Во местото Брањево, на левата страна од реката Дрина, во тек е интензивна потрага по дете кое исчезнало во водата за време на капење. Според првичните информации, силната речна струја го повлекла детето додека се капело во реката. Инцидентот се случил на популарна локација позната како „Брезе“, која во летниот период често ја посетуваат голем број луѓе. Очевидци наведуваат дека во еден момент се слушнал повик за помош од едно од децата кои ...

Полициски службеници од Полициското одделение Камењане вчера попладне лишиле од слобода 44-годишен жител на селото поради сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. Како што соопшти полицијата, лицето со иницијали В.И. било приведено на 25 мај околу 14:05 часот во село Камењане. По приведувањето, тој бил задржан во Полициската станица Тетово, каде што се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување ...

На 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

На 25.05.2026 во 14:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Ваташа, кавадаречко, на нива во место викано Моклиште, трактор управуван од И.П.(67) од село Ваташа се превртел, при што возачот се здобил со повреди. -На лице место му била укажана помош од страна на Територијална против пожарна единица Кавадарци и Итна медицинска помош Кавадарци, по што бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки ...

На улицата Ќемал Сејфула во Скопје вчера претпладне се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 24-годишен мотоциклист. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 25 мај во 11:55 часот во СВР Скопје. — реклама — Во несреќата учествувале патничко возило „киа“ управувано од 45-годишната В.Х.М., мотоцикл „хонда“ управуван од С.С.(24), патничко возило „мерцедес“ управувано од Н.Х.(53) и уште едно ...

Дванаесетгодишно дете е повредено во бизарна несреќа во Драчево. Сопатник на мотоцикл го фатило детето за рака, тоа паднало и било влечено по улица. Според информациите на МВР, вчера околу 14:00 часот, Б.С.(71) од Скопје пријавил во полиција дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го ...

Вчеравечер во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал на пат кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт, соопшти штипската ...

Дваесет и осумгодишен жител на кумановско село бил приведен откако физички ја нападнал својата мајка. Како што информираат од СВР Куманово, на 25 мај 2026 година во 20:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Ј. (28) по пријава за семејно насилство. Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Дваесет и осумгодишен жител на кумановско село бил приведен откако ...

Вчеравечер во 22:15 часот на улица „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода повеќе лица: Џ.У. (31), Џ.У. (52), Е.У. (35), А.У. (58), Е.У. (36), еден 17-годишен малолетник, сите од село Пресил, крушевско, како и С.К. (52) и Х.К. (18) од село Саждево, крушевско. Според пријавата, инцидентот започнал кога С.К. и неговиот син Х.К., додека се движеле со патничко возило „пасат“ кон Саждево, биле пресретнати од ...

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа лишиле од слобода 16-годишен малолетник од тетовското село Ларце, кој бил затекнат како управува мопед без положен возачки испит. Како што информира полицијата, на 25 мај 2026 година околу 20:30 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, малолетникот управувал мопед „тианинг“ со тетовски регистарски ознаки. — реклама — Со тоа, според полицијата, сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот ...

Голема трагедија го потресе романското село Лимпезис во округот Бузеу, каде четиригодишното момче Тео го загуби животот по напад од овчарско куче. Детето, според информациите од локалните жители, излегло од дворот без знаење на неговата мајка и се упатило кон блиското трло каде што било врзано кучето. Според сведоштвата на мештаните, малиот Тео често покажувал интерес кон животното и сакал да му се приближува, најверојатно за да го нахрани. ...

Полициски службеници од СВР Битола рано утринава го лишиле од слобода Т.С.(51) од Битола поради семејно насилство. Како што информира полицијата, на 25 мај 2026 година околу 04:30 часот, во семејниот дом во Битола, тој физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, при што користел и метални и дрвени предмети. — реклама — По преземените мерки, од страна на судија при Основен суд Битола на осомничениот му е одредена мерка притвор. — реклама — ...

Сообраќајна несреќа се случила утрово на Булеварот Патријарх Павле во Нови Сад, кога автобус удрил во неколку автомобили кои чекале на семафор. Според првичните информации, непосредно пред судирот најверојатно настанал технички проблем со сопирачките на автобусот, поради што возачот не успеал да го запре возилото навреме. Ова довело до удар во колона возила што стоеле на црвено светло. Во несреќата се повредени повеќе лица, но засега нема ...

Едно лице го загуби животот, а уште две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во местото Орја Лука, на патниот правец меѓу Никшиќ и Даниловград. Според првичните информации од надлежните служби, во несреќата учествувале три возила – едно товарно и две патнички. Судирот се случил во попладневните часови, околу 17:30, под сè уште неразјаснети околности. Од силината на ударот, едно лице починало на лице место, додека другите ...

Денеска (25.05.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје и ОП СЕО беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. При тоа санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци. Одземени се три ...

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Н.(26) од с.Стајковци, скопско, пријави дека во с.Стајковци тој, додека бил со тројца другари, бил физички нападнат од Б.Ј.(20) од с. Инџиково, а потоа Б.Ј. со тврд предмет го нападнал и А.А. (18). Истиот ден во 18:00 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Н.(22), А.А.(18) и А.Н.(26) од една страна ...

Полицијата во Кавадарци привела 20-годишен маж од Струмица поради сомнение за физички напад врз неговата партнерка. Според информациите, инцидентот се случил за време на викенд престој во објект во близина на плантажи, каде што парот престојувал. Нападот бил пријавен од 19-годишната девојка од Штип, која навела дека била физички малтретирана од својот невенчан сопруг. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека осомничениот бил ...

Тензиите во Демократска Република Конго дополнително ескалираа откако центар за лекување на Ебола беше запален од локални жители, а дел од пациентите исчезнаа. Инцидентот се случил во источниот дел на земјата, каде што веќе има нов бран на заразата. Според информациите, група револтирани млади лица упаднала во привремени објекти поставени со поддршка на Лекари без граници во болницата во Монгвалу. Во моментот на нападот, таму биле сместени 28 ...

Вчера во 12:40 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријавила дека во нивниот семеен дом, Ш.А. и се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. Истиот ден во 02:10 часот во ...

Две мали дечиња биле нападнати од две агресивни кучиња со сопственик во кичевското село Другово. Нивната мајка Лени Ангелоска Здравеска од Гостивар во јавен апел на „Фејсбук“ бара реакција од надлежните институции, како и поддршка, споделување и обединување како народ, за, како што вели, „конечно да се стави крај на вакви ситуации пред да биде предоцнa“. Прво почнаа да лаат. Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се ...

Сериозен инцидент се случил денес околу 11 часот во центарот на Прокупље, недалеку од пешачката зона, кога прво дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи, а потоа ситуацијата ескалирала во пукање. Според првичните информации, по жестока расправија и тепачка, еден од учесниците извадил оружје, најверојатно таканаречен „плашливец“, и испукал кон другиот маж, погодувајќи го во пределот на главата. Очевидци опишуваат дека сцената била ...

Во скопското село Бардовци вчера попладне се случи необичен и вознемирувачки инцидент. Според информациите од полицијата, двајца малолетници физички нападнале трето дете. Настанот бил пријавен од таткото на нападнатото дете, М.М. (47) од Скопје. Но приказната не завршила тука. По пријавата, таткото добил закани од вујкото на едно од децата кои учествувале во тепачката. Дополнително, мајката на едно од малолетниците поднела пријава против ...

На 24.05.2026 околу 12:00 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење. Потоа, возачот го насочил товарното возило кон полициските службеници и службеното возило, по што полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух. Возачот ги истоварил дрвата на улицата и со возилото се дал во бегство. Повредени лица ...

Вистинска напната ситуација се случила во Арачиново за време на полициска контрола, кога камион натоварен со дрва, според информации од МВР, наместо да застане на знак на полицијата, тргнал директно кон службените лица. Инцидентот брзо ескалирал, откако полицајците се обиделе да го сопрат возилото. Возачот, наместо да соработува, продолжил со движење кон нив, со што создал сериозна опасност по нивните животи. Во обид да спречат трагедија, ...

Утрово во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција. Полицијата постапила постапувајќи по пријава дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го ...

Македонската професорка и деканка Дарија Андовска сподели вознемирувачко сведоштво за драматична ситуација која можела да заврши фатално на автопатот Скопје–Велес. Според нејзината изјава, додека патувала кон концерт во Велес, на автопатот забележале возило со косовски регистарски таблички кое се движело во спротивна насока. Ситуацијата била исклучително опасна и за дел од патниците буквално прашање на секунди било дали ќе дојде до директен ...

Во центарот на Белград денеска се случи сериозна сообраќајна несреќа во која автомобил удрил во два мотоцикли, при што се повредени три лица и настанала паника меѓу минувачите. Инцидентот се случил околу 13 часот на раскрсницата меѓу улиците Влајковиќева и Светогорска. Според првичните информации, автомобил „Опел корса“ при свртување наводно не им дал првенство на минување на моторциклистите кои се движеле по улицата, по што дошло до силен ...

Сараево синоќа беше потресено од драматичен инцидент кој предизвика паника меѓу жителите на населбата Алипашино Поле, откако во доцните вечерни часови дојде до вооружен напад во кој еден млад човек беше тешко повреден. Сè се случило непосредно пред полноќ, околу 23:45 часот, на Трг ЗАВНОБиХ, кога граѓаните пријавиле истрели кои одекнувале низ населбата и веднаш предизвикале вознемиреност. За неколку минути, целото подрачје било преплавено со ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - На 22/23.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(28), М.К.(30) и С.А.(30) од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно расчистување на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. Утрово околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скендербег Кастриоти“ во населба Драчево настанал пожар во ...

Во Келн е уапсен 31-годишен маж од Ниш, осомничен за брутално убиство на 93-годишен пензионер, чие тело било пронајдено со траги на мачење во неговиот дом. Според германските медиуми, осомничениот Ненад А. неодамна бил пуштен од затвор во Германија и му била изречена мерка за депортација. Тој наводно доброволно заминал во Србија, но кратко потоа илегално се вратил во Германија. Истражителите се сомневаат дека по враќањето, заедно со уште ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
47%
1023
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
53%
1022
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
50%
1024
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
46%
1023
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.33
67%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
50%
1019
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
57%
1021
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
50%
1022
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
60%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
40%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
53%
1021
Currency

61.635

Currency

52.9828

Currency

71.4045

Currency

37.9434

Currency

38.3637

Currency

67.5144

Currency

7.7944

Currency

0.74125

Currency

0.3328

Currency

0.52511

Currency

1.15371

Currency

0.55343

Сребро

2447.65

Цинк

0.00

Злато

145425.65

Алуминиум

3.69

Кобалт

45.39

Бакар

12.84

Родиум

302217.02

Калај

54.15

Паладиум

44271.58

Иридиум

253540.09

Платина

62533.20

Рутениум

51376.89