Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Како инженер и како човек сметам дека вештачката интелигенција и податочните, односно дата-центрите, се новата нафта, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со одлуката на Советот на Општина Пехчево, кој гласаше против изградба на дата-центар. Но, Мицкоски потенцираше дека тоа била приватна иницијатива. – Од тоа што бев информиран од градоначалникот, станува збор за нацрт-предлог на урбанистички план. ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата квалификациска рунда за пласман на УС Опен. Ѓорческа денеска загуби од Јапонката Маи Хонтама со 2:0 во сетови (7:6, 6:3), со што го заврши настапот во квалификациите за последниот гренд-слем турнир во сезоната. Јапонката подобро го отвори мечот и веднаш направи брејк за водство од 2:0. Ѓорческа возврати со одземен сервис, но Хонтама брзо ја врати предноста. Првиот сет ...
Ненад Димитријевиќ повторно е на располагање на македонската кошаркарска репрезентација, а неговото враќање доаѓа во важен момент за националниот тим. Македонија го продолжува патот кон Евробаскетот 2029, а првиот голем предизвик ќе биде гостувањето против Австрија во Виена. Македонскиот плејмејкер добро го познава противникот и очекува тежок натпревар, но верува дека неколкудневните подготовки ќе бидат доволни за тимот да се подготви за ...
Бугарската пејачка Дара, која во мај годинава ѝ ја донесе на Бугарија првата победа на Евровизија со песната „Bangaranga“, повторно е актуелна. Овојпат причина е британскиот диџеј и продуцент Џекс Џонс, кој јавно ѝ упати необичен предизвик и навести можна соработка. Откако повеќе обожаватели го означувале на социјалните мрежи и го прашувале дали би снимил песна со актуелната евровизиска победничка, Џонс реши директно да ѝ се обрати. „Добро, ...
Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ донесе одлука за воведување временски режим на водоснабдување во населеното место Булачани, објаснувајќи дека оваа одлука е донесена поради намалувањето на водотекот и дотокот на вода од природните извори, предизвикано од високите временски температрури. Од претпријатието велат дека рестрикциите, кои првенствено ја зафаќаат водоводната линија Булачани 1, се воведуваат со цел да се обезбеди ...
Полицијата вчера попладне уапсила 20-годишен жител на Студеничани, кој обидувајќи се да избега, удрил во бетонски ѕид, а потоа и во службено возило. „На 24.08.2026 во 17:25 часот во с. Морани, Скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, Скопско. Претходно, тој со возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ...
Финансиски податоци за достасани, а неплатени фактури од страна на јавниот сектор, заклучно со јуни, откриваат загрижувачка слика за фискалната дисциплина во земјава. Министерства, општини, државни и јавни претпријатија примиле фактури, чиј рок на плаќање веќе истекол, во износ од 42,7 милијарди денари, или околу 693 милиони евра, покажува Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски (ЕСПЕО), што го води Министерството за ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска соопшти дека годинава досега се запишани околу 14.500 првачиња, а во текот на учебната година се очекува да бидат затворени 26 рурални училишта. Јаневска на прес-конференција во Министерството за образование и наука рече дека бројот на запишани првачиња е помал од лани, но нагласи дека бројката сè уште не е конечна. „Тоа не е дефинитивна бројка, затоа што во текот на целиот август ...
Јахта која вчера се запалила на јужната страна од островот Чиово во Далмација, потона при обидот за нејзино извлекување во Трогирскиот канал. Сите шест лица од бродот биле евакуирани на време и никој не е повреден, пренесе Индекс. Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море (МРЦЦ Риека) ја координираше акцијата за гаснење, соопшти Министерството за море, транспорт и инфраструктура. „Вчера учествувавме во ...
Партизан сака да направи голем потег на трансфер-пазарот, а во плановите на белградскиот клуб се најде и ракометар кој во моментов настапува во македонската Суперлига. Станува збор за Дарко Ѓукиќ, искусното десно крило на Охрид. Според информациите кои ги пренесуваат српски извори, Ѓукиќ е меѓу приоритетите на Партизан за новата сезона, а клубот од Белград веќе размислува како да го реализира неговиот ангажман. Потенцијалниот трансфер би бил ...
Песните кои претежно или целосно се создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) се забранети на австралиските музички топ-листи. Од оваа недела, сите изданија мора да бидат „значително создадени од човек“ за да имаат право на учество, пишува „Би-би-си“. Австралиската асоцијација на музичката индустрија (ARIA) соопшти дека новиот кодекс ќе помогне во „промовирањето на човечката природа на уметноста“. Оваа одлука следува по ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите од Китка. „Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема ...
Германските истражители денес соопштија дека пронашле и трет дрон во близина на аеродромот Лајпциг-Хале, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори. Властите се сомневаат дека во обидот за напад на аеродромот во почетокот на август биле користени повеќе дронови отколку што се знаеше досега. Првиот дрон беше пронајден на 4 август во близина на украински товарен авион „Антонов“. Според истрагата, тој бил наполнет со ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денес го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на процесот на проширување, најавувајќи планови за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и за нова методологија, објави „Еуроњуз“. „Светот се промени. А проширувањето мора да се промени заедно со него“, изјави словенечката комесарка за време на Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб. Според Кос, ЕУ се соочува ...
Тотенхем официјално го потврди ангажманот на Савињо, кој по само една сезона во Манчестер сити ја продолжува кариерата во Лондон. Бразилското крило пристигнува за сума од околу 87 милиони евра, без вклучените бонуси. Савињо минатата сезона одигра 36 натпревари за „граѓаните“, на кои постигна четири гола и запиша три асистенции. Сити со продажбата ќе заработи значителна сума, а парите би можеле веднаш да бидат искористени за нова голема ...
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт отворено проговори како се справува со сите падови и предизвици кои ги носи славата, особено во моментите кога животот станува „неподносливо тежок“. Во интервју за „Сесија со иконите“, организирано од кантавторскиот оддел на Академијата за снимање, 14-кратната добитничка на „Греми“ зборуваше за тоа како не дозволува јавната перцепција за неа да ја забави нејзината креативност, пишува „Пипл“. „Поминувам низ неколку ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација. Тој во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News) тврди дека сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите, изјави во ексклузивно интервју Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на ...
Септември е месец на нови почетоци, бројни предизвици, а за многумина и старт на најтурбулентниот период од годината. Летните одмори завршуваат, почнува учебната година, работните обврски се интензивираат. Септември вообичаено со себе носи и поголем број финансиски обврски кои дополнително го оптоваруваат семејниот буџет. Особено што следува веднаш по летните одмори и патувања кои можат значително да ги испразнат заштедите. Поаѓањето на ...
Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против. Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 3 од СДСМ и коалицијата и 1 советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија иницијативата да има дата-центар во Пехчево. Гласањето следува по реакциите во јавноста во изминатите недели околу најавениот проект и начинот на кој се водела постапката. Меѓу ...
Габриел Мартинели е пред заминување од Арсенал, а доколку трансферот биде реализиран, Бразилецот ќе испише нова страница во историјата на лондонскиот клуб. Ал Хилал е многу блиску до договор со „топчиите“ за сума од околу 60 милиони евра, додека разговорите со самиот фудбалер се во завршна фаза. Со тоа Мартинели би станал најскапата продажба во историјата на Арсенал. Досегашниот рекорд го држи Алекс Окслејд-Чембрлен, кој во 2017 година ...
Жоао Педро блескаво ја започна новата сезона во дресот на Челзи, откако му беа потребни само 31 секунда за да го затресе голот на Фулам. Бразилецот ја искористи одличната топка од Кол Палмер и со прецизен лоб го совлада Лено, со што постави нов рекорд во Премиер лигата. Педро го надмина досегашното најбрзо голгетерско остварување во првото коло, кое го држеше Дејвид Хили. Фудбалерот на Фулам во 2007 година против Арсенал погоди по 50 ...
Фирма чиј вистински сопственик е братучед на директорот на психијатриската болница „Бардовци“, доби тендер токму во оваа болница, да ги одржува софтверските системи и да обезбеди обновени лиценци меѓу другото и за 300 мејл сандачиња. Станува збор за фирмата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје чиј вистински сопственик е Бесим Абдулаи, братучед на директорот на психијатриската болница „Бардовци“ Иса Авдулаи. Според договорот, услугите што му припаднале ...
Британскиот пејач Џејмс Блант сака да стави крај на гласините дека тој е „голиот“ и „многу познат“ маж покрај кого Хајден Панетиер била ставена во кревет на јахта кога имала само 18 години. Пејачот (52) во понеделникот на Икс сподели текст од новинарот Дин Пајпер, објавен на платформата „Сабстак“, во кој се побиваат гласините дека Блант е неименуваниот маж за кого Панетиер зборувала во своите мемоари „Ова сум јас: соочување“ (This Is Me: A ...
Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром вчеравечер, повредени се тројца луѓе, од кои еден има тешки повреди, соопшти полицијата. „На 23.08.2026 околу 20:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„АСНОМ“ и сервисните улици кои водат кон хотел Хилтон во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишната В.М. од Скопје, мотоцикл ...
Разорно торнадо вчера ја погоди југозападна Франција, при што беше повреден 41 човек, а стотици куќи беа оштетени, објави „Франс 24“. Француските власти прогласија портокалово предупредување за невреме во голем дел од југозападниот дел на земјата. На повеќе места имало прекини на електричната енергија и сериозни проблеми во сообраќајот. Торнадото најсилно го погодило селото Пома, кое има околу 1.000 жители. Оштетени се околу 300 куќи, а на ...
Британскиот премиер Енди Барнам кој е во прва посета на Киев, ја воодушеви пошироката јавност со еден од своите потези. Toj прво прошета низ украинската престолнина за да го одбележи Денот на независноста на Украина и да присуствува на состанок на сојузниците кои го поддржуваат Киев во одбрана од руската инвазија, објави Индепендент. Во еден момент, Барнам застана и седна до еден украински војник и свиреше на гитара. Тој отсвири песна од ...
Вардар продолжува со засилувањата, а најново име во тимот е 23-годишниот Сирики Дијабате од Брегот на Слоновата Коска. Станува збор за 192 сантиметри висок централен дефанзивец, кој треба да донесе дополнителна цврстина во последната линија, особено по заминувањето на Дарко Велковски. Дијабате има искуство во Франција и Бугарија, каде настапуваше за Амиен, Борго, Ботев Пловдив и Ботев Враца. Последно играше во Катар за Ал-Музајдар. Сега ...
Маркос Родригез Пантоха, познат како шпанското „момче волк“, почина во саботата, на 15 август, на 80-годишна возраст, пишува „Евроњуз“. Роден во 1946 година, во земја која сè уште закрепнувала од Граѓанската и Втората светска војна, Родригез првите години од животот ги поминал во андалузиското село Ањора. Неговиот живот бил обележан со сиромаштија, глад и малтретирање. Неговиот татко едвај можел да го прехрани семејството, додека маќеата ...
Едниот од трите капитални проекти, кои градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави дека ќе ги реализира до крајот на неговиот мандат, веќе е во фаза на „тендерирање“, поточно Општината распиша јавен повик за избор на фирма што ќе изработи основен проект за изградба на нова административна зграда на Центар. Сите заинтересирани проектантски куќи можат со своите проекти да учествуваат на повикот најдоцна до четврток, 27 август. ...
Хулијан Алварез повторно е во центарот на вниманието во Атлетико Мадрид, а неговата ситуација неизбежно потсетува на една стара трансфер-сапуница од „Ванда Метрополитано“. Пред 15 години, слична приказна се одвиваше со Серхио Агуеро, а во двете ситуации главната улога ја има Мигел Анхел Хил Марин. Во 2011 година Агуеро, иако неодамна го продолжи договорот со Атлетико, побара да го напушти клубот. Негова голема желба беше Реал Мадрид, но Хил ...