Со зурли и тапани протестот поради одземените возила се префрли во битолскиот Основен суд. Бараме правда!-се скандира на протестот. Видео на следниот ЛИНК. Ни ги зедоа возилата, а со нив децата ги раниме, велат жителите на битолски Баир кои протестираат. Претходно истата група која протестира го блокираше патот на обиколницата над Битола. Имено, локални жители на битолски Баир денес излегоа на протест и запалија оган на обиколницата со што го ...

Блокиран е патот на обиколницата над Битола откако локални жители на битолски Баир излегоа на протест и запалија оган кој го попречи сообраќајот. Причина за протестот е одземање на две возила од страна на полицијата откако возачи се затекнати без возачка дозвола, односно без положен возачки испит. Екипа на ТВ Тера е на локацијата. Патот над Битола е затворен, а полиција го обезбедува местото. Блокиран е патот на обиколницата над Битола ...

Биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година, а во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Решавање на предизвиците со кои ...

Засега нема закон кој овозможува ефикасно решавање на проблемот со руинираните објекти. Законот за заштита на културното наследство е во фаза на измени, па доколку се усвојат предложение измени, состојбите би биле инакви. За ова разговаравме со Зоран Алтипармаков, советник конзерватор во НУ Завод и Музеј -Битола. ТЕРА: Пред два дена имавме инцидент во којшто стар објект се урна затоа што беше неодржуван. Дали тој објект е заштитен како ...

Општина Новаци започнува постапка за доделување финансиска помош во износ од 10.000 денари по барател, за покривање дел од трошоците поврзани со обука, полагање и стекнување возачка дозвола од Б категорија. Мерката е наменета за млади жители на Општина Новаци на возраст до 26 години, со цел олеснување на пристапот до возачка дозвола и унапредување на нивната лична и професионална подготвеност. Целосната информација за условите за учество, ...

Додека неговите врсници уживаат во слободното време, 14-годишниот мотокросист Стефан Ѓорѓиевски од Битола ја испиша својата најуспешна спортска приказна досега. Со крунисувањето во национален шампион во класата MX 85 за 2025 година, Стефан потврди дека Македонија има нов моторциклистички ас кој доминира на патеките. Додека неговите врсници уживаат во слободното време, 14-годишниот мотокросист Стефан Ѓорѓиевски од Битола ја испиша својата ...

Идентификувани се два нови растителни вида, Euphorbia skopjensis и Euphorbia balcanica, соопшти Македонското еколошко друштво. Истражувањето е реализирани како дел од програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво. Беше спроведено истражување за морфолошката и геномската разновидност на растителната група Euphorbia glareosa на територијата на Македонија и споредба на локалните македонски ...

Според законите, правилниците и другите акти поврзани со животот на луѓето во градовите, Општинската градежна и Општинската комунална инспекција регистрираат која од куќите има проблем со стабилноста и претставува потенцијална опасност. Ако сопствениците се пронајдени и не презеле ништо, според правилникот за работа на оппштинскиот инспекциски надзор – може да изречат казни и, општината може и да го урне објектот. Ненаселени и запуштени куќи ...

Одземени се возилата на двајца битолчани и еден жител на Острец, бидејќи возеле без положен возачки испит. Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола, возилата им се одземени, соопшти МВР. На 02.02.2026 во 15:33 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(43) од Битола. При контрола во ...

Во организација на здружението на децата и млади со попреченост и нивните родители “Невроразлични” се одржа трибина “Етиологија, дијагноза и третман на децата со аутизам“. На трибината говореше Д-р Наги Момени, доктор на науки од Универзитетот Линеус во Шведска. Трибината најпрвин прозвучи со сите медицински и биохемиски истражувања на шведскиот експерт во третманот на аутистичниот спектар , а потоа присутните разговараа со докторот Наги ...

Денеска на Факултетот за биотехнички науки во Битола, со едукативен настан беше одбележан Светскиот ден на блатата, настан којшто уште од далечната 1997 година, па се до денес, се одбележува насекаде низ светот на истиот датум, 2 февруари. „Овој ден има големо значење за екологијата и за биодиверзитетот бидејќи блатата претставуваат витални компоненти за човекот. Лулка на биодиверзитетот а истовремено претставуваат и опстанок за безброј ...

Деновиве вниманието на битолската јавост е свртено кон состојбата на старите куќи во градот и опасноста од нивно уривање. Уште една стара куќа се сруши во Битола. До рушење на објектот на улица „Стевче Патако“ дошло во петокот во раните утрински часови, околу 1 часот по полноќ. Најголем дел од објектот се урнал во дворот. Сопственикот веднаш интервенирал. Со багер бил расчистен градежниот шут. Во инциденот за среќа нема повредени и нема ...

Мнозинството советници предводено од ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери на минатонеделната седница на Советот на Општина Битола дадоа зелено светло за поскапување на услугите на јавните комунални претпријатија. Битолчани отсега повисоки сметки освен за ѓубретарина, јавно зеленило ќе плаќаат и за гробно место и негово одржување. Со поскапувањата што на седницата ги изгласа владејачкото мнозинство купувањето гробно место чини 24.500 денари, а ...

Неколку жители на населбата стара болница во Битола утрово ги затекнаа своите автомобили со дупнати гуми. Оштетените вознемирено реагираа до телевизија Тера. Велат дека автомобилите во ваква состојба ги затекнале рано наутро, посочувајќи дека возилата биле уредно паркирани на платениот паркинг во населбата. Случајот го пријавиле во полиција. Неколку жители на населбата стара болница во Битола утрово ги затекнаа своите автомобили со дупнати ...

18 годишна девојка фатена со дрога на улица “Партизанска“. Претреси во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица, соопшти МВР. На 02.02.2026 во 02:00 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена ...

На 01.02.2026 во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Г.(22) од с.Ношпал, битолско. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на 60 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...

Корекција на цените на услугите во Старскиот дом ,,Сју Рајдер“ беше изгласана од мнозинството советници на последната седница на Советот на Општина Битола. За советниците од власта корекцијата на цените била направена внимателно, а тоа било неопходно поради зголемените трошоци за редовно одржување на Старскиот дом. „Во изминатите години се евидентирани пораст за трошоците за електрична енергија, храна и прехранбени производи. Средства за ...

Од месец феврурари се зголемува месечната цена за престој на деца од 0 до 6 години во битолските детски градинки. И двете институции што го организираат згрижуавњето предложија цената од досегашните 1.490 денари да се зголеми на 2.000 денари. Младите што основале семејство овде на пат кон градинката којашто мора да ја искористат, на секој чекор од утре ќе се соочат со зголемени цени – дури и кога ќе сака да го фрли ѓубрето, вели ...

ТЕРА: Г-н Димитриевиќ, деновиве во Битола одржавте состанок којшто ги доведе битолчани до заклучокот дека фракции во СДСМ ја растураат битолската СДСМ. Како дојде до тоа да одржите состанок со одредени членови но не и со советниците? Димитриевиќ: „Најпрвин, се јави како потреба веднаш по конгресот и по дискусиите на делегатите да се направи еден состанок во битолската Општинска во којашто ќе учествуваат сите моментални носители на партиски ...

Битолскиот студентски дом и основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ ќе се реконструираат со кредит од КФВ банката. Македонската влада е гарант на кредитот, којшто треба да се отплаќа на 15 години. Ново кредитно задолжување гарантира македонската влада за реконструкција на студентските домови и основните училишта во државата. Од овие средства околу 9 милиони евра се наменети за реконструкција на заводот за рехабилитација на деца ...

Обезбедни се средства за реконструкција на државниот студентски дом „Орде Чопела“ во Прилеп. Со инвестиција од 4.672.878 евра, средства обезбедни од Владата на Република Македонија, се предвидува целосна обнова на објектот, замена на водоводната, електричната и топлотната инсталација, поставување фотоволтаична централа и енергетски ефикасно греење, нов систем за санитарна топла вода, термичка изолација на објектот и кровот, како и целосно ...

Помошта изнесува 3.000 денари за секое запишано прваче во учебната 2026/2027 година, откако Советот на Општина Прилеп деновиве го усвои Правилникот за доделување на еднократна парична помош. Финанансиска поддршка ќе добие секое запишано прваче во основните училишта на територијата на општина Прилеп. За таа цел од буџетот на Општина Прилеп се издвоени два милиони денари. Воедно, советниците ја изгласаа и измената на Правилникот за доделување ...

Се сруши ѕид на објект на паркинг во Битола и оштети неколку паркирани автомобили. Се работи за локацијата на паркинг просторот зад зградата ЈАТ. Полицијата е веќе на лице место, а локалните жители се вознемирени. Се утврдуваат причините за настаните штети. „Падна дел од ѕидот на нашето возило’. Полицијата направи записник. Колата веќе не се прави од што е оштетена. Ќе преземиме правни мерки”, рече битолчанецот Андреј Терзиевски, чие возило ...

Крушево доби нов пумпен агрегат кој што е важен за стабилно водоснабдување и континуиран пристап до чиста вода. Донацијата на новиот пумпен агрегат овозможува стабилно функционирање на водоснабдителниот систем и континуиран пристап до чиста вода, што директно го подобрува секојдневниот живот и квалитетот на живеење во нашата заедница, вели градоначалникот на Крушево, Нико Чонески. „Со особена благодарност сакам да ја истакнам значајната ...

Угина нилскиот коњ Берта во зоолошката градина во Битола, кој 40 години беше радост за децата во градот и регионот. Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека и покрај длабоката старост, Берта беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот крај за овој животински вид на оваа возраст беше неизбежен. Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките ...

Во Могила се одржа обука за користење на вештачката интелигенција во наставата, на која присуствуваа сите наставници вработени во основните училишта во Општина Могила – квалитетни кадри кои со својата работа оставаат трага во иднината на нашите деца. „Благодарност до обучувачите од Клубот на наставници ЛЕАД – Скопје, кои нудат уникатна програма што ги обединува наставниците во заедница за учење, поддршка и развој, овозможувајќи размена на ...

Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. „Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот ...

Ако постои бенд за кој може да се каже истото и да се искористат истите епитети од минатогодишната најава за Massive Attack – „бенд и бренд кој е во било кое време пред времето“, тоа се без сомнение – KRAFTWERK! Бендот без кој во музиката многу работи немаше да бидат тоа што се: од електро до хип хоп, од техно поп до синт поп, го вклучи Скопје во својата нова „Multimedia 2026“ турнеја со голем open air концерт на 25 јули (сабота), а како ...

Во организација на Заедницата на Срби во Македонија, синоќа беше одржана свечена Светосавска академија по повод српскиот празник Свети Сава. Настанот ја истакна добрата соработка, заемното почитување и пријателските односи што со години ги поврзуваат македонскиот и српскиот народ. Покровител на свеченоста се Владата на Македонија и претседателот на Република Србија Александар Вучич. Традиционалната Свечена Светосавска академија е потврда на ...

Најдобрите матуранти од Битола наместо на Битолскиот, се одлучуваат да студираат во Словенија. Елитата на младите од Битола се на студии во Словенија и најголемиот број од нив по завршувањето на студиите не се враќаат во татковината, туку остануваат да живеат и работат во странство, велат професорите од Битолскиот универзитет. „Еден од предизвиците е популарноста на факултетите во странство. Повеќе битолчани студираат во Љубљана, Марибор и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
9.26
62%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 1ᴼ
2.57
80%
1016
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.91
89%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1004
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
4.92
75%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1007
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1008
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
4.02
80%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
97%
1008
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
71%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Калај

49.78

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Бакар

12.10

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Алуминиум

3.06

Сребро

3663.67

Родиум

339190.38