Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Ве известуваме дека преку ESG Комисијата при Македонската Банкарска Асоцијација, со решение од Македонско Кредитно Биро, изработен е првиот унифициран национален ESG Прашалник наменет за сите компании во Република Северна Македонија, кој ќе се применува од утре, 01.04.2026 година. Овој Прашалник претставува значаен чекор кон усогласување со современите стандарди за одржливост и унапредување на транспарентноста во деловното работење. Неговата ...
Владите на Европската унија (ЕУ) треба да се подготват за продолжено нарушување на енергетските пазари како резултат на војната со Иран, им порача шефот за енергетика на блокот на министрите пред вонредниот состанок кој се одржува денеска. Во писмо до министрите за енергетика, датирано од 30 март, според Ројтерс,, комесарот за енергија на ЕУ, Дан Јоргенсен, вели дека владите се „охрабрени да направат навремени подготовки во очекување на ...
Sony од 27 март ги прекина нарачките за повеќето SD и CFexpress картички поради недостиг на чипови и проблеми во снабдувањето. Sony привремено го запира примањето на нарачки за речиси сите свои SD и CFexpress мемориски картички, почнувајќи од минатиот петок, 27 март. Одлуката се однесува и на овластените дистрибутери и на крајните купувачи, а од јапонската компанија велат дека ќе важи до понатамошно известување. Со ова се погодени моделите ...
Се чини дека балансот на моќ на глобалниот пазар на автомобили се менува во корист на Кина. За прв пат, Европската Унија (ЕУ) увезла повеќе автомобили и автомобилски делови од Кина отколку што извезла, покажува најновата анализа на ревизорската и консултантска фирма EY. Според EY, извозот од ЕУ се намалил за 34%, на 16 милијарди евра во 2025 година. Од 2022 година, извозот е повеќе од преполовен. Во исто време, увозот од Кина се зголемил за ...
Европските берзи утринава бележат позитивен тренд, при што најголем дел од индексите се во пораст, одразувајќи зголемен оптимизам кај инвеститорите. Најзначаен раст има германскиот DAX, кој се искачи за 0,95% и достигна 22.711 поени, додека шпанскиот IBEX 35 порасна за 0,97%, што го прави еден од најдобрите перформери денес. Британскиот FTSE 100 забележа раст од 0,65%, а францускиот CAC 40 се зголеми за 0,54%. Сличен позитивен тренд има и ...
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за FULL STACK DEVELOPER (Специјалист за апликативни решенија – ИТ Сектор) во Сектор за ИТ. Локација: Скопје Вработување на полно работно време Што бара Банката? Силк Роуд Банка бара Full Stack Developer со искуство во банкарски или ...
Дигиталната платформа Spotly започнува со воведување систем за резервации и управување со посетеност, создаден за ресторани, барови, клубови и организатори на настани, со цел да го поедностави планирањето на излегувањата за гостите и да им помогне на угостителските објекти поефикасно да го организираат својот простор и гостински тек. Во средина каде резервациите пристигнуваат преку телефон, пораки и социјални мрежи, често се појавуваат ...
САД го продолжија рокот за преговори за продажба на имотот во странство на рускиот „Лукоил“. Вашингтон лани воведе санкции врз енергетската компанија и досега 3 пати го продолжуваше рокот за продажба на имотот на руската компанија. Според Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на САД новиот рок е до 1 мај. Како што е соопштено направена е измена во Општа лиценца 131D, поврзана со Русија со која се „одобруваат одредени ...
Од Алкалоид АД Скопје преку Македонската берза информираа дека проф. д-р Миодраг Мицајков поднел оставка од членството во Надзорниот одбор (НО) на компанијата. За нов член Собранието на акционери го избирало Зоран Костовски. Неговиот мандат започна вчера, а ќе трае до истекот на времето за кое бил избран Мицајков, до 26.04.2027 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Менаџментот на Алкалоид купи акции на компанијата Што предвидува бизнис-планот на Алкалоид за ...
Министерството за образование и наука склучи договор за изработка на проектна документација за реконструкција и адаптација на 4 регионални центри, со друштвото за градежништво, проектирање, трговија и услуги Интер пројецт ДООЕЛ експорт-импорт Тетово. Договорот е во вредност од 19.378.609 денари или 315.099 евра. Фото: Унсплеш Министерството за образование и наука склучи договор за изработка на проектна документација за реконструкција и ...
Инженерската институција на Македонија денеска одбележува 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженерите. Според организаторите, на настанот ќе се обратат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, д-р Андреј Лепавцов, претседател на Инженерската институција на Македонија, како и Дирк Бочар, генерален секретар на Engineers Europе. ИМИ ќе организира и панел дискусија „Паметна ренесанса“ ...
Македонска берза АД Скопје денеска одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност во Република Северна Македонија. По повод јубилејот, Македонска берза АД Скопје во хотелот „Мериот“ во Скопје организира вечера посветена на три децении развој на пазарот на капитал, партнерства и заеднички достигнувања Мисија на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот ...
Кинеската компанија за потрошувачка електроника и паметно производство „Xiaomi“ објави зголемување од 43,8% на консолидираната добивка во 2025-та година на рекордни 39,2 милијарди јуани (5,7 милијарди долари), според ревидираниот финансиски извештај на корпорацијата. Многу од клучните индикатори на Групацијата достигнаа рекордни нивоа во фискалната година што заврши на 31-ви декември 2025-та година. Вкупните приходи достигнаа 457,3 милијарди ...
Србија планира драматичен раст на платите и силен развој на новите технологии, со цел да се приближи до економиите на Европската Унија. Според планот на Александар Вучиќ, просечната плата може да достигне 1.700 евра до 2030 година, додека пензиите би пораснале на околу 750 евра. Паралелно, државата ќе инвестира во роботика, вештачка интелигенција и дигитални индустрии, со амбиција да премине од модел на евтина работна сила кон економија ...
На еден од најголемите пазари во западна Србија понудата е разновидна, а меѓу моментално најбараните намирници се издвојуваат младиот кромид, зелената салата и зелка, кои веќе го најдоа своето место на трпезите во Чачак. На тезгата на Гина Зекавица, која на оваа пазар продава повеќе од 25 години, во понудата се појавија и првите јагоди, за кои вели дека се со исклучителен квалитет. Ни стигнаа првите јагоди и навистина се одлични. Тежината во ...
OpenAI „на неодредено време“ се откажа од плановите за објавување на „еротски чатбот за возрасни“ поради загриженост кај своите вработени и инвеститори, потврди компанијата за Financial Times. Плановите за оваа функција, првпат најавена во октомври 2025 година и планирана за лансирање во декември минатата година, веќе беа одложени додека компанијата расправаше дали воопшто да ја објави. Ова е втора апликација што OpenAI одлучи да ја „стави во ...
Повеќето квоти за увоз на челик од ЕУ се исцрпени со завршувањето на првиот квартал, употребата надминува 90% во клучните сегменти Како што првиот квартал од периодот на квоти на ЕУ од 1 јануари до 31 март се приближува кон крајот, некои од квотите за увоз за одредени челични производи доделени за Јужна Кореја, Кина, Турција и Македонија веќе се исцрпени, додека над 70% од квотите за некои челични производи се искористени, според податоците ...
Фејсбук статус на Халк Банка: Драги пензионери, Пензиите за март се веќе достапни! Од денес (30.3.2026), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство. Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија. Важни се луѓето! Халкбанк АД Скопје #ВажниСеЛуѓето Фејсбук статус на Халк Банка: Драги ...
Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од инстант лозот „Доме сладок доме“. Со мала инвестиција од само 100 денари, тој ја предизвика среќата и освои стан во Скопје. Интересно е што првиот купен лоз му донел добивка од 100 денари. Тој се одлучил да ја замени добивката со нов лоз и токму замената го довела до големото изненадување – сопствен дом во главниот град. „Секогаш треба да се верува во среќата“, сподели добитникот, ...
Компанијата Vivo официјално го претстави својот најнов премиум смартфон – X300 Ultra, модел кој ја продолжува еволуцијата на серијата со значителни подобрувања во сегментот на мобилната фотографија и видео продукција. Уредот доаѓа со унапреден камерa систем кој останува верен на проверената конфигурација од 14mm ултраширока, 35mm главна и 85mm телефото камера, но со значително подобрен хардвер и софтвер. Главната новина е новата 35mm камера ...
Годинашното издание на Саем на мебел, кој се одржа од 25 до 29 март во комплексот Борис Трајковски под слоганот „Инспирација за секој дом“, привлече бројни посетители – над 15.000 љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите имаа можност да ги откријат најновите трендови во уредувањето на домот. Во текот на петте саемски денови, манифестацијата ја потврди својата позиција како еден од најзначајните настани во областа на домувањето, дизајнот ...
Локалниот недостиг на дизел и зголемувањето на цените на горивото би можеле да предизвикаат нарушувања пред почетокот на сезоната за извоз на цитруси, предупреди јужноафриканската Асоцијација на одгледувачи (CGA). Асоцијацијата досега пријави само изолирани случаи на ограничена достапност на дизел на одредени пумпи, и покрај официјалните пораки од властите дека снабдувањето со гориво ќе остане стабилно на краток рок. Министерството за ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека очекува првите роботи произведени во земјата да бидат готови до Видовден, односно во рок од околу три месеци. Тој посочи дека станува збор за роботи кои ќе бидат произведени на територијата на Србија и ќе носат ознака дека се домашно производство. „Очекувам дека првите роботи произведени во Република Србија ќе ги имаме до Видовден. За три месеци. На нив ќе пишува дека се произведени во ...
На 16 април 2026 година, на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје ќе се одржи еднодневна обука посветена на „Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (ЦБАМ) и македонската индустрија: регулаторни обврски, финансиски импликации и стратегии за декарбонизација“. Настанот, кој ќе се реализира во периодот од 10:00 до 12:30 часот во салата за состаноци на факултетот, има за цел да ги доближи клучните аспекти на европскиот механизам за ...
Вајбер групата именувана како „111 Заедница za kriptovaluti“, како и пораките и комуникацијата што се споделуваат во неа, не се официјално поврзани со Binance и не се водени, одобрени или поддржани од Binance на кој било начин. Оваа група лажно се претставува како официјална или поврзана со Binance и Trust Wallet, користејќи пораки што можат да ги доведат корисниците во заблуда. Во пораките се тврди дека станува збор за „група за учење“, ...
Недостатокот на работна сила во Германија повторно е во фокусот откако одделни сектори најавија дека голем број работници одат во пензија, а за нив нема замена. Според анализата на германскиот институт KOFA, најголемото намалување на работната сила е забележано кај продавачите на месо и месни производи. Во текот на 2025 година, во просек останале непополнети 4.665 работни места – повеќе од 40% во однос на претходната година. – Ова е ...
Азиските земји се подготвуваат за целосно запирање на снабдувањето со течен природен гас (LNG) од Блискиот Исток во наредните денови, што сериозно го загрозува производството на електрична енергија и индустриските операции во регионот. Блокадата на Ормускиот теснец и повторените напади врз најголемиот светски извозен комплекс за LNG во Катар резултираа со губење на околу 28 милиони тони оваа година – речиси целиот проектиран глобален раст на ...
Барате совршен сооднос помеѓу цената, квалитетот и заштедата на простор? Toyotomi 18.000 BTU Multi-Split е системот кој ги исполнува сите ваши барања. Со само една моќна надворешна единица, добивате независно ладење и греење во две различни простории – идеално за станови каде просторот на балконот е ограничен! Зошто да го изберете овој систем? -2-во-1 Систем: Една надворешна единица која опслужува две внатрешни единици со максимална моќност. ...
Објава на социјалните мрежи во која се алармира за продажба на производи со краток рок на траење во пресрет на Велигден предизвика реакции кај граѓаните. Скопјанка во својата објава тврди дека во маркет се нудат производи со краток рок, кои, како што наведува, се поставени на украсени и промотивни штандови. „Да внимавате кога купувате производи, особено пред празници, еве сега за Велигден, украсени и промотивни штандови со подметнати стари ...
До пред неколку години, менувањето работа се сметаше за знак на амбиција. Денес сè почесто се зборува за спротивниот тренд job hugging. Станува збор за појава во која вработените остануваат на истото работно место, дури и кога не се целосно задоволни. Причината не е недостаток на амбиција, туку чувство на несигурност. Од job hopping до job hugging Некогаш job hopping беше популарна стратегија. Вработените менуваа работодавачи за побрзо да ...