Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Полицијата приведе лице во Скопје, кај кое при претрес биле пронајдени 25 пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, на 4 и 5 август извршиле преглед на три лица на булеварот „Партизански одреди“. При прегледот, кај Д.П. биле пронајдени и ...
На 75-годишна возраст почина познатиот македонски актер Гоце Тодоровски. Веста за неговата смрт ја соопшти неговата ќерка Сашенка преку социјалните мрежи. Тодоровски е роден во Кичево во 1951 година, а по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје ја започна својата богата актерска кариера во Драмскиот театар. Во текот на децениите остави значајна трага во македонскиот театар, филм и телевизија. Публиката го памети по ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 ...
Педесет и тригодишна државјанка на Република Белорусија е пронајдена почината во хотел во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случајот бил пријавен денеска, 5 август, во 07:45 часот во СВР Охрид. Починатата е идентификувана како И.Т. (53). Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта. Од МВР ...
Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила. Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во ...
Полицијата во Тетовско истражува случај во кој две девојки, според пријавата, скокнале од такси возило во движење, откако возачот почнал да се однесува непримерно и не ги однел до побараната локација. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 4 август во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце од страна на Д.Ќ. Според пријавеното, неговата 20-годишна девојка Е.И. и нејзината 16-годишна другарка, двете ...
Семејниот одмор од соништата се претвори во незамислива трагедија на тајландскиот остров Ко Панган. Триенаесетгодишно момче од Израел трагично го изгуби животот откако за време на вечерно капење во морето го изгоре една од најотровните видови во светот – морската оса. Лекарите беа немоќни: Смртта настапила за само неколку минути Несреќата се случи на популарната плажа Рин, каде што момчето влегло во водата во доцните вечерни часови. Набрзо ...
Малиот Матија (13) почина по 9 години вегетативна кома поради парче сирење – таткото ја продолжува борбата за вистината! Трагичната приказна за тринаесетгодишниот Матија Маестри од малото место Коредо на северот од Италија заврши со тажен крај, но и со обединување на целата заедница во болката и борбата за правда. Матија почина откако цели девет години ги помина во трајна вегетативна кома, примајќи дури 47 лекови дневно. Неговата голгота ...
Скопје, 3 август 2026 (МИА) - На 02.08.2026 во ОВР Неготино, било пријавено дека околу 19:40 часот на регионален пат Кавадарци - Неготино, поточно кај место викано „Антените“, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.К. од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е ...
Скопје, 3 август 2026 (МИА) - Полициски службеници во текот на изминатиот викенд на целата територија на државата, полициските лишија од слобода 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол, едно лице управувало ...
Истрагата за судирот на двата хеликоптери од типот „Bell“ кои учествуваа во гаснењето на огнената стихија во западна Атика сè уште трае, а регионот и понатаму е во шок по трагичната вест. Во несреќата животот го загубија данскиот пилот и грчкиот координатор на летот од едниот хеликоптер, додека британскиот пилот и грчкиот координатор од вториот хеликоптер успеаја да преживеат. Братот на загинатиот 46-годишен дански пилот Руне Кинтал, Тује ...
Она што требало да биде романтичен момент за еден млад пар од Србија, за малку се претворило во сериозна здравствена драма за време на нивниот одмор во Грција. Според нивното сведоштво, момчето сакало да ѝ подари цвет на својата девојка. Бидејќи не успеал да го откорне со рака, се обидел да го скине со забите. Веднаш почувствувал силна горчина, го исплукал цветот и во прв момент не помислил дека може да биде опасно. Подоцна дознале дека ...
Дваесет и едногодишна девојка од Скопје е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во скопската населба Кисела Вода. Според информациите од МВР, несреќата се случила кога 22-годишен возач на мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката, додека возачот се здобил со полесни повреди. Повредите кај двајцата биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Поврзани вести: ...
30-годишен жител на Скопје е уапсен откако, според полицијата, пукал од пиштол кон негов врсник со кого имал расправија, по што избегал од местото. „Вчера во 15:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(30) од Скопје и Н.А.(34) од с.Арачиново, скопско, по претходна пријава дека на подрачјето на Гази Баба, по расправија со Ф.А.(29) од Скопје, Б.Ј. од пиштол испукал еден куршум, а потоа со патничко возило ...
Во белградската населба Карабурма е пронајдено безживотното тело на 73-годишниот Радивој Г., во стан сместен во поткровје на станбена зграда. Според првичните и неофицијални информации од истрагата, сè укажува дека станува збор за брутално убиство, а полицијата интензивно трага по сторителот или сторителите. Како што пренесуваат српските медиуми, телото на мажот било пронајдено во вознемирувачка состојба. Тој лежел на душек од кревет, целосно ...
На 03.08.2026 во 10:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар- с.Градец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со германски регистарски ознаки, управувано од А.С. (30) од с. Добридол. -При тоа со тешки телесни повреди се здобил А.С., додека Е.Б. и еден сопатник се здобиле со телесни повреди, ...
Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело, извести СВР Охрид. „Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското ...
Ноќва во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет. Како што соопштува СВР Тетово, тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Ноќва во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од ...
Жителите на Загреб беа вознемирени откако во реката Сава било пронајдено безживотно тело на маж. Случајот веднаш бил пријавен во полиција, по што надлежните служби излегле на местото на настанот и започнале истрага. Телото било забележано во близина на населбата Савски Гај, а по дојавата од граѓани полициски екипи пристигнале на терен и го извлекле од водата. Во моментов се врши увид под раководство на дежурен заменик на Жупаниското државно ...
Случајот кој го шокираше регионот доби драматичен пресврт. Иако првично се сомневаше дека познатиот локален пекар Радивоје (73) од Карабурма умрел од природна смрт или за време на интимен однос, обдукцијата и истрагата на Вишото јавно обвинителство во Белград потврдија дека се работи за свирепо и брутално убиство! Припадниците на Управата на криминалистичката полиција (УКП) и Полициската управа за град Белград ги лишија од слобода лицата кои ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот М. Д. во својство ...
Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот М. Д. во ...
Морбидна сцена на таванот Опсадна состојба, полициски ленти и неверување како во холивудските филмови ја зафатија белградското населба Карабурма, откако безживотното тело на познатиот локален пекар Радивоје Гајичиќ (73), кај соседите познат едноставно како Раша, беше пронајдено во истиот стан каде што живеел веќе со години. Веста за неговата мистериозна смрт одекна како гром во целиот регион, а деталите од местото на настанот се како филмско ...
Министерството за внатрешни работи информира за повеќе случаи на семејно насилство и закани регистрирани во изминатите 24 часа, како и за две поднесени кривични пријави. Во Гостивар, 80-годишен маж од селото Лакавица пријавил дека по кратка расправија бил физички нападнат од неговиот син. Случајот се документира. Во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода 21-годишниот М.П., откако било пријавено дека бил агресивен кон член на ...
Автобус се запали додека се движел по автопатот Тетово–Гостивар, предизвикувајќи интервенција на надлежните служби и отежнат сообраќај на оваа делница. Според првичните информации, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот. На социјалните мрежи и во дел од медиумите беше објавено видео од инцидентот, на кое се гледа возилото целосно зафатено од пламен. Поради интервенцијата на противпожарните служби, сообраќајот на автопатот ...
Две лица, меѓу кои и 9-годишно дете, се здобиле со тешки телесни повреди при превртување на четирицикл во атарот на ресенското село Јанковец. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 18:30 часот од доктор од Здравствениот дом во Ресен. Четирициклот „Линхаи“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Т. (46) од село Јанковец, изгубил контрола и се превртел на местото викано „Планинче“. При ...
Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со кој бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се ...
52-годишен мотоциклист од Скопје излетал од пат. Со тешки повреди завршил во градската општа болница „8-ми септември“. - На 02.08.2026 година во 23:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат село Ростуше – село Битуше се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Н.(52) од Скопје, излетал од коловозот. Возачот со возило на Итна медицинска помош од Здравствениот дом ...
Вчера пред полноќ се запалил „голф“ во движење во тетовско. - На 02.08.2026 година во 23:40 часот во СВР Тетово е пријавено опожарено патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки на регионалниот пат Тетово – село Брвеница. Возилото било управувано од Р.М.(30) од село Теново, која изјавила дека пожарот избувнал во предниот дел кај моторот додека била во движење, информираа од МВР. Нема повредени лица, додека пожарот е целосно ...