Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Обидот на Грција да ги врати врвните научници дома по финансиската криза не успеа поради пропаѓањето на клучната програма поддржана од ЕУ, известува Нектарија Стамули за Политико. Амбициозниот план за справување со „одливот на мозоци“ се претвори во фијаско, оставајќи ги академските тимови во неизвесност со години без официјална информација за откажувањето на проектот. Фокусот на гневот во научните кругови е програмата „Верувај во своите ...
Романија е домаќин на мултинационалната вежба на НАТО „EAGLE SPEARHEAD“, која моментално е во центарот на вниманието со Денот на посетители на високо ниво во тренинг центарот Гетица во близина на Чинцу, Брашовска област. Вежбата е организирана од Борбената група на НАТО Романија, а Франција е рамковна земја. Учествуваат околу 1.000 воени лица од седум сојузнички земји – Белгија, Франција, Италија, Луксембург, Португалија, Шпанија и Романија, ...
За прв пат по неколку недели, преоптоварените пожарникари на Грција можат да очекуваат одреден одмор на 17 август откако властите за цивилна заштита го зголемија нивото на ризик од пожари на трето, максимално ниво на скала од пет степени. Поголемиот дел од централна и јужна Грција, вклучувајќи го регионот на Атина, егејските острови, Крит и Тракија, се означени како зони на ризик од трета категорија, додека остатокот од земјата е прогласен за ...
Четворица осомничени за подметнување на десет пожари на подрачјето на Задар, меѓу кои тројца мажи од Биљане Долни и една полска државјанка, во наредниот месец ќе поминат во истражен притвор. Одлуката ја донел истражниот судија на Жупанискиот суд во Задар, Хрвоје Висковиќ, кој потврдил дека засега постои доволно ниво на сомнение за определување притвор. „Приведени се четворица осомничени поради сомнение дека сториле тешко кривично дело против ...
На социјалните мрежи се појавија фотографии од морето во близина на Ровињ полно со медузи, кои пливаат веднаш под површината, додека корисниците велат дека пливањето е речиси невозможно поради нивниот голем број. Нивните тела се јасно видливи во морето, а големиот број медузи создава впечаток дека ги има речиси насекаде околу пливачите. Бројни медузи може да се видат на различни растојанија, некои доста блиску до брегот, додека други се шират ...
Краткорочното сместување во Грција во јули ја проби психолошката граница од 200 евра за ноќ. Просечната дневна цена достигнала 200,35 евра, што е за 12,8 проценти повеќе од лани и за околу 41 евро над европскиот просек. Но, за македонските туристи кои најчесто бараат апартман на Халкидики, Тасос или во областа на Паралија, оваа бројка бара важно објаснување: 200 евра не е „цената на еден апартман во Грција“, туку просек на цел национален ...
Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека партијата ‘e оди на избори самостојно и ги отфрли шпекулациите дека има задкулисни разговори со Српската напредна партија за предизборна коалиција, објави Нова. „Во јули, главниот комитет на СПС ја поддржа мојата најава дека ќе настапиме сами на претстојните вонредни парламентарни избори и дека ќе имаме свој претседателски кандидат. Ова беше едногласно ...
Седум месеци откако Бугарија го воведе еврото, најновите бројки носат интересен пресврт: годишната инфлација во јули забавила на 4,5 проценти, но во делови од потрошувачката кошница цените и натаму растат значително. Најсилниот месечен скок е кај рекреацијата, спортот и културата – дури 11,6 проценти. Според конечните податоци на бугарскиот Национален статистички институт, цените во јули во просек пораснале за 0,8 проценти во однос на јуни. ...
Синдикатите на српските медиуми Нова.рс., Радар, Н1 и Форбс го осудуваат начинот на кој „Алпак капитал“ ги презема медиумите во Србија кои работат во рамките на групацијата „Адриа њуз нетворк“ која сè уште е дел од групацијата Јунитед. Денеска, сопственикот на таа португалска компанија, Педро Варгас Сантос Давид, на негово барање, е регистриран во Агенцијата за трговски регистри како директор на сите медиуми од групацијата – Нова.рс., Радар, ...
Спортот ги спои Хрватска и Србија во еден од највпечатливите моменти по финалето во фрлање копје на Европското првенство во Бирмингем. Хрватката Сара Колак го славеше европското злато завиткана во хрватското знаме, кога кон неа пристигна српската атлетичарка Адриана Вилагош со знамето на Србија. Двете конкурентки се прегрнаа на теренот, а фотографиите од моментот брзо се проширија на социјалните мрежи. Неколку минути претходно тие беа ривалки ...
Неколку од најпознатите медиумски брендови во Србија од денеска имаат ист човек на врвот на компаниите што стојат зад нив. Педро Варгас Сантос Давид, прв човек на португалската инвестициска групација Alpac Capital, на 17 август е запишан како директор во друштвата поврзани со N1, Nova S, Nova.rs, неделникот Radar и дневниот весник Danas. Истовремено се сменети досегашните директори. Но, регистарската промена не значи дека продажбата на Adria ...
Попладнево, во населбата Плавинац во Смедерево (Србија), избувна пожар на отворен простор во кој загина 70-годишен маж, додека момчето што се обиде да му помогне се здоби со полесни изгореници. Според информациите на „Sdcafe“, пожарот најверојатно излезе од контрола. Момчето се обиде да го извлече човекот од пламенот, но не успеа. На местото на настанот веднаш беа испратени две противпожарни возила, а пожарот брзо беше изгаснат. Сепак, за ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред една недела потврди дека е во тек финализирањето на договорот за набавка на ново оружје од Кина. Во таа прилика, тој презентираше нови детали за деловните аспекти на идната заедничка фабрика за беспилотни летала на Србија и израелската компанија „Елбит“. Откако за време на посетата на украинскиот претседател на Белград потврди дека заедничкиот објект за производство на дронови со „Елбит“ ќе биде ...
Вооружен напаѓач во саботата се обидел да застрела 50-годишен маж во главата среде кафуле во албанскиот град Елбасан, но пиштолот се заглавил, објави „Албанијан пост“. На снимките од безбедносните камери се гледа 50-годишниот Ермир Кертези, облечен во црна маица. Тој најпрво бил внатре во локалот, а потоа излегол во надворешниот дел и застанал таму неколку секунди. Неговите движења во тој момент ги следел 52-годишниот осомничен Поли Боричи, ...
Полициските службеници од Полициската управа Задар соопштија дека спровеле кривична истрага над тројца хрватски државјани на возраст од 46, 45 и 42 години и една 33-годишна полска државјанка, поради сомнение дека подметнале пожари на дури десет локации во Задарската жупанија. Јутарњи лист го пренесува соопштението за јавноста во целост: „На 15 август 2026 година, по 20 часот, полициските службеници брзо ги лоцираа и ги уапсија четирите лица ...
Дарко Младиќ, синот на генералот Ратко Младиќ, денеска изјави дека стравува оти неговиот татко неодамна доживеa и трет мозочен удар и оти Меѓународниот механизам во Хаг не го извести семејството за тоа. – Мајка ми и јас сега се подготвуваме за итно патување во Хаг. Веруваме дека татко ми неодамна доживеа трет мозочен удар, а ние не сме известени. Симптомите се слични: тој е многу слаб, едвај може да зборува на телефон, изговара само еден или ...
Српски државјанин пристигнал на граница, па останал во шок кога цариниците почнале да го претресуваат: Му пронашле 4.400 „помагала“ Српски државјанин вчера пристигнал на граничниот премин Товарник со товарно возило со српски регистарски ознаки, но не очекувал дека цариниците ќе извршат детален претрес на камионот. При претресот, цариниците откриле дека возачот се обидел тајно да внесе во Хрватска, односно во царинското подрачје на Европската ...
Сопственикот на компанијата Алпак капитал, Педро Варгас Сантос Давид, денеска и официјално е запишан како директор на сите независни медиуми членки на Јунајтед групата (United Group) во Србија. Како што може да се види во Агенцијата за стопански регистри (АПР), решенијата за именување на сопственикот на Алпак капитал се усвоени денеска, 17.08.2026 година. Од нашата мрежа Европската централна банка предупредува на ризик од нагло паѓање на… 20 ...
Во граничната област меѓу Хрватска и Србија во близина на Илок избувна пожар, кој ги зафати областите од двете страни на границата, а речиси беше изгаснат со брзата интервенција на пожарникарите, изјави Дарио Бошњак, командант на противпожарната служба во Илок. Пожарот го пријавија полицајци од станицата на хрватската гранична полиција во Илок, пренесува Хина. – Гореше од двете страни на границата и засега не знаеме каде избувнал пожарот. ...
Капибарата Капи е новиот кандидат за маскота на Евровизија 2027, која следниот мај ќе се одржи во Бургас. Предлогот доаѓа од Зоолошката градина во Бургас, каде што сметаат дека едно од најпопуларните животни на социјалните мрежи би можело да стане препознатлив симбол на музичкиот спектакл. Иако капибарата нема никаква природна врска со бугарското Црноморие, од зоолошката градина велат дека токму нејзината глобална популарност е предност. ...
Србија има човечки, економски и административни ресурси кои би можеле да овозможат посилен демократски развој, но според анализата објавена од „Данас“, главниот проблем се наоѓа во начинот на кој функционираат институциите и во концентрацијата на политичката моќ. Во центарот на анализата е претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и политичкиот модел кој во земјата се гради повеќе од една деценија. Според авторот, институциите постепено ...
Полициски службеници од Полициската управа во Задар спроведоа кривична истрага против тројца хрватски државјани на возраст од 46, 45 и 42 години и 33-годишна жена, полски државјанин под сомнение дека подметнале пожари на десет локации во Задарската жупанија. Полицијата се сомнева дека сите четири лица, според претходен план и меѓусебен договор, намерно подметнале пожари на вкупно десет локации во Задар и пошироката Задарска жупанија на 14 и ...
Бугарската влада на Румен Радев ја вгради политиката кон Македонија во својата управувачка програма со хоризонт до 2030 година, а од документот не се гледа промена на досегашната линија на Софија. Во фокусот остануваат правата на граѓаните кои се самоопределуваат како Бугари, европската интеграција и исполнувањето на веќе договорените услови во преговарачката рамка. Според анализата на „Дојче веле“, новата програма треба да биде политичка ...
Вршителката на должноста претседателка на Косово, Албулена Хаџиу, од владејачкото движење „Самоопределување“ на премиерот Аљбин Курти, ги повика претставниците на опозициските партии на заедничка средба што треба да се одржи утре, а на која ќе се разговара за излез од институционалниот застој настанат поради нецелосното конституирање на Собранието на Косово. Целта на средбата е да придонесе кон политичкиот дијалог за изборот на претседател, ...
Пожарниот фронт во Перистерија, на грчкиот остров Саламина, недалеку од Атина, е стабилизиран, но противпожарната служба останува во состојба на готовност поради ризик од разгорување, објавија денес грчките медиуми. Пожарникарите се активни во областа и се распоредени на различни локации за справување со расфрлани пожари и чад, објавува EPT News. Грчкиот портал „Катимерини“ во неделата објави дека најмалку две лица загинале во пожарот , 10 се ...
Европа се бори со тешките последици од пожарите ова лето. Според најновите податоци од Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), објавени на 17 август 2026 година, досега во Европската Унија се изгорени дури 576.027 хектари земјиште. Иако оваа бројка е помала во споредба со истиот период во рекордната 2025 година (кога до средината на август беа изгорени повеќе од 713.000 хектари), штетата е сè уште драматична. Овогодинешниот ...
Ова лето, српската сообраќајна полиција за прв пат масовно крена дронови над автопатите, и тоа токму на делниците каде што најмногу возила минуваат кон морето. Првите акции се снимени на патот Нова Варош – Борова Глава, на една од најфреквентните делници кон црногорскиот брег, токму за време на викендот кога сообраќајот беше најгуст. За само неколку часа работа, дронот регистрираше 15 нелегални престигнувања преку целата линија – прекршоци ...
22-годишен државјанин на Молдавија трагично почина откако се удави во морето во близина на Ахтопол. Смртоносниот инцидент се случил на плажата Делфин, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи - Бургас. Инцидентот е пријавен околу 13:45 часот на 15 август во Регионалната канцеларија Царево. Младиот човек влегол во водата на плажата Делфин, која се наоѓа на територијата на Ахтопол, каде што починал. Телото на ...
Големите бранови и силниот летен ветер во Егејското Море им создаваат сериозни проблеми на дел од туристите кои патуваат со брзите траекти меѓу грчките острови. На социјалните мрежи во последно време се појавуваат сè повеќе снимки и сведоштва од патници кои тешко го поднесуваат силното нишање на пловилата, поради што некои од брзите линии добиле и неславен прекар – „Експрес за повраќање“. Проблемот особено доаѓа до израз кога брзите траекти ...
Полицијата спроведува кривична истрага против четири лица поврзани со пожарите во областа Задар. Тие беа уапсени синоќа во пошироката област Бенковац, откако граѓани пријавија сомнително однесување, соопшти Полициската управа во Задар. Дојава за сомнителни движења на четири лица во областа Бенковац беше примена во саботата по 20 часот. Полицијата реагираше веднаш и темелно го пребара подрачјето, а набрзо го пронајде и запре сомнителниот ...