Корисниците на Facebook добија предупредување за задолжително активирање на „напредна заштита“, а само едно поставување го решава проблемот. Од синоќа, 14 август, многу корисници на Facebook ненадејно, при отворање на апликацијата или веб-страницата, добија скок-прозор со порака дека нивниот налог е заклучен. Во предупредувањето се бараше овозможување на функцијата „напредна заштита“ (Facebook Protect) за повторно да се добие пристап до ...

Американската технолошка компанија „Cisco“ објави резултати кои малку ги надминаа очекувањата на аналитичарите и даде прогноза за кварталот, која исто така се покажа како подобра, пишува „CNBC“. Приходите за кварталот што заврши на 26-ти јули се зголемија за 7,6% на годишно ниво. Нето добивката скокна на 2,82 милијарди долари, или 71 цент по акција. За споредба, во истиот квартал една година претходно изнесуваше 2,61 милијарди долари, или 54 ...

Најновите податоци од Apple кодот откриваат развој на MacBook Pro модел со LTE/5G поддршка, што би овозможило интернет без Wi-Fi или користење телефон како hotspot. За корисниците кои често работат надвор од канцеларија, постојаната интернет конекција на лаптоп е непроценлива. Според најновите информации, Apple развива верзија на MacBook Pro со вграден 5G/LTE модем, така што корисниците повеќе нема да мора да зависат од Wi-Fi мрежи или ...

За една година, од јули лани до крајот на јули годинава, во земјоделското производство највисоки цени се постигнати кај зеленчукот каде што има пораст од 63,3%, потоа овошјето и грозјето со раст на цената од 33,2% и вината кај кои цената пораснала за 18%, покажуваат податоците на Давниот звод за статистика. Според овие податоци, цените на житата и оризот се зголемиле само за 2,2%, а на компирот за 7,1% на годишно ниво. Статистика бележи вкупен ...

Градежните компании во јуни добиле одобренија за градење на вкупно 260 станови во земјава, покажуваат податоците на Државниот завоз за статистика. Со нивната изградба ќе се добие дкупно корисна површина за станување од 25.680 м2. Најмногу од становите 98 ќе се градат во Скопје. Следуваат Полошкиот регион каде што ќе се градат 73 станови и Југозападниот регион со 52 стана. И ово месец најмногу одобренија 120 се дадени за изградба на згради, ...

Во Клиничката болница Жан Митрев, неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски успешно изврши сложена операција, прва од ваков вид изведена во Македонија. Интервенцијата беше извршена на 29-годишна пациентка од странство со тумор во спиналниот канал во предел на сакралната коска. Пациентката со месеци чувствувала континуирани болки во крстот и долж десната нога, кои не реагирале на претходно дадената терапија. Деталните ...

Забраната на ЕУ за автомобили со внатрешно согорување од 2035 година се соочува со се поголем притисок. Извршниот директор на Mercedes, Ола Калениус, се спротивставува на планот на ЕУ за забрана на возила што емитуваат јаглерод диоксид CO2 од 2035 година. „Ни треба проверка на реалноста. Инаку, одиме со полна брзина во ѕид“, рече тој. Противењето на планираната забрана на Европската унија за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно ...

Ние во првите 6 месеци имаме некаде околу 13,5 проценти раст во туризмот, споредено со претходните 6 месеци во минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. – Знам што сработивме изминатите 6 месеци, за после оваа туристичка сезона која ќе заврши, надвор од туристичката сезона во нашите главни туристички центри повторно ќе имаме гости кои што ...

Новата функција „Auto close settings“ автоматски ги затвора неактивните табови за побрза работа на Samsung Internet Browser. Бета-верзијата на апликацијата Samsung Internet Browser доби нова, многу корисна опција под името „Auto close settings“, која им помага на корисниците поефикасно да управуваат со отворените табови. Честото заборавање на бројот на отворени и активни јазичиња може да доведе до забавување на работата на прелистувачот и побрзо ...

Платформата за изнајмување сместување Букинг (Booking.com) се соочува со групна тужба од повеќе од 10.000 европски хотели кои тврдат дека платформата го искористила своето влијание за да го „искриви пазарот“ на нивна штета. Здружението на хотели, ресторани и кафулиња во Европа (Hotrec), кое ја претставува индустријата во рамките на ЕУ и ја поднесува тужбата, неодамна го продолжи рокот за поднесување на тужбата до 29 август поради голем интерес ...

Бизнис Вечерва стартува Премиер лигата 15.08.2025г Актуелниот шампион на Премеир лигата Ливерпул вечерва ја почнува одбраната на титулата. Во првиот натпревар од првото коло на Премеир лигата Ливерпул ја пречекува екипата на Бормут. „Црвените“ важат за фаворити во овој дуел што почнува во 21 часот. Саботната програма од пет натпрвари ќе ја стартуваат: Астон Вила и Њукасл, а на другите дуели играат: Брајтон - Фулам, Сандерленд - Вест Хем, ...

На барање на членката „Еурохаус“ АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции ќе се понудат на продажба 10.646 обични акции издадени од винарската визба „Тиквеш“ АД Кавадарци, информира Македонската берза. Станува збор за пакет акции што претставува 3,94 проценти од основната главнина на друштвото. Почетната продажна цена изнесува 10.596 денари по акција односно вкупната почетна сума за целиот ...

Xiaomi и Realme ја предводат примена на процесорот Snapdragon 8 Elite 2, со премиера која се очекува кон крајот на септември и изненадувања во серијата GT 8. Qualcomm Snapdragon 8 Elite 2 (SM8850) е наследник на актуелниот Snapdragon 8 Elite процесор од модели како Galaxy Z Fold 7 и OnePlus 13 и наскоро пристигнува на пазарот. За време на кварталниот извештај, извршниот директор на Qualcomm, Кристијано Амон, потврди дека Xiaomi прв ќе претстави ...

Одговорност на општините е да ги извршат потребните проценки, изјави денес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со можните оштетувања кај земјоделските култури предизвикани од пожарите. “Сите штети од природни непогоди согласно законот, треба да ги процени општината. Треба да направи елаборат и да го достави до Второстепената комисија за проценка на штети.” ...

Ако некогаш месарниците во Скопје беа резервирани за крупни мажи со престилки и силни раце, денес сликата е поинаква. Сѐ почесто зад пултот ќе ве пречека насмеана жена – со сатар во рака, која со сигурен потег ќе ви исече шницла или ќе ви спакува свежо месо. „На почеток сите ме гледаа чудно – како тоа жена, па уште и со сатар? Ама после некое време, кога ќе видат дека знаеш да исечеш парче исто како машките, престануваат коментарите“, вели Елена ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), каде што доби целосна поддршка за кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”. „Денеска остварив важна средба со претседателот на СКСЗМ, каде ја презентирав кампањата која ја започна нашето министерство. Презентацијата опфати сé што е постигнато досега во ...

Обврска на општините е да ги направат потребните проценки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со евентуалните штети кај земјоделските култури од пожарите. – Сите штети од природни непогоди согласно законот, треба да ги процени општината. Треба да направи елаборат и да го достави до Второстепената комисија за проценка на штети. Изминатите месеци имавме ...

Со AI-телефонот, Телеком им ги отвора вратите на своите корисници кон светот на вештачката интелигенција (AI), и тоа по единствена цена, со што AI станува достапна за сите - не само за технолошките фанатици или ентузијасти. AI-телефонот и AI-таблетот пристигнуваат на пазарот како нови модели во серијата T Phone: T Phone 3 и T Tablet 2 и се достапни во телеком продавниците, од денес 14 август, 2025 година. Практичен помошник во секојдневниот ...

Акциите на „Under Armour“ паднаа откако компанијата за спортска опрема прогнозираше полоша од очекуваната продажба и профит за тековниот квартал, забавувајќи го планот за пресврт кој почна да се исплатува, објави „Bloomberg“. Брендот со седиште во Балтимор, Мериленд, изјави дека очекува приходите во вториот квартал да паднат помеѓу 6% и 7%. Аналитичарите очекуваа пад од речиси 3% во просек. Акциите на компанијата за спортска облека паднаа за 19% ...

Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ се соочува со сериозни финансиски тешкотии, намалена ликвидност и ризици за одржливоста на работењето, констатирале ревизорите при контролата на работењето за 2023 година. Претпријатието има долг кон државата од 17,5 милиони евра, а не може да наплати од државата 2,6 милиони за учеството во акцијата „Ден на дрвото“ и уште 590.000 евра кусоци кои ги направиле вработените во ...

Во средата навечер, цената на биткоинот за првпат во историјата ја проби границата од 124.000 американски долари, надминувајќи го досегашниот максимум од 123.000 долари поставен минатиот месец. Веднаш по овој историски скок, вредноста благо се намали. Последниот подем на најпознатата криптовалута е поттикнат од новите регулаторни промени во САД, иницирани под водство на претседателот Доналд Трамп, кој отворено го поддржува развојот на крипто ...

Платформата за разменување пораки, „Ватсап“, соопшти дека Русија се обидува да го спречи користењето на неговите услуги, бидејќи апликацијата, која е дел од Мета, им овозможува на корисниците сигурна комуникација. Компанијата вети дека ќе продолжи да нуди услуги за заштитени разговори во Русија. Претходно, Русија започна со ограничување на одредени повици на „Телеграм“ и „Ватсап“, обвинувајќи ги странските платформи дека не споделуваат ...

Британската рударска компанија „Гемфилдс“ го продаде познатиот луксузен бренд „Фаберже“, познат по накитот и декоративните велигденски јајца произведени за руската династија Романов, на инвестициската фирма „СМГ Капитал“ за 50 милиони долари. Причина за продажбата на брендот, според британските медиуми, е падот на приходите и политичките немири во Мозамбик, каде што има рудник за рубини. Според условите на трансакцијата, „Гемфилдс“ ќе добие 45 ...

Два дена по состанокот на претставници од „Марс“ (Mars Inc.) со комесарот на Управата за храна и лекови, Марти Макари, приватната компанија за храна објави соопштение во кое се вели дека следната година ќе понуди опции со природна боја за четири од своите најпознати бонбони, вклучувајќи ги „М&М“ и „Скитлс“ (Skittles). Објавата од 24 јули на интернет-страницата на „Марс Вригли“ (Mars Wrigley) главно помина незабележано во време кога ...

Потпишани 14 договори со вкупна вредност на инвестициите од 16,6 милиони денари со над 8,9 милиони денари финансиска поддршка од програмата за рибарство и аквакултура Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа 14 договори по објавениот Јавен повик 02/2024 за подмерка 2.1 Финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата и 2.3 Финансиска поддршка за инвестиции во преработувачки ...

„Порше Аутомобил Холдинг СЕ“ (Porsche Automobil Holding SE) и „Дојче Телеком АГ“ (Deutsche Telekom AG) водат разговори за да станат главни инвеститори во нов фонд за ризичен капитал, насочен кон европски компании за одбранбена технологија, кој има цел да собере 500 милиони евра (586 милиони долари). Според лица запознаени со плановите, новиот фонд ќе го управува ДТЦП (DTCP GmbH), инвестициска компанија со седиште во Хамбург, која до пред една ...

Стечајот на некогаш најпознатиот трговец со производи за домаќинство во Словенија, „Студио Модерна“, започна на 28 август 2023 година и, според првичниот план, требаше да заврши во рок од 24 месеци, односно овие денови. Но, како што изјави за „Блумберг Адрија“ стечајната управничка Шпела Турк, постапката ќе се одолговлечи сè до 2027 година. Почетоците на „Студио Модерна“ датираат од 1992 година, кога ја основале сопружниците Санди Чешко и ...

Германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) ги потврди своите намери за формирање нова младинска структура, објави новинската агенција ДПА. Стартувањето е предвидено за крајот на ноември во градот Гисен, кој се наоѓа северно од Франкфурт. “Основачкиот состанок е планиран за 29 и 30 ноември”, изјави портпарол на партијата, потврдувајќи ги плановите. На самиот состанок ќе биде избран управен одбор за новото здружение, ...

Црна Гора и во 2025 година го потврдува статусот на една од најатрактивните дестинации за вложување во недвижности на Јадранот, со просечна цена на станбениот квадрат во новоградба од 2.158 евра во првиот квартал. Во Подгорица просечната цена била 2.066 евра, додека на приморјето достигнала 2.328 евра, покажуваат најновите податоци на Управата за статистика на Црна Гора (Монстат). „Црна Гора се издвојува како врвна дестинација за инвестирање ...

Уништена економија, со негативни стапки на раст, висока невработеност и речиси никакви инвестиции. Воениот конфликт целосно ја замре економијата. Бруто домашниот производ беше во негатива, а секој трет работоспособен - без работа. По потпишувањето на Рамковниот договор полека се враќа стабилноста. Од негатива на БДП во 2001 од 3,1 отсто, бизнисот почнува да се мобилизира. Што е постигнато и што научивме со Рамковниот? Прво сфативме дека ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.92
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.45
95%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1028
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1029
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Сребро

2105.58

Алуминиум

2.92

Рутениум

29192.88

Калај

43.15

Родиум

258813.51

Бакар

10.93

Платина

62683.26

Иридиум

145787.60

Паладиум

53788.20

Кобалт

58.42

Злато

139298.91

Цинк

3.04