Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Со гала-концертот „Љубов“, на кој настапија сопранот Ермонела Јахо и тенорот Чарлс Кастроново, синоќа во Античкиот театар беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Која е Ермонела Јахо, гласот што ја одушеви публиката со импресивниот настап на отворањето на Охридско Лето? Ермонела Јахо е меѓународно призната како една од најистакнатите оперски пејачки актерки денес, прославена по нејзиниот длабок емоционален интензитет и ...
Со спектакуларна оперска гала вечер, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, синоќа свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност. Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни ...
Хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга ќе одржи концерт во Охрид на 29 јули од 21 часот во Античкиот театар, објави приодукцијата „Евентум“. Розга во Охрид ќе ја промовира и новата песна „Љуби ме“, која неодамна премиерно ја претстави на фестивалот „Мелодии на Јадранот“ во нејзиниот роден град Сплит. „Возбудена сум што новата песна ќе ја отпеам и пред публиката во Македонија. Охрид има посебна енергија и едвај чекам да видам како луѓето ќе ја ...
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), на јубилејното 30-то издание на манифестацијата „Празник на липите“, на македонскиот поет Ристо Василевски му ја врачи наградата „Книжевен жезол“ за неговиот повеќедецениски книжевен опус со високи естетски вредности. Македонскиот поет, есеист, писател за деца, антологичар, книжевен критичар, преведувач, издавач и академик Ристо Василевски (1943, с. Наколец, Преспа) се школувал во родното место, ...
На 13 јули, во 20 часот, Дрим ќе стане сцена за автентичен 40-минутен пловен мини концерт. Europe House Struga верува дека најдобрите идеи се оние што ја поврзуваат локалната заедница, креативноста и јавниот простор. Затоа со особено задоволство ја поддржуваме оваа уникатна иницијатива на Коста Костоски која претставува уникатно музичко доживување што ги спојува локалната музичка сцена, природата и летната атмосфера на градот. Настапуваат: ...
Во вторник, на 14 јули во 20,30 часот во Музеј на град Скопје во рамки на Скопско лето ќе биде отворена изложбата „Трага во времето“ – 10 години џез оркестар, документирана изложба и концертен настап на Националниот џез оркестар. JAZZ10 е визуелна архива на десет години современ македонски џез, со фотографии, материјали и приказни што сведочат за сцената и музичарите што ја обликуваа оваа деценија. Проектот ја отвора приказната за една сцена ...
Пишува: Александра Тодоровиќ Постојат филмови кои освојуваат со големи приказни. И постојат филмови кои зборуваат толку тивко, што ако не ги слушате внимателно, ќе ви избега сето она најважното. „Држи се за мене“ на кипарската режисерка Мирсини Аристиду, кој синоќа го отвори Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, припаѓа токму на втората категорија. Минималистички, речиси медитативен филм кој не се потпира на големи ...
Европската комисија ја потврди конечната одлука за повлекување на грантот од два милиони евра кој беше наменет за Венециското биенале за тригодишниот период од 2025 до 2028 година. Ваквиот чекор следува по евалуацијата на објаснувањата од страна на менаџментот на Биеналето во врска со контроверзното повторно отворање на рускиот павилјон, кои беа оценети како недоволни. Еврокомесарката Хена Виркунен преку објава на социјалната мрежа Икс ...
Актерката Александра Војводиќ Јововиќ од Црна Гора која во Сарајот во Ресен ја одигра претставата „Aurura Amoris“, според Владимир Мајаковски во режија на Горан Бјелановиќ, е годинешен добитник на фестивалското признание „Актерот на Европа 2026“, што го доделува истоимениот фестивал во Ресен. На синоќешното свечено затворање беше соопштено дека традиционалното фестивалско признание „Актер на Европа 2026“ на актерката Војводиќ Јововиќ и се ...
Во рамки на Скопско лето вечер во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи камерниот концерт насловен „Неочекувани поврзувања: Класичната музика и светот на тангото“ на ФЕЈМС Институтот. Ова е втор концерт на јулската концертна серија на ФЕЈМС Институтот и ќе се одвива под водство на реномираните уметници Веско Ешкенази и Стојан Караиванов, со учество на пијанистката Викторија Бојанова, велат организаторите. ...
Во селото Туминец, Општина Пустец на 29 јули ќе се одржи фолклорниот фестивал „ПРЕСПА”, што се совпаѓа со одбележувањата на патронот на познатиот манастир „Света Марена”. Покровител на овој значаен настан е премиерот Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво “Преспа”, Здружението „ВМРО ДПМНЕ АЛБАНИЈА” и Општина Пустец. -Македонскиот фолклорен фестивал „ПРЕСПА“ повторно ги обединува Македонците преку песната, ...
Пониква и годинава ги прими Власите и почитувачите на нивната култура и традиција на 19. издание на влашкиот етнофестивал „На Петровден сите на планина“. Во организација на влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје, а со поддршка од Општина Кочани, на настанот учествуваа домашни пејачки групи од Скопје, Крушево и Штип. На отворањето на фестивалот, присутните учесници и гости ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, ...
На 8 август, на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи музичкиот С.О.С. фестивал, во рамките на Бит фест 2026. Настапуваат „2Бона“, Тони Зен со својот бенд во живо и Влатко Лозаноски-Лозано, со своите најголеми хитови. Фестивалот е во организација на „Фреш Унион“. „Настанот е замислен како промоција на квалитетната домашна музика и поддршка на македонската сцена, без кич и турбо-фолк. Драго ни е што ќе настапат едни од најпуларните ...
По четири години активни настапи, регионални гостувања и континуирано градење на својот авторски израз, Дина Јашари ова лето и есен ја реализира својата прва поголема турнеја низ Македонија, со концерти во седум градови низ земјата. Турнејата почна на 2 јули во Скопје, со настапот на Дина Јашари како предгрупа на „Дјуран Дјуран“ во арената „Борис Трајковски“, а продолжува со серија концерти низ Македонија во текот на јули, август и ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 339, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (11-12.7.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со актерот Тони Наумовски, добитник на наградата „Мето Јовановски“ на фестивалот „Преку езерото“: Секое градење лик е одисеја сама по себе – разговор со Ристо Василевски, добитник на наградата „Книжевен жезол“ на ДПМ: Поезијата ќе ...
На самиот излез од Велес, од десната страна на патот кој води кон Градско, во близина на Крзнарницата, се наоѓа еден од најинтересните и најмистични верски објекти во овој крај – манастирот „Св. Димитрија“. Овој храм со векови бил обвиен со тајни и преданија. Според народните раскажувања, црквата била затрупана и скриена под земја цели пет века, сè до нејзиното повторно откривање и обновување во 1855 година. Црквата претставува еднокорабна ...
Со концерт на еден од најрепрезентативните кинески симфониски оркестри, Ningbo Symphony Orchestra, на 14 јули во 20:00 часот во НУ Центар за култура – Битола, започнува програмата на 56. Интернационален фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. За првпат во Битола ќе настапи оркестар кој за само една деценија стана еден од најзначајните културни амбасадори на Народна Република Кина и препознатливо име на светската симфониска ...
Вечерва, 11 јули 2026 (20:30 часот), Кинотеката на Македонија ве поканува на проекцијата на македонскиот филм „Хај-Фај“ (1987) – дебитантскиот долгометражен игран филм на режисерот Владимир Блажевски, снимен по сценарио на Горан Стефановски. Ова значајно остварување на македонската кинематографија низ интимна семејна приказна го истражува судирот на генерациите, идеолошките поделби и сложениот однос меѓу татко и син, без да ја изгуби својата ...
Во “Окованделија“, новиот алтернативен уметнички простор кој се наоѓа во поранешната фабрика “Прогрес“ во Битола пред голем број љубители на уметноста беше отворен мултимедијалниот перформанс “A tree is a tree“ во кој беа вклучени четворица уметници од Македонија и Италија, Васко Ѓеоргиев, Омрета Долгиоти, Фиамета Белати, а перформанси се создадени од Клаудија Пиколо, Пако Вескови, Нувола Роси и Пакоо Вескови.Изложбен простор “Окованделија“ ...
Утревечер во барот „Љубов“ со почеток во 20 часот започнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Настанот се случува во рамки на програмата на Скопје прајд викенд. Караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ е серија настани низ шест градови во земјава (Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Тетово и Штип) фокусиран ...
Претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, повторно на сцена ќе го врати еден од нашите најуспешни режисери во историјата на македонскиот театар, Иван Поповски, на македонска сцена. Премиерата ќе биде на 13 јули (понеделник) во 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш ...
Ви пренесуваме дел од атмосферата на концертот на џез-составот Next to Silence што се одржа во Сули ан, во Старата скопска чаршија, во рамки на фестивалот Скопско лето. Тие изведоа музика што ја снимија неодамна, а која сè уште не е издадена на албум. Музиката е сочинета од шест наративни точки кои звучно илустрираат различни поимања на светот. Членови на Next to Silence ce: Кирил Кузманов, саксософон, Ади Имери, гитара, Филип Димишковски, ...
Од Тилда Свинтон во Шанел до Синтија Ериво во Баленсијага Париската недела на високата мода заврши, оставајќи ни многу нови идеи за размислување. Во сезоната есен 2026, колекциите како онаа на Матије Блази за Шанел нè потсетија дека високата мода, и покрај својата разиграност и врвна изработка, не мора да ја жртвува човечноста. Други, особено првото појавување на Дјуран Лантиник во високата мода за Жан Пол Готје, го направија токму ...
На летната тераса на „Паблик рум“ во Скопје, вечерва во 21 часот ќе настапи бендот „Допамин“. „Допамин“ е бенд што носи моќна рок и фанк енергија, безвременски хитови и заразна сценска присутност. Со својот современ звук и автентичен пристап, оставаат силен впечаток на секој настап. Влезот за концертот е слободен. Сподели На летната тераса на „Паблик рум“ во Скопје, вечерва во 21 часот ќе настапи бендот „Допамин“. „Допамин“ е бенд што ...
Охрид ова лето ќе биде една од најголемите концертни сцени во регионот. Во период од втората половина на јули до крајот на август се најавени повеќе од 15 концерти на домашни, регионални и светски музички имиња, кои ќе настапуваат на Античкиот театар, стадионот „Билјанини Извори“ и Долни Сарај. Концертната сезона започнува на 24 јули со настапот на „Силви бенд“ во Долни Сарај. Веќе следниот ден, на 25 јули, се одржуваат два големи концерта – ...
Во архитектурата, мостовите најчесто се симбол на совладување на природата. Тие се издигнуваат над реките, долините и патиштата, демонстрирајќи ја човечката инженерска моќ. Но, во Холандија постои еден мост кој го прави спротивното, тој не се обидува да ја победи водата, туку се спојува со неа. Мостот на Мојсеј (Moses Bridge) во Халстерен, Холандија, е едно од најнеобичните архитектонски решенија на современата пејзажна архитектура. Наместо ...
„Лето создадено од приказни“ продолжува со две нови изданија од бестселер-авторка со милионска светска читателска публикВо деновите кога летната акција „Со книга на плажа“ е во полн ек, „Матица македонска“ ја збогатува годинашната понуда со две нови изданија од Лорелин Пејџ – „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“. Со нив, акцијата што се одвива под слоганот „Лето создадено од приказни“ добива уште една силна читателска линија: ...
Филмска проекција, мултимедијален музичко-поетски перформанс и камерен концерт се на програмата на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“ претстојниов викенд, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Во рамки на програмата „Кинотека на Скопско лето“, денеска со почеток во 20:15 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Хај Фај“ во режија на Владимир Блажевски. Во 20:30 часот во Музејот на град Скопје, ќе се ...
Published: Friday, July 10, 2026 20:15 Традиционално, на 12-ти јули во охридскиот Антички театар со операта „Љубов“ почнува годинешниот фестивал Охридско лето 2026. Годинешната програма предвидува национални и тематски вечери, а во соработка со повеќе странски амбасади. Ќе има и џез со музичари од земјва и странство. Published: Friday, July 10, 2026 20:15 Традиционално, на 12-ти јули во охридскиот Антички театар со операта „Љубов“ почнува ...
Приказната на Мини Трчај Бе не завршува со преминувањето на целната линија. Напротив, токму тука започнува. Во соработка со најтрофејниот Атлетскиот клуб Олимп од Битола, сите учесници на овогодинешното издание на Мини Трчај Бе добиваат можност бесплатно да бидат дел од едномесечна школа по атлетика. Тренинзите започнуваат во понеделник, 13 јули, во 19:00 часот, со збирно место пред платото на Спортската сала во Битола. Целта е децата да ...