Xiaomi ги подготви своите паметни очила со вештачка интелигенција, кои би можеле да предизвикаат возбуда на пазарот. Кинескиот технолошки гигант Xiaomi ги лансираше своите први паметни очила со вештачка интелигенција, наречени Xiaomi AI Glasses, за време на настанот „Human × Car × Home“. Со ова, кинеската компанија официјално влезе во трката со слични модели како што се Ray-Ban Meta и Oakley Meta HSTN. The rumours were true… here are @Xiaomi's ...

Nothing се подготвува да го претстави Phone (3) на 1 јули, а тие веќе открија неколку детали за да ја „загреат“ публиката. Рендерите, споделени од Android Headlines, ни го даваат најдобриот поглед досега на Nothing Phone (3), прикажувајќи го телефонот во црно-бела боја. Nothing Phone (3) има punch-hole екран, но задната страна е поинтересна поради неговиот прилично необичен распоред на камерите. Тоа е телефон со три задни камери, при што онаа на ...

Кога Доналд Трамп помладиот и неговиот брат Ерик го најавија телефонот Trump T1, на официјалната веб-страница беше наведено дека телефонот ќе се произведува во САД. Сега, таа информација исчезна од официјалната веб-страница. Со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп претходно го повика извршниот директор на Apple, Тим Кук, да го направи iPhone „дома“, би било штета ако телефонот што го носи неговото име не е направен во Америка. ...

Откриена е нова варијанта на напад, која поконкретно ги таргетира корисниците на оперативниот систем Windows. Корисниците на Windows се соочуваат со нов вид сајбер закана, позната како FileFix, која им овозможува на напаѓачите да ги заобиколат безбедносните механизми на системот и потенцијално да ја преземат контролата врз компјутерот на корисникот. Станува збор за софистицирана форма на таканаречен социјален инженеринг, а нападот првпат го ...

Кинеските научници развија преносливо ласерско оружје од 2 kW кое може да работи на екстремни температури. Се вели дека ласерот е способен да работи на температури помеѓу -50°C и 50°C и не бара системи за ладење или греење. Овој научен пробив значи дека ласерот би можел да се користи насекаде на Земјата, од Арктикот до Сахара, без потреба од гломазна инфраструктура. Доколку сето ова се покаже како вистина во пракса, оваа иновација е импресивен ...

Google Chrome ќе ја прекине поддршката за две екстремно стари верзии на оперативниот систем Android. Google Chrome е моментално најпопуларниот и најкористениот веб-прелистувач, а неговите конкуренти заостануваат. Секако, секој корисник користи веб-прелистувач според своите преференции, додека неговите креатори се обидуваат да бидат конкурентни со нови функции и можности. Неодамна, Google истакна дека Chrome сега е побрз од кога било, додека ...

Иранската влада официјално објави дека е укината забраната за пристап до интернет, воведена за време на ескалацијата на конфликтот со Израел. Според министерот за комуникации Сатар Хашеми, интернетот е вратен во „целосна нормалност“. Забраната траеше речиси една недела, во која голем дел од населението беше целосно отсечен од странски платформи и веб-страници. Области како Техеран објавија враќање на пристапот до интернет околу пладне, иако ...

На теренот во Пекинг во саботата не настапија фудбалери од крв и месо, туку – роботи. Како што објави „Гардијан“, Кина беше домаќин на првиот целосно автономен натпревар во фудбал меѓу хуманоидни роботи управувани со вештачка интелигенција. Четири универзитетски тимови ги програмираа и управуваа своите роботи со сопствени алгоритми. Иако хуманоидите сè уште се далеку од тоа да бидат конкуренција на играчи, напредокот е импресивен. Снимките од ...

По Германија, уште една европска земја планира да се откаже од производите на Microsoft. Во ноември 2021 година, германската покраина Шлезвиг-Холштајн објави планови за оддалечување од производите на Microsoft како Office и Windows и преминување на LibreOffice. Околу две и пол години подоцна, пристигнаа нови информации за ова прашање, бидејќи државните службеници потврдија дека плановите за миграција се уште се во тек. Според тоа, се очекува ...

Microsoft го објави продолжувањето на бесплатните ажурирања за Windows 10 до 2026 година, а податоците на Statcounter покажуваат дека овој оперативен систем продолжува да доминира на глобалниот пазар. Windows 10 има околу 53% удел на глобално ниво (мај 2025 година), додека уделот на Windows 11 се зголеми на 43%, според податоците на Statcounter. За потсетување, иако официјалниот датум на завршување на поддршката за Windows 10 останува 14 ...

04/07/2025 07:48 - USB - +1

По само еден месец, одлуката за блокирање на популарната страница беше поништена. Популарната веб-страница за возрасни Pornhub (во сопственост на Aylo) го врати пристапот за корисниците во Франција, помалку од еден месец откако беше привремено блокирана за повеќе од 68 милиони луѓе. Одлуката следува по интервенцијата на францускиот административен суд во Париз, кој пресуди дека владата ги прекршила прописите на ЕУ со воведување строги проверки ...

Директорот на компанијата Sony се осврна на можноста за издавање на нова PlayStation конзола. Во неодамнешно интервју, директорот на Sony, Хидеаки Нишино, рече дека „иднината на платформата е секогаш во моите мисли“, што многумина го протолкуваа како навестување за доаѓањето на PlayStation 6. Дали е време да ја замените вашата стара „петка“ со нешто поново? Зависи – вреди да се има предвид дека сè уште има голем број корисници на постари верзии ...

Научниците го потврдија откривањето на третиот познат меѓуѕвезден објект кој влегол во Сончевиот систем. Објектот, кој моментално се движи со 245.000 километри на час, првпат беше откриен од Системот за рано предупредување за астероиди (ATLAS) на 1 јули. Сега е официјално класифициран како 3I/ATLAS, потврдија Центарот на НАСА за студии на објекти во близина на Земјата и Меѓународната астрономска унија (IAU). Потекнува од друг ѕвезден систем ...

Лоши вести за оние кои се навикнати да играат игри како дел од нивната претплата на Netflix – наскоро ќе бидат отстранети повеќе од 20 наслови. Hades, повеќекратно наградуваната игра достапна само за iOS уреди, го напушти Netflix на 1 јули. Серијата Monument Valley исто така го напушта, додека Death’s Door ќе биде достапна само до 14 јули. Сите игри на листата подолу ќе го напуштат Netflix во јули, но не сите ќе го напуштат истиот ден – нема ...

SEGA конечно го потврди датумот на издавање на Football Manager 2026. Според издавачот, играта ќе биде објавена „на есен 2025 година“, што значи некаде помеѓу октомври и декември. Тоа е голема промена од вообичаените ноемвриски изданија, но вреди да се напомене дека цела „сезона“ е прескокната, што значи дека FM25 воопшто нема да биде објавена. FM24 веќе беше достапен на Game Pass, PlayStation Plus, па дури и Netflix, а SEGA јасно стави до ...

Официјалната премиера на телефонот Honor Magic V5 е најавена за 2-ри јули, а информациите и снимките за новиот премиум модел со преклопна обвивка веќе се појавуваат на интернет. Откако Digital Chat Station неодамна ги сподели првите фотографии од уредот, YouTube каналот Techtacle сега објави видео од распакувањето кое го открива дизајнот, димензиите и додатоците што доаѓаат со телефонот. Honor Magic V5 Ultra Thin & Light Foldable Ai Flagship ...

Кога го прашувате Google како да ги исклучи AI резимеата за Chrome – првиот резултат не ви дава решение, туку ве упатува кон Google Labs каде што не можете да го решите проблемот. Сепак, можно е да ги исклучите резимеата на вештачката интелигенција при пребарување на Google, што е корисно ако сметате дека се одвлекуваат вниманието, се нејасни или не сте сигурни за нивната точност. За да ја заобиколите оваа функција (AI Overviews) при пребарување ...

Со помош на телескопот James Webb, NASA ја откри планетата TWA 7b, оддалечена 34 светлосни години, која има околу 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во потенцијално погодна зона за живит. Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени Целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да преживеат живите организми. Планетата орбитира околу младата црвена ...

Астрономите следат објект што се движи кон нас, а кој би можел да доаѓа од друг ѕвезден систем, објави АП. Научниците открија нешто што би можело да биде само третиот познат меѓуѕвезден објект што поминува низ нашиот Сончев систем, соопшти синоќа Европската вселенска агенција (ЕСА). Безопасниот објект моментално е во близина на Јупитер, стотици милиони километри од Земјата, и се движи кон Марс, но според научниците не би требало да се приближи ...

Boston Dynamics нè потсетува дека роботите на компанијата можат да танцуваат. Boston Dynamics донесе пет од своите роботски кучиња Spot на сцената на America’s Got Talent, изведувајќи кореографиран танц на песната „Don’t Stop Me Now“ од Queen. За време на настапот, еден од роботите очигледно доживеал нервен слом, „се онесвестил“ и престанал да работи. Погледнете го целиот настап во видеото подолу. Ова е уште еден обид роботите на Boston ...

Во далечната 1983 година, G-Shock го издаде DW-5000C. Денес, часовникот е икона, високо ценет во светот на часовничарството и „секојдневната опрема“. Обележан со својата неверојатна издржливост и практичност, ова беше дигитален часовник кој го промени светот на часовничарството засекогаш, но не без свои неуспеси. Иако беше пред своето време, часовникот беше на работ на неуспех сè додека американската телевизија не му помогна да стекне ...

Компанијата „Антропик“ го тестираше својот четбот Клод како менаџер на мини-продавница. Експериментот заврши со загуба и низа бизарни ситуации, пишува „Еуроњуз“. Иако во последниве години се повеќе се зборува дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе ги замени луѓето на работното место, најновиот експеримент покажа дека ВИ, барем засега, е сè уште далеку од тоа да може успешно да ги преземе дури и наједноставните деловни задачи. Имено, „Антропик“ ...

Најновата опција за AI четбот е побавна, но нуди поточни одговори. OpenAI продолжува брзо да објавува нови модели на вештачка интелигенција. Во април, компанијата ги претстави моделите o3 и o4-mini за својата платформа ChatGPT. Во тоа време, исто така, вети дека е на пат и „pro“ модел за чатботот o3, а сега таа верзија е достапна. Кога OpenAI ја додава ознаката „pro“ на своите модели на вештачка интелигенција, тоа означува верзија која е ...

Швајцарската федерална разузнавачка служба (FIS) со години имала блиски врски со најмалку три руски или поврзани со Русија, ИТ компании, вклучувајќи ја и Kaspersky, открива истрагата на швајцарскиот јавен радиодифузен сервис SRF Investigativ. Според таен извештај што го видел SRF, се сомнева дека чувствителните податоци можеби „завршиле во рацете на руските разузнавачки служби“, објави Swiss Info. Покрај познатиот провајдер на антивирусен ...

Сонот на секоја разузнавачка агенција изгледа како голем комарец, има две мали крилја слични на пердуви, тесно тело и стои на три нозе. Сепак, не е комарец, туку е мини-дрон развиен од Националниот универзитет за одбранбена технологија на Кина (NUDT), пишува Дојче Веле. Наменет е за тајни воени операции и извидувачки мисии, пишува најголемиот хонгконшки дневен весник на англиски јазик, South China Morning Post. Зуењето на извидувачкото летало ...

Новата верзија на Siri, која беше претставена истовремено со Apple Intelligence, можеби нема да биде објавена до пролетта 2026 година, објави Bloomberg. Новиот Siri би можел да биде вклучен во планираното ажурирање на iOS 26.4 следната година, за кое Bloomberg објави дека веројатно ќе пристигне во март. Apple објави попаметна, поперсонализирана верзија на асистентот на WWDC 2024 пред повеќе од една година, и речиси две години пред овој ...

Француската фирма за развој на вештачка интелигенција Mistral воведе два модели за резонирање на Magistral, приклучувајќи се кон глобалната конкуренција со компании како Open AI и Google. Magistral доаѓа во две варијанти: „Magistral Small“ со 24 милијарди параметри, кој е достапен за преземање на платформата Hagging Face, и помоќниот „Magistral Medium“, кој моментално е достапен во прелиминарна верзија на четботот на Mistral, Le Chat. Моделите ...

WhatsApp воведе серија ажурирања за подобрување на интеракцијата со корисниците во табовите Chats, Calls и Updates. Овие нови функции се дизајнирани да ја направат комуникацијата поангажирана и поефикасна за корисниците на Android и iOS платформите. Ажурирањата ќе бидат постепено достапни во текот на наредните недели. Една од најзначајните нови функции е воведувањето на анимирани емотикони. Емотикони како ❤️, 💕, 💯, 😎, 😉, ✨ и 😘 сега имаат ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пронашол купувач за апликацијата TikTok во таа земја. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека пронашол група многу богати луѓе како потенцијален купувач за TikTok, чиј идентитет ќе го открие за околу две недели, пренесува „Ројтерс“. На 18 јуни, Трамп по трет пат ја одложи забраната за апликацијата TikTok во Соединетите Американски Држави, додека чека нејзиниот сопственик, кинеската ...

Nothing Phone (3) е еден од најочекуваните телефони на годината, со смел редизајн и голем број подобрувања во однос на претходната генерација. Главната иновација, имплементирана од Nothing Phone (3), е Glyph Matrix – монохроматски LED дисплеј во горниот десен агол на задната страна на телефонот. Составен од 489 индивидуално осветлени LED диоди, Glyph Matrix воведува сосема нов начин на прикажување известувања и корисни информации. Дисплејот во ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
71%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 17ᴼ
0.0
65%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
73%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.25
60%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.0
86%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
60%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
64%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
46%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
64%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
73%
1012
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7827

Currency

34.4672

Currency

38.6827

Currency

66.0489

Currency

7.42703

Currency

0.66648

Currency

0.36134

Currency

0.52668

Currency

1.31103

Currency

0.60719

Алуминиум

2.56

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14875.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.60

Сребро

1202.35

Злато

108435.32

Бакар

8.94

Паладиум

38645.20

Платина

42647.74

Родиум

221840.15

Цинк

2.74