Министерот за здравство, Арбен Таравари одржа прес-конференција во Министерство за здравство, осврнувајќи се на состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Сакам да известам дека еден од 116 кои се лекуваат надвор почина. Александар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, за жал почина и би сакал да изразам сочувство до семејството, изјави министерот за здравство Таравари. -Имаме други вести коишто се добри во однос на ...

На денешниот Управен одбор на ЗЕЛС, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, градоначалниците, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дискутираа за системските решенија за превенција и рана детекција на шумски пожари и поплави. Главен акцент беше ставен на унапредување на координацијата меѓу институциите и преземање конкретни чекори за спречување на природни катастрофи. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека ...

Обвинетиот Влатко Кешишев за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, денес одговараше и на прашањата на првообвинетот Љупчо Палевски, кој беше свртен со грб, откако на минатото рочиште рече дека се плаши од него. Палевски го праша дали некогаш му се заканувал или лошо се однесувал кон него или дали евентуално му се заканувал на обвинетиот Велибор Манев. Кешишев негираше. Понатаму Палевски продолжи: Кажавте дека сте биле домаќин во штабот, ...

Со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во кочанската дискотека “Пулс”, во која бројот на жртвите денеска се зголеми на 60, започна денешниот состанок на стручниот колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав. Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани за утврдување кривична одговорност за трагедијата го запозна колегиумот со преземените дејствија до сега, со начинот и ...

Дваесет и осумгодишен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил, а возачот избегал од местото на несреќата. Според информациите на полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчеравечер на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје. „Во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.15 часот на ул.„Борис Трајковски“, во близина на крстосница со ул.„Саса“, во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица,скопско, по ...

Шеесет и пет годишна штипјанка вчера во Полициската станица во Штип пријавила обид за измама за изнуда на пари за сообраќајна несреќа во која нејзината ќерка прегазила мигрант. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека вчера во 17.30 часот во ПСОН Штип, 65-годишна жена од Штип пријавила дека околу 15 часот телефонски и се јавило лице, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која ...

Две лица се повредени откако „голф“ излета од пат. - На 03.04.2025 околу 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Зелениково-с.Гумалево патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(72) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(68) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка ...

Од полицијата се огласија со официјално соопшрение за возачот кој непрописно го паркирал возилото во скопско Дебар Маало. Велат внатрешната контрола при МВР го испитува случајот - Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека конкретниот настан се случил на 22.03.2025. Имено, ...

Пријавен е нов случај на голема кашлица во периодот од 28 март до вчера, за еден повеќе од претходниот седмодневен период, кога немаше пријавено случаи, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – Случајот е од Куманово, од возрасната група од 10 до 14 години и невакциниран со вакцина што содржи компонента на пертусис. Случајот не е хоспитализиран, појаснуваат од ИЈЗ. Во периодот 2024/25 година, заклучно со вчерашниот ден, на ...

Утрово во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски со деканот проф. др. Митко Богданоски потпишаа меморандум за соработка помеѓу општината и Воената академија "Генерал Михаило Апостолски" од Скопје. - Со потпишување на меморандумот ја потврдивме заедничката заложба и интерес за унапредување на взнаемната соработка со која во следниот период ќе се изврши размена на искуства и реализација на проекти согласно позитивното ...

Од вкупно издадените 794 платни налози во текот на вчерашниот ден од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 269 платни налози, по основ на возење со брзина поголема од дозволената 163 санкции, за возење без возачка дозвола изречени се 69 мерки, извести МВР „Статистички гледано изречени се 57 мерки по основ на неносење ...

Вчеравчер во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка, лишиле од слобода 15- годишен малолетник од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишна жена од Гостивар, дека малолетникот, кој и е внук од сестра, во куќата на нејзиниот брат извршил полов напад врз нејзината петгодишна ќерка. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Гостивар и се преземаат мерки за целосно расчистување ...

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово потврди дека на повредите од пожарот во Кочани во Литванија, каде што беше на лекување, им подлегна Александар Карадакоски. Во Литванија бил испратен со 40 отсто изгорено тело. „За жал утрово, два часа пред да тргнам за Липково ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија. Од четворицата пациенти тој беше најкритичниот. Од први април му откажа работата на бубрезите, практично беше ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Март 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 Април 2025 година. Со ...

Тетовец и малолетничка се телесно повредени откако автомобил синоќа излета во водите на Вардар во тетовско. Од полицијата информираат дека случајот е пријавен во 19:40 часот, дека на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Тетово, излетало во реката. - Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во ...

Граѓани издејствуваа пајак службата да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Маало“. По повеќеминутна расправија со вработените кои првично не сакаа да го „кренат“ возилото со објаснување дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност. Возилото ги изиритира граѓаните зошто беше паркирано сред велосипедската патека. „Каква е таа должност четири саати пред кафеана, прашуваа граѓаните кои ...

Сакаш да штедиш, но едноставно немаш навика да го правиш тоа. Многу млади тешко одлучуваат да почнат со штедење пари кои би им помогнале во иднина да инвестираат во нешто важно. Има повеќе причини кои ги обесхрабруваат младите да штедат одредена сума на месечно ниво. Ќе наброиме дел од нив: Недоволна финансиска едукација – голем број млади не знаат како да менаџираат со парите на ефикасен начин и на тој начин да одвојуваат одредена сума за ...

Грижата за пензионерите е приоритет на Владата. Пензионерите конечно го добија заслуженото. Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на над 330.000 пензионери значи исполнување на даденото ветување, велат од Владата. -Со ова второ линеарно покачување од 2.500 денари го заокруживме циклусот од зголемување на пензиите за 5.000 денари, со што најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу ...

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, ...

Само минатата година имаме околу 30 жртви пешаци и околу 140 жртви во сообраќајни незгоди ширум државата што се бројки многу над европскиот просек. Човековиот живот нема цена. Правилата на игра коишто ќе ги ставиме на хартија ќе мора доследно да ги почитуваме сите и преку правно процесирање низ институциите секој еден ќе сноси одговорност при нивно кршење, непочитување или неприменување. Ова вчера го истакна министерот за внатрешни работи ...

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 ...

Во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот се огласија од Министерството за внатрешни работи. Велат дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Настанот се случил на 02.04.2025 во 14.05 часот на крстосница од ул.”Ферид Бајрам” и ул.”Алпи” во Скопје кога мопед удрил ...

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 ...

Април е месец на будење – на светлина, нови почетоци и нежно враќање кон животот по долгата зима. Photo by Olena Goldman И токму такви се луѓето родени во овој месец: енергични, упорни, чувствителни и полни со живот. Но, под нивната силна надворешност често се крие душа што знае да љуби длабоко и тивко. Што ги прави толку посебни? Тие се родени водачи, но не се секогаш гласни Луѓето родени во април често имаат природна каризма. Без да се ...

Меркур ја завршува својата ретроградна фаза на 7 април, и со тоа носи чувство на јасност, движење и повторна поврзаност. Photo by Pixabay Во изминатите неколку недели, многумина се чувствуваа како да тапкаат во место – комуникации беа нејасни, технологијата каприциозна, а плановите... па, често променети. Но сега, кога планетата на комуникацијата конечно се движи напред, сите ние ќе почувствуваме како работите се отвораат, се расчистуваат и ...

По цели 164 години, Нептун — планетата на соништата, илузиите и длабоката духовност — повторно влегува во Овен, знакот на агресијата, борбата и импулсивната енергија. Ова не е само транзит. Ова е будење. Активирање на сонот што долго стоел на пауза. Сега го гледаме. Сега дејствуваме. Што значи ова за твојот знак? Овен Сонот сега е твоја мисија. Повеќе не чекаш дозвола, туку нурнуваш во длабокото. Но внимавај, не секој импулс е интуиција. Бидете ...

Во овој период, љубовта не мора да изгледа гласно за да биде вистинска. Не мора да биде драма за да биде длабока. Таа доаѓа во мигот кога конечно престануваме да трчаме по неа… и почнуваме да ја живееме. Photo by Dax Dexter Delada Три хороскопски знаци ќе почувствуваат најсилно дека токму сега љубовта им доаѓа – не само како романса, туку и како самоприфаќање, како длабока поврзаност, како мир што се дели со друг. Овни – времето е ваше За оние ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, оствари кратка, но продуктивна средба со американскиот државен секретар, Марко Рубио. Станува збор за нивна прва средба по неодамнешното именување на Рубио на оваа функција. На средбата беа разменети мислења за актуелни прашања од заеднички интерес, како и за соработката на билатерално ниво и во рамките на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања ги повика обвинителството и надлежните органи да истражат дали политичката партија Левица и нивниот лидер Апасиев сториле кривично дело со купување на деловен простор во центарот на Скопје по пониска цена од таа која била пресметана од Град Скопје. „Кога станува збор околу кривичните дела би сакал Апасиев да го прашам дали му е познат овој објект ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.09
62%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
73%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.22
59%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
86%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.12
35%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
63%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
55%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
73%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61