Француската фудбалска јавност е во шок по вечерашната елиминација во полуфиналето на Светското првенство. Моќните „Триколори“, кои на патот до полуфиналето постигнаа дури 16 голови и беа сметани за апсолутни фаворити од пошироката јавност, доживеаја вистински колапс против тактички беспрекорната Шпанија (0-2) на „АТ&Т Стадионот“ во Тексас. Овој пораз означува и крај на една голема епоха за францускиот фудбал. Селекторот Дидие Дешамп ...
Селекторот на Франција Дидие Дешамп официјално потврди дека се повлекува од функцијата по завршувањето на овој турнир, но неговото заминување ќе остане запаметено по огромната фрустрација и отворените напади кон судиската организација. „Ќе поставам едно директно прашање и нема да го одговорам: Дали овој судија воопшто е на нивото кое се бара за да суди полуфинале на Светско првенство?“, изјави видно револтираниот Дешамп пред новинарите, ...
Со натпреварот за третото место на Светското првенство, кој ќе се одигра во сабота, официјално ќе заврши 14-годишната ера на Дидие Дешамп како селектор на француската репрезентација. И покрај тоа што во текот на својот мандат ја предводеше Франција до бројни успеси, меѓу кои и светската титула, неговото заминување доаѓа по пораз во полуфиналето од Шпанија. Французите, кои пред почетокот на Мундијалот беа меѓу главните фаворити за трофејот, ...

