Охрид, 14. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид одбележува 80 години од раѓањето на Иван Карадак – македонски писател, драматург, афорист и сатиричар. Предвидено е обраќање на неговата ќерка, поетесата Марта Маркоска, која ќе даде и осврт кон неговото творештво, ќе биде отворена меморијална поставка, а ќе има и специјално издание на легендарното „Хихириху 2026“ на актерот и комичар Марјан Георгиевски, инспирирано од афористичкото и сатирично ...

На програмата на 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е содржина од музичкиот дел, со целовечерниот солистички концерт на рускиот пијанист Александер Мелников. Александер Мелников е дипломец на Московскиот конзерваториум во класата на Лев Наумов, а уште на рана возраст лично го запознава Свјатослав Рихтер кој подоцна редовно го поканува на неговите фестивали во Русија и во Франција. Мелников е добитник на бројни награди и ...

На 14 јули започнува шестото издание на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, во организација на Музичка младина на Македонија, кој и оваа година ќе ја претвори Битола во место на музичка размена, креативност и меѓукултурен дијалог. Во периодот од 14 до 24 јули, млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија ќе работат заедно, учејќи традиционална ...

Пристигна новиот акционен трејлер за „Дина: Трет дел“ ( Dune: Part Three), кој го дава најновиот и најсеопфатен поглед досега на долгоочекуваното последно поглавје од научно-фантастичната трилогија. Во „Дина: Трет дел“, Шаламе се враќа како Пол Атреидес, продолжувајќи ја приказната по неговото доаѓање на власт на крајот од вториот дел. Приказната е инспирирана од романот „Дина: Месија“ на Френк Херберт и се одвива 17 години по настаните од ...

Еден кадар може да зачува традиција, еден филм може да зачува цел народ. Токму затоа Интернационалниот етнографски филмски фестивал (ИЕФФ) е со свое важно место на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола. Фестивалот е своевиден медиум каде што културното наследство продолжува да живее, а различните светови се среќаваат на едно платно. Од 18 до 26 јули, во рамките на „Илинденски денови“, ќе бидат прикажани филмови што патуваат низ времето, ...

Со силни пораки за мир, надеж, солидарност и зачувување на идентитетот во време на глобални политички тензии, воени конфликти и длабоки поделби, синоќа во Охрид беше крената завесата на најголемата и најпрестижна културна манифестација во земјава – фестивалот „Охридско лето“. Прогласувајќи го фестивалот за отворен, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека во ера на превирања, културата останува единствениот автентичен простор ...

Половина државен врв и дипломатите годинава се симнаа од камените трибини во партерот на отворањето на 66. Охридско лето, синоќа, со спектакуларна оперска гала вечер „Љубов“, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, оставајќи впечаток дека сакаат да бидат поблиску до културата, но и до камерите и фотоапаратите. Во меѓувреме, дамите се натпреваруваа со впечатливи, џиш гламурозно тоалети, особено претседателката Гордана ...

Во Холивуд постојат лица кои се паметат по филмовите, наградите и црвените теписи. Но животната приказна на Миа Фароу е многу повеќе од актерска кариера. Таа е приказна за една жена која го помина најголемиот дел од животот во центарот на вниманието, но најдлабоките рани ги доживеа далеку од камерите – како мајка. Миа Фароу, една од најпознатите актерки на својата генерација, го изгради својот идентитет околу семејството. Таа стана мајка на ...

Љубовта заврши, музиката остана: Боно и Тами сепак ја објавија „Бамба“ Објавена во: 13 Јули, 2026 14:22 Македонската музичка сцена доби уште едно свежо летно издание. Борјан Илковски Боно и Тамара Димчевска Тами ја објавија својата нова песна „Бамба“, заразна поп-денс нумера со модерен урбан звук, динамичен ритам и рефрен што лесно останува во глава уште по првото слушање. Она што ја прави оваа објава уште поинтересна е приказната зад ...

Најпознатата македонска свадба и оваа година ги исполни галичките улици со музика, обичаи, емоции и илјадници посетители. Преку серија рилови, Трн и Телеком ја донесоа атмосферата од Галичката свадба директно до публиката, а низ приказната нè водеа Дениз Абдула и Ана Стојановска. Нивното патување започна со потрагата по свадбената поворка, која ги одведе низ тесните галички сокачиња, меѓу зурли, тапани, концерт на Дупер и бројни насмеани ...

Во Народниот театар Битола се одржа прес конференција по повод најновата претставата „Кориолан“ на Шекспир, во адаптација и режија на американскиот режисер Џон Блондел. На 15 јули, со почеток во 20:00 часот, една од најмоќните политички трагедии на Вилијам Шекспир, ќе оживее под отворено небо, во магичниот амбиент на Предворјето на црквата „Св. Софија“, како дел од програмата на Охридско лето. Беа споделени и информации за претстојните ...

Белгискиот актер Јаник Рение на денешната прес конференција во Дојран рече дека ги гледал другите филмови на Елен Кате и Бруно Форцани додека се подготвувал за улогата во филмот „Одразот во мртвиот дијамант“. Кастингот е мошне важен во секој филм, мора да се разбираме меѓу себе додека работиме и јас навистина уживав додека го работев филмот. Станува збор за доверба, не може се да контролираме и затоа мора да си веруваме, рече актерот додека ...

Додека во последните месеци јавноста често се расправаше за тоа дали Хрватска и нејзиното крајбрежје станале премногу скапи, публикацијата го отвори прашањето колку цените во другите популарни европски туристички дестинации се всушност споредливи со Хрватска, како и дали таквите споредби се воопшто оправдани. Администраторот на страницата каде била објавена спорната сметка, напишал дека истата приказна се повторува во медиумите со денови - ...

„Рацин(е!)“ е студија од професорката Марија Ѓорѓиева-Димова, која излезе од печат во издание на „Паблишер“ и претставува значаен придонес кон рационологијата. „Студијата ‘Рацин(е)!’ на Марија Ѓорѓиева-Димова, без сомнение, претставува едно впечатливо, оригинално, теориски и илустративно цврсто засновано толкување на поезијата на Кочо Рацин во контекст на неговото и на нашето време, од поетичка, но и од културолошка и од историска ...

Почна снимањето на 13-та сезона од популарната ТВ-серија „Американска хорор приказна“, па првите фотографии од сцената веднаш го привлекоа вниманието на обожавателите. Сара Полсон, Ема Робертс, Френсис Конрој, Габури Сидибе и Лесли Гросман се забележани на улиците на Њујорк во препознатливата црна облека, објави „Пипл“ (People). Toa предизвика гласини дека вештерките од сезоната „Завет“ се враќаат, пишува „Џаст џејрд“ (Just Jared). На ...

Сценариото за филмската адаптација на нејзините мемоари, „Жената во мене“, ќе го напише четирикратно номинираната за Еми авторка Лиз Мериведер. Проектот ќе го продуцира Марк Плат, еден од продуцентите на „Злобниот“, а ќе го режира Џон М. Чу. „Универзал“ ги стекна филмските права за мемоарите во август 2024 година, кога проектот беше лансиран со учество на Плат и Чу. Сега е познато кој ќе ја обликува приказната за животот на една од ...

Неколку значајни изданија на Frontline Press и ЦИВИЛ се достапни во книжарницата „Или-Или“. Во време кога цените вртоглаво растат, оваа акција нуди навистина пријателски цени (100 денари по примерок), како дел од заедничка акција на издавачите и книжарницата во екот на летните одмори. Изданијата на Фронтлајн Прес понудени во оваа акција отвораат важни прашања за политиката, вештачката интелигенција, митологиите на моќта и современите ...

Кога италијанскиот филмски продуцент Карло Понти ѝ ветил на младата Софија Лорен дека еден ден ќе ѝ подари „најубава куќа во светот“, тоа не било само романтично ветување. Тоа станало архитектонски проект, симбол на нивната љубов и еден од највпечатливите приватни домови поврзани со златната ера на Холивуд. Во ерата кога филмските ѕвезди се натпреварувале со раскошни палати и екстравагантни резиденции, домот на Софија Лорен и Карло Понти бил ...

Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на ЛАЗАР на Светозар Ристовски. 13 јули | 19:00 часот Cineplexx Влезот е бесплатен. ЛАЗАР – Светозар Ристовски. Приказна за илегалниот транспорт на мигранти и бегалци. Откако таткото на Лазар го напушта семејството, тој мора брзо да порасне и почнува да се занмава со шверцување мигранти преку грчко-македонската граница. Но ...

Во издание на „Матица македонска“ наскоро излегува „Раскинување на договорот“ / „Λύση Συμβολαίου“, дебитантската двојазична стихозбирка на Сотирис Минас – книга во која македонскиот јазик станува чин на солидарност, отпор и достоинство Во време кога јазикот и идентитетот сè уште знаат да бидат предмет на премолчување, притисок и политички калкулации, од печат наскоро ќе излезе книга што не може да се прочита само како книжевен настан. ...

Новиот филм на оскаровецот Павел Павликовски, „Татковина“, ќе го отвори 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал. На свеченото отворање на 14 август, пред фестивалската публика ќе се поклони и самиот режисер, кој со овој филм ја заокружува својата трилогија за Студената војна. „Татковина“ светската премиера ја имаше на годинашниот Кански филмски фестивал, каде што Павликовски ја освои наградата за најдобар режисер. Историската драма го ...

Охрид, 13. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 22 до 26 јули Охрид ќе биде домаќин на 9 издание на Beach Film Festival. Под ѕвезденото небо, покрај езерото и помеѓу брановите, повторно се среќаваме со филмот. – Beach Film Festival се враќа во Охрид од 22 до 26 јули, носејќи нови европски приказни, незаборавни проекции и пет дена исполнети со кино, разговори и лето. Претпрограмата е на 21 јули, а ќе бидат прикажани два долгометражни филмови на плажата ...

До крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2026), пристигнаа 24 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата се 27 македонски преведувачи. Книгите се објавени од 9 издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги или избори од творештвата) на 22 странски автори, а кога ќе се земат предвид и двете антологии, вкупно се ...

„Културата е еден од најважните столбови на идентитетот и дијалогот меѓу народите, а настаните како „Охридско лето“ сведочат дека уметноста има моќ да ги обединува луѓето без оглед на разликите“, велат од Влен. „Отворањето на 66. издание на меѓународниот фестивал „Охридско лето“, со величествениот настап на светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо, придружувана од Оркестарот на Операта и Балетот, означи достоинствен почеток на ...

Ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција на 16 јули ќе го отвори јубилејното 20-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ во античкиот локалитет Хераклеја во Битола. Годинашното јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ ќе биде отворено со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во ...

Штотуку објавената „Страв од плетење“ од Ведрана Рудан, во издание на „Панили“, е достапна за македонските читатели преку „Матица македонска“. Првите примероци од книгата се вклучени во летната акција „Со книга на плажа“ и се достапни во книжарниците на „Матица“ и онлајн преку „Матица“, со специјален летен попуст. Со вклучувањето на „Страв од плетење“ во акцијата „Со книга на плажа“, „Матица македонска“ и ова лето ја потврдува својата ...

Мик Џегер изјави дека „Ролинг стоунс“ се надеваат дека ќе одат на турнеја откако на 10 јули го објавија новиот албум „Foreign Tongues“. Претходниот албум „Hackney Diamonds“ од 2023 беше проследен со северноамериканска турнеја во 2024 година. Ова е втор студиски албум на „Стоунс“ по смртта на тапанарот Чарли Вотс во 2021 и 25-ти откако групата беше формирана во Лондон во 1962 година. „Се надеваме дека ќе одиме на турнеја. Рони Вудс и јас сме ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа работна средба со еден од најпознатите македонски актери, Младен Крстевски. Настанот беше посветен на афирмацијата на македонската култура и уметност, како и на продлабочувањето на културната соработка и поврзаноста меѓу Македонците. Во срдечна и творечка атмосфера беа разменети мислења за улогата на уметноста во зачувувањето на македонскиот идентитет, како и идеи за нови ...

Македонскиот КИЦ во Белград и Министерството за култура и туризам, почнуваат со проект за поддршка на млади музички таленти кои учат, студираат или живеат во Р. Србија. Еден од најталентираните, несомнено е младиот гитарист Коста Давчевски, кој во моментов е најнаградуван млад гитарист во Р. Србија, а српската музичка критика веќе го нарекува млад виртуоз на гитара. Вечерва (13 јули) во 20 часот, неговиот концерт насловен како „Јулска нотна ...

Сем Нил, разновидниот новозеландски актер чија кариера опфати добитници на Оскар и блокбастери како „Пијано“ и „Паркот Јура“, почина на 78-годишна возраст. Смртта на Нил беше објавена преку соопштение споделено на неговиот инстаграм профил. Не е наведена причината за смртта, но Нил неодамна откри дека е излекуван откако му беше дијагностициран еден вид на рак на крвта во 2022 година. „Загубата беше ненадејна и неочекувана, но благословена од ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
100%
1027
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
69%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -2ᴼ
2.57
93%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Кобалт

33.53