Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Холандскиот креатор на патописна содржина, Лук Патрик, патува сам и ја има посетено речиси секоја европска земја. Тој открил каде се чувствувал најбезбедно, а за еден соло патник, источна Европа се покажала како едно од најдобрите места. „Ова се десетте најбезбедни земји во Европа според моето искуство. Сум патувал во речиси секоја европска земја повеќе пати, така што моето мислење не се базира на едно добро или лошо патување во некоја земја. ...
Веројатно никогаш не би помислиле дека ќе ги видите зборовите „Албанија“ и „најбарана“ во иста реченица, но сепак тоа сега се случи. Од европски аутсајдер и најдобро чувана тајна, со нешто повеќе од 4 милиони туристи годишно од 2015 година, Албанија денес е домаќин на просечно 12 милиони посетители годишно, а бројот и натаму расте. Според податоците на Министерството за туризам на Албанија, просечната годишна стапка на раст на странски гости ...
Веројатно никогаш не би помислиле дека ќе ги видите зборовите „Албанија“ и „најбарана“ во иста реченица, но сепак тоа сега се случи. Од европски аутсајдер и најдобро чувана тајна, со нешто повеќе од 4 милиони туристи годишно од 2015 година, Албанија денес е домаќин на просечно 12 милиони посетители годишно, а бројот и натаму расте. Според податоците на Министерството за туризам на Албанија, просечната годишна стапка на раст на странски гости ...
Во нашиот нов серијал - „Мојата вистинска приказна“, денеска ви го раскажуваме животниот пат на Даниел Николовски, познатиот мејкап артист со над две децении работно искуство. Во хаосот на светот на убавината, каде што секоја линија и секоја боја мора да бидат совршени, Даниел Николовски го пронашол својот вистински пат – не само како мајстор на шминката и фризурата, туку како човек што преку уметноста гради самодоверба и ја буди душата на ...
Најпознатиот руски кардиолог Јевгениј Чазов открил што е најголемиот убиец на 21 век – тивкиот непријател којшто го скратува животот и го уништува здравјето, а поголем дел од луѓето не се ни свесни за тоа. Кардиологот Јевгениј лекувал најголем дел на функционери во земјата поради што го добил прекарот „доктор на Кремљ“. Советските уметници, писатели и академци му го доверувале своето здравје. Без оглед на тоа, Јевгениј себеси се нарекува лекар ...
Можеби претседателот на САД бил главна ѕвезда на Генералниот собир на ОН, но неговата прва дама успеала да му украде барем 5 минути слава. Доналд Трамп одржа говор во седиштето на ОН во Њујорк, каде пристигна во друштво на својата сопруга Меланија Трамп. Претседателот и првата дама повторно, како и по слетувањето во Англија минатата недела, пристигнале држејќи се за раце, што делува како работа на договор, а во овој случај Меланија го ...
Повеќе од една деценија откако во пермафростот на Западен Сибир беа откриени мистериозни дупки, научниците и натаму расправаат за нивното потекло, нудејќи теории што се движат од експлозии на гас до удари на метеори. Првиот ваков кратер беше забележан во 2014 година, а неговата појава започна лавина прашања на кои сè уште се бара одговор, пишува „Science Alert“. Сега тим геонаучници од Универзитетот во Осло, предводен од Хелге Хелеванг, ...
Новата иницијатива на Националниот здравствен систем (NHS) на Обединетото Кралство, наречена „Правилото на Џес“, го носи името по Џесика Брејди, која во текот на летото 2020 година повеќе од 20 пати стапила во контакт со својот лекар бидејќи се чувствувала лошо, но секојпат ѝ било кажано дека е „премлада за рак“ и дека симптомите се поврзани со долготрајниот коронавирус. Таа починала истата година, на 27-годишна возраст, од напреднат рак во ...
Крем супа од морков со ѓумбир е вистинскиот избор за здрав и вкусен оброк. Сладоста на морковите и пикантната свежина на ѓумбирот создаваат совршена рамнотежа на вкусови. Особено е вкусна кога се служи со крцкави парчиња леб што го надополнуваат доживувањето. Лесна, хранлива и богата со витамини, оваа супа е идеална за секој ден. Состојки: 400 г моркови Компири Ѓумбир 1 црвен кромид 1 лажичка свеж ѓумбир Морско оревче 2 лажици маслиново масло ...
На прв поглед, малото полско село Пњево изгледа како кој било друг мирен град на западот од земјата – но под плодните полиња и шуми се крие темна приказна: нацистички подземен град. Фестунгсфронт Одер-Варте-Боген, или скратено Оствал, бил утврден подземен комплекс изграден пред Втората светска војна, додека Адолф Хитлер се обидувал да ја обезбеди источната граница на Германија од Полска и Советскиот Сојуз. Сместен помеѓу реките Одра и Варта, ...
Функционери од Белата куќа денеска изјавија дека овој аранжман ќе обезбеди американските корисници да ја задржат контролата врз софтверот за препораки на апликацијата, откако нејзините американски операции ќе бидат издвоени од сопственоста на кинескиот „ByteDance“, пренесува весникот. Новите американски сопственици ќе изнајмат копија од алгоритмот на „ByteDance“, кој „Oracle“ потоа ќе го реконструира. Техничките детали за тоа како ќе се ...
Брачниот пар Јокиќ, Наталија и Никола Јокиќ, неодамна го прославија четвртиот роденден на своето постаро дете, ќерката Огњена. Погледнете како изгледаа познатиот кошаркар и неговата сопруга за оваа свечена пригода. Насмевките на гордите родители се највпечатливиот момент на оваа фотографија од роденденот на малата Огњена, но погледите ги привлекуваат и нивните стајлинзи. Наталија Јокиќ го прославила големиот ден на својата ќеркичка во свилен ...
Правилото кое го ограничува внесот на течности во рачен багаж на 100 мл, се чини дека по 20 години полека заминува во минатото. Благодарение на новите 3Д скенери, неколку европски земји веќе ја укинале оваа рестрикција, а се очекува трендот да се прошири на поголемиот дел од континентот. Италија е една од првите земји што го укинува ограничувањето Аеродромите во Рим (Фјумичино), Милано и Болоња им овозможија на патниците да носат и до два литри ...
Кој не би посакал телефон што изгледа како модерен аксесоар, а функционира како најнапреден уред на планетата? Galaxy S25 Edge е токму тоа – телефон кој не само што ви го олеснува секојдневието, туку и го претвора во инспиративна приказна. Дизајн што остава без здив Сè започнува со првиот впечаток. Galaxy S25 Edge е создаден за оние што сакаат технологија која изгледа исто толку добро колку што функционира. Со дебелина од само 5.8 мм, овој ...
Рускиот биохемичар и доктор по природна медицина, Марва Вагаршаковна Огањан, зад себе има повеќе од четири и пол децении искуство во медицинската пракса и лабораториската работа. Во текот на целата кариера несебично споделувала свои знаења, истражувања и практични совети, настојувајќи на луѓето да им помогне однапред за нивното здравје и да им го продолжи животот. Нејзините теории и методи основани се на проучување на примероци на современите ...
На северозападот на Шпанија, километри жолти пространства се прекинати само со по некое село, кое често се состои од неколку распаднати камени куќи собрани околу црква. Јавен превоз таму речиси и да не постои, растојанијата се преголеми за пешачење, а автомобилот е единственото средство за поврзување со остатокот од земјата. Ова се типични сцени од она што го добило прекарот España Vacía (во превод: празна Шпанија), бидејќи станува збор за ...
Есента стигна, а деновите ќе станат поладни и пократки, но грчкиот остров Кос и натаму останува сончев рај идеален за бегство од секојдневието. Сместен во Егејското море, како дел од сликовитите Додеканези, Кос е познат по прекрасните плажи, пријатната клима и богатата историја. Во октомври овој маѓепсувачки остров бележи просечни дневни температури од околу 26 степени, што го прави совршен за одмор надвор од сезоната. Со околу осум часа ...
Актерката Анџелина Џоли синоќа одржала голема модна лекција, воодушевувајќи ги присутните со своето модно издание. Актерката Анџелина Џоли обожува едноставни модни парчиња и сведени комбинации кои секогаш даваат беспрекорно стилизиран изглед. Таа неодамна се појавила на премиерата на филмот „Couture“ на филмскиот фестивал Сан Себастиан и уште еднаш воодушевила со својот моден избор. Холивудската актерка за оваа прилика облекла едноставен црн ...
Ракот на слепото црево е состојба која до неодамна беше толку ретка што поголемиот дел од луѓето, па дури и лекарите, никогаш не размислувале за неа. Децении наназад, ова беше вид болест со која лекарите можеа да се сретнат само еднаш или двапати во текот на кариерата, и речиси секогаш се појавуваше кај постари лица. Но, сега се појавува изненадувачки и загрижувачки тренд: ракот на слепото црево сè почесто се дијагностицира и сè повеќе ги ...
"OpenAI" воведува нови родителски контроли за "ChatGPT" со цел да ги заштити тинејџерите по серијата самоубиства поврзани со користење на вештачката интелигенција. Овие функции имаат за цел да ја подобрат безбедноста, но останува прашањето за нивната ефикасност и вистинскиот ефект. "OpenAI" конечно воведе родителска контрола во "ChatGPT", но дилемата е – дали ова доаѓа предоцна? Откако родителите на тинејџери, кои трагично ги загубија животите ...
Како родител сигурно сте се запрашале дали е добро на вашето дете да му дадете неделен буџет со кој ќе располага цела недела, или пак секојдневно да му давате мал износ? Или пак ако имате студент дали да му овозможите користење дебитна платежна картичка. Одлуката е едноставна, и е директно поврзана со прашањето дали сакаме порано да ја поттикнеме нивната финансиска независност и да ги подготвиме самите да си ја трасираат својата иднина. ...
Компанијата "Ayaneo", позната по својата широка понуда на преносливи гејминг уреди, најави нов модел наменет за љубителите на старите игри – "Pocket Air Mini". Главната предност на оваа ретро конзола е нејзиниот единствен екран со сооднос 4:3, дизајниран да овозможи автентично искуство при играње класични наслови, пишува "GSMArena". Екран создаден за класици Она што го издвојува "Pocket Air Mini" е токму екранот. Станува збор за 4,2-инчен ...
Од пеперутки до скакулци, инсектите кои го придвижуваат нашиот свет се наоѓаат во сериозна опасност. Новата студија открива дека нивниот број опаѓа не само во подрачјата под директно влијание на човекот, туку и во оддалечените, недопрени делови на природата, пишува „Science Alert“. Исчезнувањето на инсектите во клучните области ширум светот досега главно се припишувало на уништувањето на луѓето и локалните климатски промени. Меѓутоа, сега е ...
Во јужниот дел на германската покраина Баварија, се наоѓа заштитено алпско подрачје – националниот парк „Berchtesgaden“, кое ги маѓепсува посетителите со рајскиот пејзаж, бајковитите ридови,планинарски патеки, шуми и езера. Една од неговите драгоцености е езерото Кенигсе или Кралско езеро, кое вреди да се посети барем еднаш во животот. Единствен национален парк во германските Алпи Националниот парк „Berchtesgaden“ е единствен национален парк во ...
Кога доаѓа септември, летото на некој начин е завршено, но оние кои веќе биле на годишен одмор размислуваат за есенско „ладење“. А, што ќе прават оние кои не биле на одмор? Не грижете се, на море може да се оди и во октомври, а доколку мислите дека тоа мора да биде прескапо задоволство, тогаш се лажете. Постојат места кои нема да ви го испразнат семејниот буџет, а на кои морето и натаму е доволно топло, па може да се ладите во него. Дестинации ...
Астероидот за којшто некогаш се мислело дека претставува закана по Земјата би можел со голо око да го видат дури две милијарди луѓе, кога ќе прелета покрај нашата планета во 2029 година. „Апофис е голем астероид со пречник од 240 метри којшто безбедно ќе помине покрај Земјата, поблиску од геосинхроните сателити, на 13 април 2029 година, петок – затоа што природата има смисла за хумор“, рекол Ричард Бинзел, професор по планетарни науки на ...
Краставицата е еден моќен зеленчук којшто го чува нашето здравје. Често ја потценуваме, сметајќи дека поради изобилството на вода не содржи доволно хранливи состојки, но вистината е поразлична. Што се случува во нашиот организам ако секој ден јадеме краставица? Овој зеленчук со убава зелена боја дефинитивно поседува „супермоќи“. Во светот на ботаниката, од научна гледна точка, краставицата е овошје. Во кулинарскиот свет сепак се користи како ...
Дилета Леота повторно нашла начин да биде во центар на внимание. Нејзиното ново појавување ги привлекло сите погледи. Најпознатата италијанска новинарка Дилета Леота често е активна на социјалните мрежи. Таа редовно споделува фотографии од приватниот и деловниот живот и со тоа привлекува внимание како во машкиот така и во женскиот свет. Иако е голем фан на голите фустани, овојпат таа одлучила да облече сведен крој, но сепак ги истакнала ...
На отворањето на „Хајдифест“, прославата која Хајди Клум ја организирала во Минхен во пресрет на „Октоберфест“, вниманието било насочено само кон неа. Во средиштето на настаните се нашла Хејли Хаселхолф, ќерка на актерот Дејвид Хаселхоф која со своето појавување ги воодушевила присутните и го одбележала настанот на впечатлив начин. Враќање на сцена после тежок период Хејли на фестивалот се појавила во елегантен црн фустан, а нејзиниот изглед ...
Три чести заболувања поврзани со срцето можат да го зголемат ризикот од смрт како последица на болести на црниот дроб и до 40 отсто, покажале истражувањата. Во медицината позната како болест на масниот црн дроб, поврзана со метаболичка дисфункција, оваа болест не е последица на прекумерно консумирање алкохол којшто е најчеста причина за проблеми со црниот дроб, пишува „Дејли Мејл“. Наместо тоа MASLD настанува кога вишокот масти ќе се наталожат ...