
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведоа превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајот, а под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“. Едукативно-превентивната активност во чиј што фокус овој пат беа пешаците како учесници во сообраќајот, се реализираше на подрачјето на ПСОН Карпош, односно на булеварот ...
Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик Ерџан Селими, денеска ја посетија Општина Бутел и одржаа работна средба со градоначалникот Дарко Костовски и членовите на општинскиот совет. На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, стана збор за најважните локални прашања, за предизвиците со кои се соочува општината, а разменија ...
Паркирање на зелена површина, паркирање на тротоар во колона, паркирање каде што ќе се стигне... А пешаците, од кои голем дел деца, мајки со детски колички и возрасни луѓе, како и лица во инвалидски колички нека се снаоѓаат! Вака некако изгледа Скопје полно со несовесни возачи! Во фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ секојдневно се објавуваат фотографии од непрописно паркирани возила кои го узрупираат јавниот простор. Жителите гневни што ...
Уставниот суд го одби барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев поднесено против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој, како што е наведено во барањето, сторил повреда на правото на политичко дејствување. Апасиев во барањето наведува дека му се повредени уставно-загарантираните права, бидејќи претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата за распишување на дополнителен референдум до надлежните собраниски ...
Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од село Босилово, струмичко и З.Б. (54) од село Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи – санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката. Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Отстранувањето започна минатиот месец како дел од акцијата за чистење „Центар не чека, Центар чисти“, при што беа подигнати големи количини отпад, се миеја улици и се подобруваше хигиената низ целата општина. „Целосно ја исчистивме дивата депонија позади катната ...
Финансиската полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Куманово против три лица поради злоупотебна на службената положба и овластување како и за несовесно работење. Тие се сомничат дека го оштетиле Јавното претпријатие за државни патишта за 22 милиони денари. „Првопријавениот Д.П. во својство на управител и одговорно лице во правно лице Пин Петрол ДОО Куманово, кое врши работи од јавен интерес согласно Законот за возила ...
Битолската полиција поднесе кривична пријава против J.M.(25), M.Х.(47) и Ф.K.(52), сите од Република Чешка, поради нелегално ископување на културно богаство. „На 03.04.2025 на место викано „Брест“, мариовско, пријавените биле затекнати во намера да вршат ископ на добра под привремена заштита и културно наследство или природна реткост, а при претрес во куќата каде престојувале биле пронајдени и одземени предмети кои што се користат за ископ на ...
Во СВР Велес вчера во 08:28 часот било пријавено дека во близина на семејната куќа во село Ореше, Општина Чашка, бил пронајден починат 60-годишниот Т.М. од село Ореше. Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР ...
Групна тепачка се случила вчеравечер во скопски Сарај. - На 08.04.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Сарај, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(68), М.С.(22), Р.С.(32) и М.С.(27) од една страна и Ј.С.(59), О.С.(25) и Н.С.(19) од друга страна, сите од с.Љубин, скопско, соопштија од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе ...
Финансиската полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Куманово против три лица поради злоупотебна на службената положба и овластување како и за несовесно работење. Тие се сомничат дека го оштетиле Јавното претпријатие за државни патишта за 22 милиони денари. „Првопријавениот Д.П. во својство на управител и одговорно лице во правно лице Пин Петрол ДОО Куманово, кое врши работи од јавен интерес согласно Законот за возила ...
Претставници на синдикатите денеска се на состанок во Владата, но засега нема детали за што точно ќе се разговара. Од Сојузот на синдикати на Македонија, пред почетокот на состанокот, изјавија дека се повикани во Владата, но дека немаат информација за што ќе се разговара. „Сакаме да им кажеме на владините функционери дека едногласно донесовме одлука на јавната сендица на највисоките тела на ССМ дека доколку не ги зголемат минималната плата и ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за 4,580%, кај ...
Уставниот суд денеска на седница треба да одлучи по барањето за слободи и права поднесено од лидерот на Левица Димитар Апасиев, против поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. На 3 октомври 2024 година, Уставниот суд одржа јавна седница со присуство на подносителот и поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој во барањето е наведен дека со дејствие ја сторил повредата врз подносителот Апасиев. ...
Штипјанец осомничен за грабнување на малолетничка која му била партнерка. - На 08.04.2025 во 24.00 часот во СВР Штип, М.М.(35) од Штип пријавила дека околу 23.30 часот од ул.„Черења“ во Штип, Ф.М. од Богданци, поранешен партнер на нејзината малолетна ќерка, со употреба на сила ја внел малолетничката во возило „ауди“ и заминале во непознат правец, соопштија од полицијата. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово ...
На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 895 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила. По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи се однесуваат на непрописно паркирање 299, а 273 се ...
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на неговиот Фејсбук профил информираше дека во завршна фаза е проектот за реконструкција на ул. "Радушка" во должина од метри во вредност од 25 милиони денари средства од општина Ѓорче Петров. „Поставено е ново асфалтно-бетонско покритие на 1.110 метри од улицата. Изградена е фекална и атмосферска канализација, што значително ја подобрува инфраструктурата. Направен е нов тротоар на ...
Вчера во 10.05 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата го уапсила-годишниот С.П.П од Република Грција поради обид да даде поткуп на вработен на граничниот премин. „Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра“, информира МВР. По документирање на случајот ќе биде поднесена ...
Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, извести Регионалниот ЦУК Штип. Инаку пријава за исчезнато повозрасно лице од село Степанци (општина Штип) е добиена преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година. Од ЦУК се известени МВР-Штип, и Општина Штип, а и локални здруженија и организации коишто можат да помогнат во потрагата. ...
Денеска во 03.30 часот по полноќ, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта, соопштија од полицијата. По ...
Комплексот „Македонско село“, по речиси седумгодишна пауза повторно ќе ги отвори вратите. Официјално, вчера беше потпишана одлуката за избор на концесионер кој ќе го оживее овој уникатен туристички комплекс. Фирмата „Ла тераца“ ќе го обнови ваквиот комплекс. Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, ја потпиша одлуката по спроведена електронска аукција преку системот на Министерството за финансии. Тој нагласи дека ...
Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент). Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 ...
На патниот правец Тетово - Попова Шапка се укинува забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила не е веќе задолжителна употреба на зимска опрема (ланци). Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Времето денеска, наутро ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво. Владата го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, ...
Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија, Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно лице во геријтриската установа. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, откривајќи детали за акцијата на МВР со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека поткупот бил во износ од 20.000 евра. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, вели ...
Алијансата за Албанците се огласи по апсењето на Мухсин Арифи, директорот на болницата за геријатрија, поради поткуп. Од партијата на Таравари, чиј кадар е Арифи, ги повикуваат надлежните државни органи во брза и ефикасна постапка да ги расчистат сите околности поврзани со конкретниот кривично-правен настан. „Секој што згрешил пред законите мора да понесе одговорност, без разлика на етничката, верската или политичката припадност. Испораката ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција информираше дека очекува разрешница во најскоро време за воведените царини од страна на САД. Министерката посочи дека се подготвуваат измени во Законот за царинските стапки каде што можеме да се оди во намалување на истите. „Можеме и да одиме до нула затоа што ефектот не е воопшто голем. Можно е и до нула да се спуштат, секако. Целиот извоз лани бил околу 6 ...
Ламата во скопската Зоолошка градина угинала од туберколоза. Се огласија од ЗОО Скопје велејќи дека заедно со Факултетот за ветеринарна медицина ја лекувале и третирале и било направено се’ од медицински аспект и грижа. „Обдукцијата и резултатите (со PCR метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза, во процес кој е постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина, а често и со години заболените единки не ...
Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои 4 пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, 1 пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница Систина, соопштија од Министерството за здравство. Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти. За денеска во текот на денот се очекува четворица ...