Рибите што живеат на големи длабочини обично изгледаат застрашувачки. Меѓутоа, истражувачите неодамна пронашле нови видови во длабоките делови на Пацификот, од кои еден вид е неверојатно симпатичен. Во студија објавена на 27 август во списанието „BioOne“, научниците опишале розова риба со тркалезна глава наречена „Careproctus colliculi“, колоквијално позната како „груткаста риба-полжав“, која изгледа како да се смее, а нејзините слики брзо го ...

Откако се појави на АТП турот, љубовниот живот на Карлос Алкараз често е тема на медиумите, но најчесто на ниво на шпекулации и озборувања. Сега, меѓутоа, ја имаме првата потврда дека е среќно заљубен… Како изгледа жената што го освоила срцето на младиот тенисер? Откако се појавија гласини дека ѕвездата од емисијата „Танц со ѕвездите“ Брукс Нејдер е во врска со тенисерот Јаник Синер, што таа го демантираше, сега нејзината сестра Грејс Ан ...

Дали знаете дека постои еден европски град кој се наоѓа на тромеѓа, каде што во еден ден можете да го доживеете културното богатство на три различни земји? Доколку сакате да посетите што е можно повеќе земји, експертка за патувања препорачува еден пограничен град во Европа кој ви овозможува да посетите три за само еден ден, пишува „Express“. Град кој е одлична почетна точка за патни авантури Блогерката за патувања Чина на ТикТок откри дека ова ...

Дали конечно најдовме доказ за постоење на вонземјани? Па, не баш. Научниците нагласуваат дека е потребна дополнителна анализа за да се утврди вистинското потекло на минералите и да се разјасни дали тие навистина се показатели за живот, таканаречени „биосигнали“, или резултат на некои други, целосно неоргански процеси. „Сакам да потсетам дека она што овде го опишуваме е потенцијален биосигнал. Тоа е елемент, молекул, супстанца или ...

Веќе по 30-тата година се намалува количеството на колаген во нашето тело, и не постои дилема дали треба дополнително преку додатоци во исхраната да го внесуваме. Дилемата е кој колаген да го одбереме, а да бидеме сигурни во неговата ефикасност. Како да направиме добар избор? Ефикасноста на еден колаген е пред се поврзана со спремноста за апсорција која колагенот COLLAGEN PEPTIDES ја има, а тоа треба да е докажано со бројни клинички студии. На ...

Помалку познатото европско летувалиште со бели песочни плажи, стар град под заштита на УНЕСКО и пиво кое чини помалку од 3 евра, го зазеде првото место на новиот список евтини морски дестинации. Во потрага по нови, поволни морски дестинации, Несебар, малиот приморски град во Бугарија, прогласен е за најдобар избор за одмор. „EasyJet“ составил индекс за да ги привлече туристите во помалку посетените приморски места и кога не е сезона. Познат и ...

Дали сте подготвени за ново, магично гастрономско искуство: Le Petit Chef - „најмалиот шеф на светот“ - коешто за првпат ни доаѓа во Скопје, во ресторанот на Marriott Skopje? Le Petit Chef – светска сензација што пристигнува во Скопје Овој уникатен проект ја спојува висoката кујна со современите аудиовизуелни технологии и традиционалната вечера ја претвора во мало сценско шоу. Преку 3D мапирање и најнова проекциска техника, гостите ќе бидат ...

Во 2050 година Европа ќе се соочи со сериозни последици од климатските промени кои ќе го обликуваат секојдневниот живот, инфраструктурата и околината, наведува вештачката интелигенција. Климатските промени и денес значајно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните ширум Европа, манифестирајќи се низ сѐ почестите екстремни временски појави како разорни топлински бранови, долготрајни суши, катастрофални поплави и шумски пожари. Европа брзо се ...

Како што изминуваат последните денови од летото, така треба сè посериозно да се подготвуваме за есента и за нова рутина за нега на лице, соодветна за новото годишно време. Нашата редакција подготви неколку совети кои ќе ви помогнат да му ја дадете на вашето лице негата која ја заслужува оваа есен. Благото намалување на температурите можеби не се чувствува постојано, но тоа сепак има ефект на кожата, особено на лицето каде што кожата знае да ...

Постојат многу здравствени предности на зеленчукот којшто во нашата кујна се користи на многу начини и е навистина феноменален. Тајната е во неговиот исклучителен нутритивен профил, полн со витамини, минерали и антиоксиданти, но и витамин Ц којшто апсолутно доминира. Крајот на летото и почетокот на есента ни носи нови намирници на пазарот, а некои видови зеленчуци навистина доминираат. Ништо друго не потсетува на есен повеќе од мирисот на ...

Принцезата Викторија од Шведска дефинитивно е жена која умее да се облече, а овој нејзин стајлинг е еден од поубавите во последно време. Истовремено класичен и сведен, а сепак привлекува внимание. Шведското кралско семејство било присутно на официјалното отворање на Парламентот во Стокхолм, а иако главна ѕвезда на настанот бил кралот Карл Густаф, медиумите посебно внимание насочиле кон неговата наследничка. Принцезата Викторија, позната по ...

Плановите за спасување на поларниот мраз и „поправање“ на климата со помош на технологија претставуваат „погрешна“ дистракција од итната потреба за намалување на емисиите на стакленички гасови, се наведува во новата научна проценка која повторно ја поттикна дебатата за таканаречениот геоинженеринг, пишува „Sky News“. Арктикот се загрева најмалку три пати побрзо од остатокот на планетата, што доведува до зголемување на нивото на морето и го ...

Среде Европа постои ентитет што звучи како нешто од роман – земја без територија, со сопствен пасош, валута, па дури и поштенски марки, но со само тројца државјани. Добредојдовте во светот на Малтешкиот витешки ред. Малтешкиот витешки ред, познат и како Суверен воен болничарски ред на Свети Јован Ерусалимски од Родос и Малта, е основан уште во 1099 година во Ерусалим како болница за сиромашни аџии. Веќе во 1113 година, папата официјално го ...

Како да го скратите времето додека чекате јавен превоз? Со гледање на мобилниот телефон, ќе речат повеќето луѓе, а ова може да се види на која било станица насекаде низ светот. Но во Варшава, решиле на патниците да им понудат нешто поинакво. На станицата Кондратович на линијата М2 во населбата „Targówek“, Варшава, оваа недела се отвори „Метротека“, библиотека со површина од 150 квадратни метри каде што можете да позајмувате книги, да читате, да ...

Компанијата Епл вчера ја претстави „iPhone 17“ серијата мобилни телефони. Новата серија вклучува четири модели, имено „iPhone 17“, „iPhone 17 Pro“, „iPhone 17 Pro Max“ и „iPhone 17 Air“. „Apple iPhone 17“ Телефоните во стандардната линија на „iPhone 17“ имаат 6,3-инчни екрани со брзина на освежување од 120 Hz со „ProMotion“ технологија и потенки рамки. Подобрената издржливост е делумно резултат на технологијата „Ceramic Shield 2“, која има три ...

До релативно неодамна, беше нарекувана најопасна земја во светот. Сега, според ново истражување на Светската туристичка организација (UNWTO), таа се претвори во вистинска хит дестинација која доживува еден од најголемите зголемувања на бројот на посетители во светот. Станува збор за малата централноамериканска земја Ел Салвадор, која го зазеде високото трето место на ранг-листата со највисок раст, веднаш зад Катар и Албанија. Поголема ...

На овoj пазар кавијарот се продава на лажичка, а конзерва месо од мечка чини 45 евра. „Најсреќната земја на светот истовремено важи и за една од најскапите, но кога неодамна бев во Финска, цените во супермаркет не ми беа толкав изненадување. Сепак, стариот пазар (Old Market Hall) во Хелсинки ме збунуваше на секој чекор“, го започнува своето искуство авантуристката Ана Кабала. „Сместен е во голема, стара зграда, во близина на пристаништето, ...

Во најновото издание на рубриката „Metro Travel Hot Takes“, новинарката Софи-Меј Вилијамс пишува во одбрана на еден италијански град со лоша репутација. „Еден наполитанец ми рече дека секој ден ја гледа смртта право в очи. Секако, мислеше на Везув, древен и сѐ уште активен вулкан којшто ѝ се заканува на градската силуета на Наполи, шармантен, но историски немирен град. Пред својата прва посета во 2022 година немав желба да одам во ...

Иако оброците во неговите ресторани не се меѓу најевтините, славниот готвач Гордон Ремзи бил шокиран кога видел колку чини оброк во ресторан на југот на Франција. Ремзи често нагласува дека во неговите јадења се става посебен акцент на квалитетот и вредноста и често споделува совети како да го добиете најдоброто за вашите пари. Меѓутоа, се чини дека овој француски ресторан ја добил неговата сериозна „анти-препорака“. 220 евра за јастог „Седевме ...

Маниока, позната и како тапиока или јука, е еднo од најраспространетите растенија во тропските предели на светот. Потекнува од Јужна Америка, а денес се одгледува ширум тропските региони. Најголем производител е Нигерија. Иако е основна храна за повеќе од 500 милиони луѓе, маниоката содржи опасни супстанции. Нејзиниот корен, лисја и кора содржат материи кои ослободуваат цијановодород. Количината на отров зависи од видот – кај „слатките“ сорти ...

Експертите од Институтот „Schmidt Ocean“ забележале необично суштество на околу два километри под ледената површина во близина на Јужните Сендвички острови. Тие снимиле огромен длабокоморски пајак додека ползел по дното на Јужниот океан. Морските пајаци се далечни роднини на копнените пајаци. Во поларните области многу од примероците достигнуваат необични димензии, а поради појавата познати се како длабокоморски гигантизам. Научниците ...

Жалфијата е растение чие име значи „да се спаси“. Кога луѓето денес би знаеле колку е лековита, би пиеле чај од жалфија секое утро наместо кафе. Со тоа се согласил и Рудолф Бојс. Тој ја препорачувал на пациентите при „тотална терапија“. Зошто е поволен чајот од жалфија? Го јакне имунитетот – богат е со антиоксиданти, флавоноиди и етерични масла. Против воспаленија на грлото – често се користи при настинки, ангина или воспаление на устата. Го ...

Актерката Анџелина Џоли се појавила на премиерата на филмот „Couture“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и ги засенила сите со својата појава. Таа се појавила во долг, волнен капут од брендот „Gabriele Hearst“ со дворедни копчиња којшто го облекла како фустан. Овој капут бил во посветла кафеава нијанса на боја која ќе биде хит сезонава, а на актерката одлично ѝ стоел. Под капутот Анџелина носела само хулахопки. Неколку копчиња од ...

Археолозите во Албанија откриле голема римска гробница од третиот или четвртиот век од нашата ера, прва од ваков вид пронајдена во балканската земја што некогаш била дел од Римското Царство, соопшти Албанскиот институт за археологија. „Натписот ни кажува дека лицето кое било погребано тука се викало Џулијано, име типично за римскиот период. Не сме сигурни за идентитетот на другото лице, но веројатно е член на семејството“, изјави водечкиот ...

Доџа Кет привлекла големо внимание на црвениот тепих на доделувањето на „MTV“ музичките награди во Њујорк каде направила нешто кое малкумина го очекувале. 29-годишната поп ѕвезда и пејачка, добитничка на Греми, се појавила во гламурозна облека инспирирана од 80-тите и веднаш го привлекла вниманието. Меѓутоа, она што го направила пред камерите ја оставило публиката во неверување. Додека заводливо нанесувала црвен кармин на усните, Доџа одеднаш ...

Со години, посетителите, придружени од бедуински водичи, се искачуваат на Синајската гора за да го гледаат изгрејсонцето над недопрениот, карпест пејзаж. Сега едно од најсветите места во Египет, почитувано од евреите, христијаните и муслиманите е во центарот на спорот околу плановите да се претвори во огромен туристички проект, пишува „BBC News“. Позната локално како Џабал Муса, Синајската гора е местото каде што се вели дека Мојсеј ги примил ...

НАСА објави нова фотографија направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, на која можат да се забележат илјадници млади ѕвезди во маглината Јастог, оддалечена околу 5.500 светлосни години од Земјата. На снимката јасно може да се забележи облакот од гас и прашина од кој се формираат ѕвездите, а Веб можел да „ѕирне“ низ густите слоеви на вселенска прашина благодарение на набљудувањето во инфрацрвениот спектар. Внатре во самата маглина се наоѓа ...

Исхраната и животните навики можат да играат голема улога во намалувањето на ризикот од рак на дојка, особено ако постои семејна историја на болеста. Онколошката диететичарка Никол Ендрус сподели практични совети засновани на истражување, истакнувајќи неколку намирници и навики кои можат да помогнат во спречувањето и намалувањето на ризикот од враќање на болеста. Соја Сојата често има лоша репутација поради фитоестрогените, но Ендрус објасни ...

На отворањето на 51 „Deauville American Films Festival“ во Франција, актерката Памела Андерсон ја примила престижната награда „Talent of Deauville“ за свој придонес во филмската индустрија. Оваа награда која се доделува на уметниците чија работа оставила значајна трага во светот на филмот, уште еднаш го потврдила статусот на Памела за икона на поп културата и нејзината долгогодишна кариера во Холивуд. На церемонијата присуствувале бројни ...

За седум дена во хотел со три ѕвезди во центарот, чисто и пријатно сместување, плативме околу 630 евра. Предлог аранжман „all inclusive“ за Аланија може да се најде и за околу 500 евра, а во таа цена се вклучени авион, трансфер до хотел, седум ноќи и три оброци во хотел со три ѕвезди. Тоа и натаму е значително поповолно од Грција. Белграѓани кои ја посетиле Аланија велат дека цените малку се зголемиле во однос на претходната година, но и натаму ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
58%
1022
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
90%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
7.2
72%
1023
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.0
73%
1023
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
89%
1026
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
60%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
58%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
47%
1021
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
88%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
94%
1025
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1020
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.58084

Злато

135736.19

Цинк

3.26

Родиум

256402.20

Платина

53749.14

Калај

40.84

Паладиум

46650.73

Бакар

10.84

Сребро

2008.67

Рутениум

29192.88

Никел

467712.99

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60