
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



„НП Маврово е место кое треба да се доживее!“ НП Маврово оваа година одбележува голем јубилеј – 70 години постоење. Како течат подготовките за овој значаен настан и со какви се` активности ќе биде одбележано седум децениското постоење на Националниот парк? -Да, точно така. Оваа година славиме голем јубилеј 70 години од прогласувањето на оваа територија за заштитено подрачје Национален парк. Но, пред да ви одговорам на прашањето околу ...
Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури, параглајдеринг, кајакинг, искачување по карпи, нуркање, јавање на коњ. За сите гурмани и етно-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи ...
Преработувачите на овошје и зеленчук предупредуваат дека ги црпат последните резерви, како во обртни средства, така и во залихи. „На подолг рок неминовно ќе почнат да се книжат загуби и ќе се рефлектира негативно врз можноста за отплата на обврски , што секако ќе доведе до затворање на некои погони и фабрики кои едноставно економски ќе колабираат“, изјави за локално Виктор Петков- сопственик на компанијата „ВИПРО“, една ...
Веројатно за многумина е сон или мисија која никогаш нема да биде исполнета, но за младото семејство Тапшанов е секојдневие. Драган, со сопругата Едит и синот Марк, со камп приколка патуваат низ Европа и живеат авантуристички живот во дом на тркала. Драган е фоторепортер од Скопје, кој пред многу години го напуштил домот и кој со години преку својот блог ни го испорачува светот на дланка, сликан од перспективи кои откриваат емоција и душа. ...
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини се сомнева во најавите на Владата дека со новото прекројување на буџетката каса во целост ќе се ублажат последиците од кризата. „Мене ми изгледа многу популистичка и демагошка најавата дека ќе се намалат 200 милиони непродуктивни трошоци кои ќе бидат наменети за најпогодените сиромашни слоеви од населението“, вели Хајредини во интервју за „Локално“, забележувајќи дека ...
Универзитетскиот професор и поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници, Цане Т. Мојаноски, во интервју за Прес24 оценува дека процесот за конечно добивање на автокефалност за МПЦ-ОА се движи во добар правец, иако постојат оправдани стравови војавноста, но сепак смета дека сега за разлика од минатото, состојбите се дрматично променети, а во тој контекст е и новиот развој на односите МПЦ-ОА – СЦП. -Всушност тоа е одговор ...
Жанета Ристевска Во последните години многу луѓе од Битола и цела држава заминуваат во различни краишта низ светот… Различни реални приказани за живот, работа, докажување… во туѓа земја, со сите тешкотии и предизвици кои ги носи. Една од нив е и приказната на Јулијана Здравковска од Битола. Таа елиценциран агент за продажаба на недвижнини и сопственичка на агенцијата “BLUE HOUSE“ – real estate Переа, Солун ...
Со Гизела Бошковска, активист за заштита на животните во „Анима мунди“ зборуваме за (не)решавањето на проблемот со бездомните животни на скопското подрачје и за мерките коишто би требало да се преземат. Проблемот со бездомните животни на подрачјето на Скопје никако да се реши или барем да почне значително да се менува. И натаму по населбите гледаме многу вакви животни, има информации за каснати и нападнати граѓани… – Не ...
Токму така завршија повеќето други пандемии со респираторни вируси. Тие се шират како оган и потоа, на крајот, повеќето луѓе или се вакцинираат или се заразиле и кога населението го достигнува колективниот имунитет, пандемијата завршува, вели во интервјуто за НоваТВ проф.д-р Драган Даниловски, епидемиолог. Во оваа ендемична фаза, вирусот ковид-19 веќе ја постигна својата цел да воспостави рамнотежа со својот домаќин – луѓето. Може лесно да ...
Научната писменост е важна за децата поради потребата да не се земаат работите здраво за готово. Ако ние ги научиме децата да поставуваат прашања и да извлекуваат заклучоци, тогаш кога ќе пораснат, ќе имаат моќни алатки за приспособување на светот, а можеби и за негово подобрување, вели Никола Стиков, професор на Универзитетот на Монтреал, Канада. Стиков (43), е професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на ...
Ондер Хасдемир, комерцијален директор на Diamond Mall во интервју за еМагазин вели дека од стартот на изградбата на новиот трговски центар, кој е дел од комплексот Diamond of Skopje, со огромна посветеност се работи на негово поврзување со природата и целокупниот простор. Уникатното позиционирање на Diamond Mall и ексклузивната локација на само 500 метри оддалеченост од главниот градски плоштад во Скопје, се главните предности на новиот трговски ...
Ја запеа „Билбил пее" и никого не остави рамнодушен. Нејзината чиста емоција директно од планинската шир, како ехо одекна на градскиот асфалт. Таму каде што луѓето постојано некаде брзаат и заборавиле колку е величествена музиката кога ти пее грло – славеј. Но, Зарина Првасевда нѐ потсети и со својот раскошен глас нѐ прегрна. Нѐ поведе сите на нејзиното патување низ традиционалната балканска музика. И како што ќе каже и самата, ...
За поранешниот гувернер на Народната банка, професор Љубе Трпески, надолните корекции за економскиот раст и високата инфлација се логична последица на случувањата во Украина и цените на храната и енергенсите. Но проблемот кај нас е поизразен, вели тој во интервју за „Локално“, поради тоа што Македонија е увозно зависна земја и потешко ќе ги поднесе последиците во однос на земјите кои имаат свои извори на енергија. „За првпат во ...
Сеавус Едукативниот и Развоен Центар (SEDC) пред неколку години ја основаше Академијата за програмирање, во рамките на која се изучуваат и основите и најпознатите технологии на Front-end развојот. Интеракцијата помеѓу корисниците и веб апликациите се остварува преку Front-end. Истото се нарекува и „клиентска страна“, односно сето она што се прикажува при навигација во веб-прелистувачите, како текст, слики, полиња за внесување, ...
Бизнисмените предупредуваат дека во ситуација на криза и континуирано растечка инфлација, на економијата најмалку и требааат политички превирања, најави за блокада на Собранието или барања за предвремени избори. Според претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија, Дрилон Исени, економските капацитети се „изморени“ од сите овие случувања во последните години и не им оди во прилог политичка криза која дополнително ...
Кога треба накратко да се опише Македонија, најчесто се споменуваат два елементи – едниот е историјата, културата и традицијата, а другиот е природата. Но, кога фалбите за тоа колку нашата природа е убава, богата и разновидна треба да се преточат во реална грижа за неа, работите стануваат покомплицирани. Ниту има доволно податоци за природните вредности, ниту и тие што ги има секогаш се земаат предвид кога се одлучува за изградбата на ...
„Јавноста треба да знае дека овој чин е еден од плодовите на Преспанскиот договор. Без решавање на македонско-грчкиот спор за името ова немаше ни да се покрене, а камоли да се случи. СПЦ најверојатно ќе и предложи на МПЦ-ОА статус на автономна посебна или независна црква, што е за една градација помалку од автокефална црква. Ќе видиме како на тоа ќе реагира Синодот на МПЦ-ОА. Вселенскиот Патријарх, не може да го потпише томосот за давање ...
За Бранимир Јовановиќ, истражувач во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, одлуката на НБРМ да ја зголеми основната каматна стапка е добра , но само доколку во понатошниот период не ја крене премногу. Во интервју за „Локално“, тој предупредува дека референтнта камата не смее да се зголеми над 2% , затоа што тоа според него ќе доведе до покачување на каматите и кај комерцијалните банки и ќе создаде дополнителен товар за ...
„Одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија за признавање на нашата црква за канонска е еден од неколкуте поважни настани во најновата државна историја рамен со други слични достигнувања како на пример стекнувањето на независноста. Имено, тоа што е 8 септември 1991та за нашата држава и за нејзините граѓани, сметам дека тоа е 9 мај 2022та за современата наследничка на древната Охридска архиепископија и за нејзините верници, Што мисли ...
Неопходно е да се апелира на користење на редовна контрацепција, скрининг за сексуално преносливи инфекции (СПИ), особено по секој незаштитен сексуален однос и навремен третман на овие инфекции, бидејќи неинформираноста на адолесцентите ја става во ризик сета нивна репродуктивна иднина и ја загрозува нивната плодност, вели во интервјуто за НоваТВ проф. д-р Глигор Тофоски, гинеколог-акушер и претседател на Македонска асоцијација на гинеколози и ...
Затворањето на кинеските пристаништа поради повторно ширење на пандемијатата е уште еден во низата удари врз македонските превозници и шпедитери. Во моментов, меѓу складираните стоки кои со недели стојат во некои од контејнерите има и заглавени производи и репроматеријали за Македонија. Во интервју за „Локално“, претседателот на Македонската асоцијација на меѓународни шпедитери и логистички оператори (МИФА), Ѓино Шкријељ предупредува ...
Според еден од најголемите познавачи на состојбите во енергетика особено во снабдувањето со природен гас, Митко Андреевски, кој е поранешен советник за енергетика на екс премиерот Зоран Заев, обвинувањата за неисплатливост на проектот Александрополи, кои се појавија во јавноста во последниве неколку денови, се комплетно неосновани. Тврдењата се тенденциозни и лажни, вели тој во интервју за „Локално“. „Деновиве се изнаслушав ...
Кога му се обратив на Јован Тасиќ, доктор по традиционална медицина и му понудив интервју, го добив овој одговор: „Не давам интервјуа по меил. Прво дојдете да разговарате со моите пациенти, па потоа решете дали ќе направиме интервју“. Му го побарав телефонскиот број и веднаш му се јавив. „Вашата ординација е во Нови Сад и ќе биде тешко да дојдам“ му појаснив. Следуваше изненадување. „Јас сум во моментов во Скопје, ...
Очекуваниот рок за изградба на хидроцентралата Чебрен, заедно со акумулацијата Орлов Камен е предвиден на 7 години, имајќи предвид дека се работи за огромна брана со висина од над 190 метри. Вештачката акумулација ќе биде најголема во нашата држава, вели во интервју за „Локално“,Виктор Андонов соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, при Секретаријатот за јавни политики ...
Искра Мишиќ е долгогодишен водител на разни забавни емисии, а во последниве години ја гледаме на Утринската програма на Алфа телевизија - „Добро утро секое утро“. Веројатно голем дел од вас ќе се согласите дека станувањето рано наутро би го замениле за било што, само да поспиете уште малку. А, дали некогаш сте се запрашале како успеваат водителите на утринските емисии секогаш уште од 5 часот да бидат будни, одморени, насмеани, ...
Сандра Газинковски, Македонка, борец за Слобода и општествени промени е правата Македонка пратеничка во словенечкиот Парламент. Беше избрана на последните избори, како кандидат на партијата што го собори Јанез Јанша од власт. Освои речиси двојно повеќе гласови од нејзиниот главен противкандидат. -Во Словенија мораше да се случи СЛОБОДА. Со години на политичката сцена имаме исти луѓе кои опшетвото го оставаат на апарати за преживување. Власта ...
SEED+ во пракса ќе значи дополнително намалување на времето на чекање на премините, поедноставени процедури за инспекција, намалени формалности и помали трошоци На состанок во Будва Секретаријат на ЦЕФТА го претстави SEED + надградена верзија на Електронската размена на податоци кој ги подобрин трговските текови и ги поврза електронски Царинските служби на ЦЕФТА потписничките. SEED + дополнително ќе ја зголеми ефикасноста на трговските текови и ...
Никола Маркоски : Од студиите во Минхен и Москва до најмлад директор во „Брако“ : Имаме капацитет да се натпреваруваме со европските земји во областа на инженерството и иновациите „Брако“ , преку соработката со Машински Факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, директно ја поддржува македонската наука преку примена на истата. Во секторот „Истражување и развој “ или во секторот ...
Што значи редовно следење на нивото на шеќер во крвта и како тоа се одразува на квалитетот на живот на луѓето со дијабетес? Редовното следење на нивото на шеќер во крвта е составен дел на мерките за успешното справување со дијабетесот. И за пациентот и за лекарот неопходен е континуиран надзор на гликемиската регулација во организмот, процес во кој мора активно да учествуваат самите пациенти, децата со тип 1 дијабетес и возрасните со тип 2 ...
Опсервер: По кризата предизвикана од пандемијата токму во моменти кога се очекуваше економијата полека да заздравува се надоврзаа неповолните импликации по стопанството предизвикана од војната во Украина. Како „Брако“ се справува со новосоздадената криза и колку оваа криза влијае врз деловните активности на компанијата? Атанасов: За жал околностите се такви да кога цел свет очекуваше стивнување на пандемијата со Ковид-19 и постепено ...