Пред четири години во Катар, фудбалскиот свет беше убеден дека приказната е завршена. Сите мислевме дека Лионел Меси го одигра својот последен мундијалски танц, го освои единствениот трофеј што му недостасуваше и стави точка на дебатата за тоа кој е најдобриот на сите времиња. Осум години пред тоа, многумина дури тврдеа дека тој никогаш нема ни да ја почувствува тежината на светската круна. Но, еве нè денес. Лето 2026 година. Човекот има 39 ...

Емоциите, адреналинот и фудбалската лудост по епското полуфинале во Атланта сè уште не стивнуваат. Додека Англичаните денес ги анализираат причините за уште еден болен и веќе виден крах, Аргентинците слават пласман во своето второ последователно финале на Светските првенства. Архитектот на овој тим, Лионел Скалони, по натпреварот не се обидуваше да ги скрие емоциите, додека контроверзниот, но секогаш искрен голман Емилијано Мартинез брутално ...

Англискиот мундијалски сон заврши на веќе виден, суров начин. Предноста од 1-0 се претвори во кошмар во последните минути, а нацијата уште еднаш бара одговори за тактичкиот страв кој ја парализираше репрезентацијата. На мета на јавноста очекувано е селекторот Томас Тухел, чија одлука да се повлече во длабока дефанзива и да игра со петмина во одбраната се покажа како фатална против Аргентина. По натпреварот, германскиот стратег ја презеде ...

Речиси еден век историја и 23 Светски првенства подоцна, фудбалските богови категорично одбиваат да го променат најсуровото, но и најфасцинантното непишано правило на Мундијалите. Колку и да вложувате милиони во елитни странски стручњаци, ниту една репрезентација никогаш не успеала да го освои светскиот трон со странец на кормилото. Вечерва во Атланта, ова митско проклетство однесе уште една голема жртва. Поразот на Англија предводена од ...

Кога на една страна ги имате историјата, воените лузни, деценискиот спортски гнев и наелектризираната атмосфера во Атланта, тогаш знаете дека тоа никогаш не е само обичен фудбалски натпревар. А кога во тимот го имате Лионел Меси, тогаш невозможните нешта стануваат реалност, а фудбалот повторно „не се враќа дома!“. Аргентина е повторно во финалето на Светското првенство! Актуелниот светски шампион уште еднаш покажа дека оваа генерација ...

Светските медиуми утрово осамнаа со наслови полни со неверување. „Како е можно Франција да биде елиминирана?“, „Што тргна наопаку за главниот фаворит?“, „Шок во Далас: Шпанија ја сруши Франција!“. Но, ако фудбалската јавност барем за момент ги тргнеше розовите очила низ кои ја гледаше француската репрезентација, воопшто немаше да биде изненадена од синоќешниот резултат (2-0). Вистината е дека Шпанија не приреди никакво чудо. „Црвената фурија“ ...

Лионел Скалони пред новинарите смирено се обиде да ја спушти топката на земја: „Ова е само фудбалски натпревар и ништо повеќе“. Но, веднаш штом се затворија вратите на аргентинската соблекувална по победата над Швајцарија во Канзас Сити, реалноста излезе на виделина. Играчите скокаа по масите, удираа со рацете и на цел глас ја пееја својата добро позната патриотска навивачка песна – за нивната желба за четврта светска титула, за Диего, за ...

Вчерашниот 14 јули требаше да биде ден за историско двојно славје во Франција. Националниот празник „Ден на Бастилја“ идеално се поклопи со полуфиналето на Светското првенство, а навивачите веќе го гледаа својот тим како чекори кон ново големо финале. Но, наместо еуфорија, Шпанија им сервираше болна елиминација (0-2), која на улиците во Париз експресно се претвори во насилство, вандализам и жестоки судири со полицијата. Француската ...

Светското првенство во 2026 година влегува во самата завршница, а вечерашното полуфинале ни носи еден од најголемите класици во историјата на фудбалот. На импозантниот „Мерцедес-Бенц Стадион“ во Атланта, Англија и бранителот на трофејот Аргентина ќе водат немилосрдна битка за билетот кој води во големото финале. Победникот од овој историски судир во недела во Њујорк ќе ги одмери силите со селекцијата на Шпанија, која синоќа ја елиминираше ...

Дали забележавте нешто необично во деновите пред епското полуфинале меѓу Аргентина и Англија? Таборот на Аргентина – играчите, поранешните легенди и вистинските навивачи, е релативно тивок. Од другата страна, ривалските фанови на социјалните мрежи, англискиот табор и глобалната медиумска машинерија ја прават целата врева. Интернет просторот е преплавен со коментари од типот „лесна победа“, „ќе го ставиме Меси во џеб“ и безброј арогантни ...

Финалето на секое големо натпреварување ја губи својата вредност, светост и достоинство во моментот кога ќе се побара од него да биде паралелна естрадна претстава на славните музички ѕвезди. Пехарот го освојуваат фудбалерите на зелениот терен, а не танчерите и пејачите донесени да ја забавуваат публиката помеѓу двете полувремиња. Церемониите имаат свое место пред или по натпреварот, но нивното место дефинитивно не е среде најважниот спортски ...

Светското првенство во 2026 година ни носи уште еден епски класик. Вечерва, на стадионот во Атланта, бранителот на трофејот Аргентина ќе се соочи со Англија во битка за големото финале. Овој дуел е многу повеќе од обичен фудбалски натпревар – тоа е судир на две нации чие ривалство е длабоко вкоренето во историјата, обележано со воени конфликти и незаборавни фудбалски моменти кои се прераскажуваат со децении. Свесен за огромниот притисок, ...

Светското првенство во 2026 година ќе остане запаметено по многу спортски моменти, но и по еден од најголемите административни преседани во историјата на фудбалот. Поништениот црвен картон на американскиот напаѓач Фоларин Балогун, по директната интервенција на претседателот Доналд Трамп кај првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, предизвика вистински земјотрес пред осминафиналниот дуел меѓу САД и Белгија. Неколку дена по болната елиминација ...

Француската фудбалска јавност е во шок по вечерашната елиминација во полуфиналето на Светското првенство. Моќните „Триколори“, кои на патот до полуфиналето постигнаа дури 16 голови и беа сметани за апсолутни фаворити од пошироката јавност, доживеаја вистински колапс против тактички беспрекорната Шпанија (0-2) на „АТ&Т Стадионот“ во Тексас. Овој пораз означува и крај на една голема епоха за францускиот фудбал. Селекторот Дидие Дешамп ...

Откако „Црвената фурија“ одржа вистинска фудбалска тактичка лекција и со 2-0 ја елиминираше Франција во полуфиналето на Светското првенство, емоциите во шпанскиот табор беа на самиот врв. Архитектот на оваа докторска дисертација, селекторот Луис де ла Фуенте, не го криеше своето воодушевување од начинот на кој неговите избраници, потпирајќи се на чист интелект и тимска игра, го фрлија на колена големиот фаворит. Остварување на четиригодишната ...

Судиските одлуки се главна тема на речиси секој голем натпревар на Светското првенство, а нервозата кај тренерите и играчите го достигнува својот максимум. Но, иако Светската фудбалска куќа (ФИФА) во моментов молчи, зад затворени врати веќе се подготвуваат сериозни санкции за сите оние кои јавно го нарушија угледот на судиската организација. Според добро упатени извори на реномираниот „The Athletic“, ФИФА намерно чека да заврши турнирот пред ...

Постојат ноќи кога спортот ги надминува сите физички законитости и се претвора во совршена шаховска партија на зелен терен. Ноќи во кои фудбалот потсетува зошто е најубавата споредна работа на светот. Ова што се случи вечерва на грандиозниот стадион во Далас не беше само полуфинале на Светското првенство 2026. Ова беше апсолутна докторска дисертација од „Црвената фурија“ и монументална победа од 2-0 над досега фаворизираната Франција. Нула ...

Манчестер Јунајтед не запира со засилувањата за новата сезона. Откако го официјализираа мега-трансферот на Андреј Сантош од Челси, „црвените ѓаволи“ сега го потврдија доаѓањето на белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс од Астон Вила. Овој 29-годишен играч за врска потпиша петгодишен договор кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ до 2031 година. Иако неговиот договор со Астон Вила траеше до 2028 година, раководството на Јунајтед ја активираше ...

Вардар го остави срцето на теренот во Куопио. Херојската победа од 3-2 по продолженија нема да се заборави, но за жал, недостигаше уште малку за вкупен триумф над КуПС. Сепак, нема простор ниту време за тагување. Европскиот пат на „црвено-црните“ продолжува во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а таму ги чека шампионот на Летонија – ФК Рига. Летонците доживеаја слична судбина како Вардар. Иако имаа амбиции за ...

Сè е подготвено за спектакл! Според многумина, ова е вистинско финале пред финалето. Во срцето на Тексас, на грандиозниот стадион во Арлингтон, се судираат двете најмоќни европски сили кои го преживеаја мундијалскиот филтер, прворангираната Франција и треторангираната Шпанија. Ова е пресметка на две фудбалски филозофии кои доминираат во модерната ера, а влогот е место во големото финале на Светското првенство. Дешам испишува историја, Мбапе ...

Штета! Долго ќе се шепоти низ чаршијата што ќе беше да не беше тој непотребно ужасно одигран натпревар во Скопје и поразот од 0-2… Долго ќе се шепоти што можеше да направи Вардар доколку во овие два меча имаше класичен напаѓач на посакуваното ниво. Но, едно големо браво за одиграното во Финска, каде „црвено-црните“ по огромна драма славеа со 2-3 по продолженијата, иако тоа за влакно не беше доволно за вкупна победа (елиминација со вкупни 4-3 ...

Македонскиот шампион Вардар одигра херојски во регуларниот дел од реваншот против КуПС во Финска. Откако првиот натпревар во Скопје заврши со негатива од 0-2, „црвено-црните“ успеаја целосно да ја анулираат предноста на домаќините и со гостинска победа од 0-2 изборија продолженија во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Офанзивна игра и покрај отсуството на класичен напаѓач Вардарци одиграа далеку подобар и похрабар натпревар ...

Светското првенство во 2026 година влегува во самата завршница, а вечерашното полуфинале ни носи судир на едни од најдобро рангирани репрезентации на ФИФА листата. На импозантниот „АТ&Т Стадион“ во Арлингтон (Тексас), Франција и Шпанија ќе водат немилосрдна битка за билетот кој води во големото финале. Победникот од овој европски класик во недела во Њујорк ќе ги одмери силите со подобриот од утрешната пресметка меѓу Англија и Аргентина. ...

Сите навивачи на француската репрезентација конечно можат да здивнат. Најдобриот играч на „триколорите“, Килијан Мбапе, е целосно подготвен за вечерашното полуфинале на Светското првенство против Шпанија, кое е закажано за 21:00 часот на „Далас Стадион“ во Тексас. Откако Мбапе предвреме го напушти четвртфиналето против Мароко во 77-та минута поради ситна повреда на скочниот зглоб, се појавија големи сомнежи околу неговиот настап. Ситуацијата ...

Ако некогаш се најдете на трибините на стадионот „Хидалго“ во Мексико, каде што игра екипата на Пачука, можеби ќе ве изненади една необична навивачка кореографија. Навивачите гордо развиваат транспарент со лик на рудар кој во едната рака држи копач, а во другата – специфично печиво. Зад него гордо се вее црно знаме со бел крст. За неупатените, ова е вистинска мистерија, но за познавачите на историјата, ова е знамето на Корнвол. Додека Мексико ...

Манчестер Јунајтед официјално го потврди трансферот на 22-годишниот бразилски играч за врска, Андреј Сантош, кој пристигнува од редовите на ривалот Челси. Оваа голема зделка ги чинеше „црвените ѓаволи“ 48 милиони фунти фиксно, плус дополнителни 2 милиони во лесно остварливи бонуси, додека клубот од Лондон задржа и 10 проценти од идната продажба на играчот. Остварување на детскиот сон Младиот Бразилец не го криеше воодушевувањето по потписот ...

Македонскиот шампион Вардар е пред пеколно тешка задача во финскиот град Куопио. Откако минатата недела во Скопје се сопнаа од реалноста и доживеаја болен шамар (0-2) од физички супериорниот КуПС, „црвено-црните“ сега ќе мора да бркаат чудо во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Како што предупредивме по првиот натпревар, маркетиншките паради и луксузните подготовки во Италија против нисколигаши не го подготвија ...

ЕКСКЛУЗИВНА АНАЛИЗА НА JUVE.MKD Дали македонскиот репрезентативец е вистинското решение за „Старата дама”? Кога една трансфер-приказна истовремено ќе ја објават Tuttomercatoweb, Football Italia, JuveFC и ќе почне да кружи низ поголем број италијански медиуми, тогаш веќе не зборуваме за обична шпекулација. Во последните денови името на Елиф Елмас повторно се наметна како една од најинтересните теми поврзани со Јувентус. Според најрелевантните ...

Трансфер пазарот во Премиер лигата честопати знае да биде суров, а Њукасл Јунајтед дефинитивно ќе го памети ова лето како еден од најболните порази. Додека „страчките“ со недели преговараа за потписот на швајцарската сензација Јохан Манзамби, Астон Вила го направи потегот што никој не го очекуваше, но сега изгледа поблиску до реалноста од било кога. Додека сите медиуми ги убедуваа навивачите дека Вила не е во игра, се појави видео од после ...

Ако некогаш сте помислиле дека филмските приказни се само сценарио, Кристо Фернандез е тука да ве разубеди. Актерот кој го освои светот како симпатичниот напаѓач Дани Рохас во мега-популарната серија „Тед Ласо“, викендов го реализираше она што многумина го сметаа за невозможно – на 35-годишна возраст стана професионален фудбалер. Додека ликот на Дани Рохас на екранот живееше со мотото „Фудбалот е живот“, Кристо одлучи да го претвори тоа во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35