинација на италијанските аеродроми. Според италијанската новинска агенција АНСА, авион „Ербас А321“ на авиокомпанијата „Виз ер“ бил принуден привремено да слета на аеродромот во Виена. Авионот полетал од аеродромот Милано Малпенса, а крајна ...

Црна Гора ќе стори сè што е во нејзина моќ за да најде компромис во „европски дух“ во однос на прашањата што ги покрена Хрватска, а кои се однесуваат на завршувањето на преговорите за пристапување, изјави црногорскиот премиер Милојко Спајиќ. „Црна Гора ќе направи сè што е во нејзина моќ за да најде компромис, во европски дух, за сите прашања што би можеле потенцијално да нè разделат. Верувам дека ова е одлична можност за дополнително ...

Градот Врање депонирал средства во износ од 177 милиони динари на сметката на АЛТА банка во времето кога Народната банка на Србија ѝ ја одзеде лиценцата за работа, потврди Градската администрација. Прогресивната влада во Врање склучила договор со Алта банка за прекуноќен рок на привремено слободни буџетски средства. Ова значело префрлање пари од трезорската сметка на банкарската сметка што се води во Народната банка на Србија, со обврска ...

Пејачката Николија Јовановиќ откри дека нејзината мајка Весна Змијанац не била на нејзината свадба со Рељо Поповиќ бидејќи никој не знаел за тајната венчавка. Таа зборуваше и за здравјето на нејзината мајка, нагласувајќи дека Весна сè уште живее за пеење. Николија, како што објавува Телеграф, се појави на настан во Белград во четвртокот навечер. Во таа пригода, таа зборуваше за свадбата и претстојниот концерт. „Јас сум хедонист и сакам да ...

Српскиот претседател во заминување, Александар Вучиќ, ја засили активноста на социјалните мрежи, каде што речиси секој час објавува фотографии и видеа. Само вечерва сподели неколку снимки од белградска кафана, каде што пие и се весели со поддржувачи на неговата партија Српска напредна партија. На едно од видеата се гледа како присутните наздравуваат и се забавуваат, а меѓу нив е и Вучиќ. Претходно, тој објави видео и со сопственикот на ...

Анис Калајџиќ денеска беше осуден пред Кантоналниот суд во Мостар, Босна и Херцеговина, на 45 години затвор за убиството на Алдина Јахиќ, нелегално стекнување и поседување оружје и продолжено кривично дело загрозување на безбедноста, соопшти босански „Фокус“. Слушајте радио во живо Осуден на 45 години затвор „Денес пред Кантоналниот суд во Мостар беше изречена првостепената пресуда во случајот против обвинетиот Анис Калајџиќ, кој е обвинет за ...

Топлата вода со лимон и мед може да помогне во хидратацијата, ублажување на надуеноста и смирување на иритираното грло. Овој пијалок е исто така извор на витамин Ц, кој е неопходен за функцијата на имунолошкиот систем и здравјето на кожата, пишува Health.com. Подобрена хидратација Во текот на ноќта, телото губи течности преку дишење и потење. Чаша топла вода наутро помага да се надополни ова, што може да ги зголеми нивоата на енергија, да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во вооружените сили на Украина, но не откри кои функции и позиции ќе бидат опфатени со одлуките. „Врховниот командант и јас подготвуваме кадровски одлуки во вооружените сили на Украина. Сакам да им се заблагодарам на сите што ѝ служат на Украина“, изјави Зеленски, мислејќи на врховниот командант Михаило Драпатиј. Воедно, тој упати апел до припадниците на украинската ...

Турскиот парламент вчера го ратификуваше договорот за заедничка одбрана меѓу Пакистан, Саудиска Арабија и Турција. Тоа ѝ овозможува на Анкара да му пружи воена поддршка на Саудиска Арабија по нападите од јеменските бунтовници Хути. Договорот за заедничка одбрана од Мека, потпишан во август од трите регионални сили, предвидува дека вооружен напад врз која било од трите земји ќе се смета за напад врз сите нив. „Хуриет“ минатата недела објави ...

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, повика на поддршка на меѓународната иницијатива #WarmthForUkraine, предупредувајќи на руските напади врз енергетската инфраструктура пред зимата. Една од конкретните потреби е генератор за амбулантата во украинското село Чистопил, на околу 20 километри од фронтовската линија. Во својата објава на X, амбасадорката Дир наведува дека само минатата недела руските сили ја нападнале ...

САД денеска воведоа нови санкции против поединци и субјекти поврзани со Куба. - Мерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина, кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Во исто време, САД презедоа чекори за воведување нови санкции насочени кон кубанските сектори за електроника, производство, поморство и технологија. - ...

Увозот на нафтени производи во Русија по море се зголеми во октомври за 25 проценти и достигна 54.000 барели дневно, според податоците од компанијата „Кплер“ објавени од „Комерсант“. Бројката е сè уште значително под летните нивоа, а аналитичарите не очекуваат поголем увоз до крајот на годината. Сепак, ова е значително помалку отколку во јули и август, кога Русија увезуваше околу 89.000 и 153.000 барели дневно, соодветно. Во октомври, над ...

Паричната поддршка може да го намали трошокот за семе, ѓубриво, механизација или заштитни средства. Но, без анализа на почвата, правилен избор на технологија и навремено следење на посевите, субвенцијата не мора да донесе ниту повисок принос ниту поголема заработка. Затоа развиените земјоделски системи не се потпираат само на исплата на пари. Финансиската помош ја поврзуваат со советодавни служби, теренски агрономи, практични обуки и ...

Тројца американски астронаути гласале од Меѓународната вселенска станица, соопшти астронаутот Анил Менон. Во кампањата за среднорочните избори се вклучија и повеќе американски јавни личности. Менон наведе дека гласачките ливчиња се пополнуваат електронски и безбедно се испраќаат до изборните службеници. Астронаутите на NASA имаат можност да гласаат од вселената од 1997 година, а агенцијата објаснува дека ливчињата се пренесуваат во шифрирана ...

Третпат неделава лажни дојави за поставени бомби го нарушија европскиот воздушен сообраќај, а само денеска 27 патнички авиони беа пријавени како цел на безбедносни закани. Дојавите за поставени бомби предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, принудни слетувања, пренасочувања на летови, итни слетувања и безбедносни проверки, иако досега не се пронајдени експлозивни направи. Ниту една земја или група нема преземено одговорноста за заканите, ...

Демократката Киша Ленс Ботомс победи на изборите за гувернер на Џорџија, станувајќи прва Афроамериканка и прва жена што ја зафаќа таа функција во историјата на сојузната држава. Според проекциите на американските медиуми, Ботомс го победи републиканскиот кандидат Рик Џексон. Таа ќе го наследи републиканскиот гувернер Брајан Кемп, кој ја напушта функцијата по два последователни мандати. Реклама Победата на Ботомс претставува значајна политичка ...

На 89-годишна возраст почина Џон Д. „Џеј“ Рокфелер IV, долгогодишен американски сенатор, поранешен гувернер на Западна Вирџинија и прабнук на славниот нафтен магнат Џон Д. Рокфелер. Неговото семејство потврди дека тој починал во својот дом во Вашингтон. За разлика од поголемиот дел од своето економски моќно семејство кое традиционално ја поддржуваше Републиканската партија, тој беше истакнат член на Демократската партија и го посвети својот ...

Откако демократите победија во двата дома на Конгресот, сенаторот од Џорџија, Џон Ософ, стана најчесто споменуваното име во трката за Белата куќа во 2028 година. Тој е споредуван со Обама, а тој тврди дека не е заинтересиран да се кандидира. Демократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот на изборите на 3 ноември. Во следните денови, американските медиуми почнаа да пишуваат за претседателските избори во 2028 година. ...

Доналд Трамп им честиташе на Демократите за победата откако Републиканците го загубија мнозинството во двата дома на Конгресот на САД на изборите во средината на мандатот. Во изјавата за „Фокс њуз“, тој рече дека Демократите работеле напорно и долго време, како и дека ја чекале победата 11 години. Трамп додаде дека резултатот не го смета за личен удар, оценувајќи дека неговите први две години од претседателствувањето биле најдобри во ...

На околу 35 километри од брегот на бразилската сојузна држава Сао Пауло се наоѓа остров на кој луѓето речиси и да немаат пристап. Илја да Кејмада Гранде, познат и како Островот на змиите, е природно живеалиште на околу 3.000 примероци од еден од најнеобичните и најретките видови отровни змии во светот. Островот зафаќа површина од околу 43 хектари, долг е приближно 1,5 километри и има стрмни брегови поради кои е тешко достапен. Нема постојани ...

Возачите во Италија наскоро би можеле да плаќаат казни и ако возат пребавно во левата лента на одредени автопатишта. Предложената мерка предвидува минимална брзина од 100 километри на час на автопатите со најмалку три ленти во секоја насока, а прекршителите би се соочиле со парични казни од 40 до 160 евра. Мерката е дел од нацртот на новиот закон за безбедност во сообраќајот, кој италијанската влада го одобри во октомври и го испрати во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше Стивен Милер, кој важи за главен архитект на неговата строга имиграциска политика, за нов шеф на кабинетот во Белата куќа на местото на Сузи Вајлс. Оваа персоналан промена доаѓа само неколку дена откако републиканците претрпеа убедлив изборен пораз на конгресните избори во вторникот, на кои демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот, добивајќи можност да ја блокираат ...

Шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, ќе ја предводи украинската делегација на трилатералните преговори со Русија и Соединетите Американски Држави, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Буданов ова го изјави во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес (CBS). Како што пренесе украинската новинска агенција Укринформ, тој истакна дека не очекува значителен пробив на претстојната ...

По победата на демократите на изборите во САД, Илон Маск со саркастична порака на социјалната мрежа Икс коментираше дека неговите наводни „вселенски ласери за местење избори“ не биле ефикасни. Милијардерот Илон Маск, еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати, се огласи на социјалната мрежа Икс веднаш по објавувањето на резултатите од изборите за Конгресот на 3 ноември 2026. Реклама „Дата центри во вселената ...

Градоначалникот на бразилскиот град Бареирос, Карлињос да Педреира, предизвика бурни реакции откако за време на ненајавена посета на општинската болница влегол во просторија за одмор и им се развикал на двајца лекари, обвинувајќи ги дека спијат и се забавуваат додека пациентите чекаат медицинска помош. Снимката од расправијата се прошири на социјалните мрежи, но здравствените организации реагираа дека обвинувањата за интимен однос не се ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Калај

46.54