Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден соопштуваат од општината. Од таму додаваат дека во таа насока, извршена е целосна, санација и асфалтирање на локалниот пристапен пат до гробиштата во населено мести Миладиновци во вкупна должина од околу 700 метри, како и изграден паркинг на возила. Според градоначалникот ...

Ина Многуфина со брутален став за случајот „Онкологија“ за кој вчера се открија прецизни детали. Бурни реакции имаше и од страна на јавноста, а еве што порача секогаш гласната и болно искрена Ина Многуфина: - Студираш медицина, специјализираш, работиш на клиника на Онкологија со години, навидум емпатичен и добронамерен тип си, луѓето во тебе гледаат спас и трошка надеж, доаѓаат од цела земја да се прегледаат, чекаат во редици, одвај седат ...

Денес во 02.40 часот, полицијата во Штип го уапсила 71-годишниот Х.П поради управување моторно возило во пијана состојба. „При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Штип е сопрено патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта“, информираат од МВР. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно ...

Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз (Éabha Cruise) од Ирска. Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која ...

Општина Гази Баба постави мерни инструменти на две локации од каде ќе се следи аерозагадувањето/ - Во период од 13 до 23 мај 2025 година, на 2 мерни локации во Железара (урбана средина) и Јурумлери (рурална средина), поставени се мерни инструменти за мерење на концентрацијата на цврсти честички со големина од 2,5 микрометри. Мерењета се спроведоа во континиутет од 10 дена во пролетниот период и се прават согласно утврдените стандарди за земање ...

Вчера се потврдени два случаи на мајмунски сипаници (mpox) во Македонија. Познатиот доктор епидемиолог Драган Даниловски појаснува што треба да знаете за оваа заразна болест. Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат: • Треска • Главоболка • Болки во мускулите и грбот • Зголемени лимфни жлезди • ...

Чиста животна средина и спречување на аерозагадувањето се обврска на секој поединец, но и на секоја институција. Иако Министерството за локална самоуправа нема директни ингеренции во областа на аерозагадувањето, сепак активно се вклучува со конкретни активности таму каде што има можност. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински на денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и ...

Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го ...

Општина Карпош информираше дека откако е имплементирана новата лед - технологија која се применува во рамки на уличното осветлување на целата територија на локалната самоуправа, Општина Карпош бележи големи заштеди во поглед на намалување на трошоците за електрична енергија. Како што посочија од општината за оваа намена се трошело месечно од 134.000 до 207.000 kw часови, со инсталирање на новата технологијa драстично се редуцираа трошоците за ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со свечености ќе ја одбележи 76-годишнината од основањето и прослава на патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј - 24 Мај. Според агендата на Универзитетот, свеченото одбележување почнува пред платото на УКИМ со положување цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, додека во свечената аула на Ректоратот ќе бидат интонирани државната химна на државата, студентската химна ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се ...

Во секој круг на пријатели, секое семејство или работна средина, постои барем еден Близнак, личност со брз ум, остар јазик и очи што го скенираат светот со ненаситна љубопитност. Photo by Katii Bishop Нив ги забележуваме лесно: тие се оние што зборуваат со леснотија, што поставуваат прашања кога сите молчат, што знаат да го осветлат и најтемниот разговор со една мисла, шега или парадокс. Но Близнаците се повеќе од зборливост или друштвена ...

Денес во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба помеѓу Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. Во конструктивна атмосфера, се дискутираше на повеќе теми, а главен акцент беше ставен на досегашната успешна соработка меѓу Општина Кисела Вода и Франција, како и на можностите за нејзино продлабочување. Градоначалникот Ѓорѓиевски го ...

Од 21 мај, Сонцето се пресели во знакот на Близнаци, носејќи со себе лесна, ментално активна и разиграна енергија. Photo by Artem Kryzhanivskyi on Unsplash Оваа сезона е време за комуникација, учење, движење и нови идеи. Со Сонцето во хармоничен аспект со Сатурн и Нептун, но и во конјункција со Уран, не очекува микс од стабилност и инспирација, одново откриени соништа и иновативни идеи. А тригонот со Плутон дава длабочина на сите овие мисли и ...

Овој викенд носи динамична, но напната енергија. Во петок, 23 мај, Меркур во Бик е во квадрат со Плутон во Водолија, активирајќи мисли што тешко се искажуваат, зборови што имаат тежина и разговори што можат да го променат текот на нештата. Можна е тврдоглавост, но и ментално пробивање низ внатрешна бариера. Од сабота, Лунарниот прв квартал во Девица не охрабрува да земеме нешто што сме го започнале и да го обликуваме со посветеност и детали. ...

Во рамки на учеството на Економскиот бизнис форум во Сараево, министерот за економија, г. Бесар Дурмиши, оствари билатерална средба со неговата екселенција г. Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (GAFT). Средбата се одвиваше во конструктивна атмосфера и претставуваше значаен чекор кон зајакнување на економските односи меѓу Република Македонија и ...

Од општина Карпош алармираат за ноќен клуб кој е бесправно изграден, а за во кој се најавени големи концерти со регионални музички ѕвезди. - Општинскиот градежен инспектор води постапка за бесправно изграден објект кој се наоѓа спроти поранешна американска амбасада или популарно, како што граѓаните го знаат клуб „АБЦ“. Овој диво изграден објект по промена на повеќе сопственици во моментов го носи името Ria’s (Риа’с). Покрај отпочнатата постапка ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска информира дека новиот Закон за енергетика е објавен во „Службен весник“, со што по предвидениот рок од денот на објавувањето и официјално ќе почне неговата примена. Овој системски, реформски и европски усогласен закон, како што се наведува во соопштението од министерството, беше изгласан во Собранието со силна поддршка, претставувајќи нов темел на енергетската политика во ...

Во врска со актуелните случувања и статусот со исплатата на плати за вработените во пералната која е дел од Клинички центар „Мајка Тереза“ -Скопје, а пред сѐ имајќи ја предвид сериозноста на овој сегмент, денес е исплатен дел од старите плати на вработените во пералната, соопштија од „СкопСтер“, компанија која управува со пералната од минатата година. Дополнително, велат од таму, интензивно работиме на краткорочни мерки за обезбедување финансии ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Во разговорот претседателот Зеленски ја информирал македонската претседателка за интензивните дипломатски напори насочени кон постигнување на договор за праведен мир во најскоро време. Сиљановска-Давкова изразила поддршка на напорите за крај на војната. Украинскиот претседател се заблагодарил за ...

Ивана Кметовска е прогласена за најкорисна кошаркарка на финална серија по која нејзиниот тим Баскет Кам по четврти пат во низа стана шампион на Македонија. Токму Кметовска е најзаслужна за успехот на тимот од Македонска Каменица. Таа синоќа на третиот натпревар беше најефикасна со 28 поени. Баскет Кам финалната серија со Крива Паланка ја заврши експресно со 3:0. Денес ќе почне финалето во машка конкуренција во кое се среќаваат МЗТ Скопје ...

Во недела, салата „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што екипата на Алкалоид ќе го игра својот најважен натпревар во историјата. натпревар во историјата. Македонскиот претставник влегува во овој дуел со солидна предност од четири гола стекната на првата средба во Атина (29-25) и со големи надежи дека ќе го освои својот прв европски трофеј. Сезоната на европска сцена беше повеќе од импресивна за „фармацевтите“, кои покажаа зрелост, квалитет ...

Вчеравечер во Штип, полициски службеници го лишија од слобода С.Т.(52) од село Долни Липовиќ, радовишко. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска информира дека почнале подготовките на ребалансот на Буџетот, како и дека од вчера се пуштени барањата до институциите за доставување податоци за капиталните инвестиции. Како што истакна Димитриеска Кочоска, одговорајќи на новинарски прашања, проектниот менаџмент на институциите останува зашто тие се реализатори на капиталните инвестиции. Според министерката, до крајот на јуни треба ...

Два маркети се ограбени во текот на вчерашниот ден во Чаир и на Бит Пазар. Според информациите на МВР, вчера во 21.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет. Малку подоцна, во 21.59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од ...

Предмалку, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас во Лондон го потпишаа Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти. Посетата на британската престолнина Николоски кој предводи владината ...

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“ со која се опфатени шест лица и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор на Клиниката и четворица онколози, меѓу кои и еден поранешен директор - Нино Васев. Од 2018 до 2022 година сториле тешки дела против здравјето на луѓето и се товарат за несовесно лекување болни. Овој случај, уште од самото негово откривање, предизвика бура реакции во јавноста. „Овој предмет ...

Синоќа во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово се изгубиле две лица- државјани на Сојузна Република Германија и Кралство Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија. „Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север. Се преземаат мерки за ...

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови. По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни, најави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство. „И вчера и во моментов се распрашуваат сведоци, осомничени, се ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
28%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.63
38%
1019
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.09
42%
1022
weather icon

Софија

37ᴼ / 32ᴼ
2.57
28%
1017
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.65
14%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
51%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
10.8
24%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.03
15%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
21%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.72
40%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
39%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326