Градскиот парк во Скопје вчера беше место на вистинска солидарност, емпатија и топлина. На познатата локација Школка, младиот Леон, кој наполни 13 години, го одржа својот отворен инклузивен роденден, на кој присуствуваа бројни граѓани, пријатели и поддржувачи. Оваа година роденденската прослава имаше посебно емотивно значење за Леон. По години исполни со здравствени предизвици и операции и родендени поминати само во кругот на семејството, ...

Утринава избувна пожар во куќа во скопската населба Козле. Куќата од чии прозорци излегуваше чад се наоѓа на улицата „Јуриј Гагарин“. Во моментов пожарникари од скопската противпожарна бригада се на терен и интервенираат со две противпожарни возила. На местото е присутна и екипа на Итната медицинска помош. „Денеска (18.08.2026) во 07:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ‘Јуриј Гагарин’ опожарена е куќа. Во тек е гасење на пожарот ...

На подрачјето на градот Скопје вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман. Активностите ќе продолжат и во наредните денови, информираат надлежните. На 20. август, поточно во четврток, е предвидена теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21. август во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција, додека од 23. до 26. август ќе се спроведува терестична ...

Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долга и тешка борба со ракот. Веста за нејзината смрт за хрватскиот портал „Шоубаз“ ја потврдиле извори блиски до неа. Утрово, на официјалниот профил на Рудан беше објавена кратка порака која навести дека таа починала. „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“, стои во објавата. Меѓу најпознатите дела на хрватската писателка и колумнистка Рудан се ...

Започна исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ за вториот пресметковен период, кој ги опфаќа април, мај и јуни. Средствата веќе се префрлаат на трансакциските сметки на граѓаните кои редовно ги скенирале фискалните сметки. Од Управата за јавни приходи и Министерството за финансии информираат дека, согласно законските рокови, целосната исплата треба да заврши најдоцна до 31 август. Граѓаните кои користат „Мој ДДВ“ можат да ги ...

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје минатата недела собрале и транспортирале 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот. Во истиот период биле отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад е расчистено во Општина Чаир, каде што екипите подигнале 130 кубни метри отпад од диви депонии. ...

Општина Ѓорче Петров синоќа започна со вонредно теренско прскање против комарци, реагирајќи навремено да се намали нивното присуство и да се спречи дополнителен ризик по здравјето на жителите. Вонредната мерка доаѓа во период кога во Скопје е прогласена епидемија на западнонилска треска, а бројот на потврдени случаи на заболувањето продолжува да расте. Од оваа болест која ја пренесуваат комарци досега починаа три лица, а уште петмина се во ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општина Илинден. Како што информираат оттаму струја ќе немаат корисниците од населба Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц. Прекинот на електричната енергија ќе трае во периодот од 06.00 до 13.00 часот. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општина Илинден. ...

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Маџир Маало и Дебар Маало. Оттаму информираат дека поради уличен дефект од ф -2“ на улицата Раде Јовчевски - Корчагин, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Маџир Маало. Исто така, поради водоводен приклучок од ф100 милиметри на улицата Орце Николов. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од ...

Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање против комарци од земја, како мерка за намалување на нивното присуство и за заштита на населението од болести што ги пренесуваат овие инсекти. Photo by Wolfgang Hasselmann on Unsplash Мерката доаѓа во период кога во земјава се регистрирани 35 потврдени случаи и три суспектни случаи на западнонилска треска, вирусно заболување кое најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец. Од ...

Денот е добар за размислување и завршување на започнатото отколку за големи одлуки. Месечината во Шкорпија денес формира квадрат со Јупитер во Лав, па емоциите можат да бидат посилни, а потребата за личен простор поголема. Не преземајте нови големи обврски ако не сте сигурни дека имате доволно време и енергија. Photo by Outi Marjaana on Unsplash Овен Не преземајте повеќе обврски отколку што можете да завршите. Денес ви треба малку повеќе ...

По повод Меѓународниот ден на младите, „ХЕРА Млади“ и Иницијативата „Фрли ја коцката“ спроведоа герила-акција во Скопје со која го свртеа вниманието кон сè поголемата изложеност на младите на коцкање и обложување. Наместо младите да се гледаат само низ бројки и пригодни пораки, акцијата отвора прашање за средината во која тие растат и за тоа колку лесно коцкањето станува дел од нивното секојдневие. Пораката на иницијативата е директна: ...

Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари со ...

Кривично ќе се гонат пет лица за насилство по тепачката во Аеродром вчера по полноќ. - Единицата за насилен криминал при СВР Скопје - Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик, информираа од МВР. Имено, на 16.08.2026 во 01:15 часот на подрачјето на општина ...

По повеќе од две децении, коритото на реката Серава во Бутел 1 се уредува, а проектот влегува во завршна фаза, соопшти градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во рамки на проектот се гради нова пешачка патека во должина од 1.590 метри, со која, како што е најавено, ќе се создаде безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење. Просторот ќе биде дополнително опремен со современо ЛЕД осветлување, клупи, урбана опрема и ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возила без возачка дозвола, а меѓу нив имало и еден малолетник. Тројца возачи, пак, биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни ...

Шеснаесетгодишна малолетничка од Гостивар била лишена од слобода откако со мопед удрила во паркиран минибус. Инцидентот се случил денеска по полноќ, околу 03:00 часот на крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Мара Угринова“ во Гостивар. Според МВР, малолетничката управувала мопед со гостиварски регистарски ознаки, при што удрила во паркиран минибус. При увидот било утврдено дека таа немала возачка дозвола. По консултација со ...

Две жени се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што утрово се случила на улицата „Корчуланска“ во Ресен. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 05:56 часот, а се случила околу 05:37 часот, кога патничко возило „шевролет“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од село Стење, излетало од патот. Во несреќата тешко биле повредени возачката и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од ...

Пет лица нападнале 41-годишник од Батинци и неговиот малолетен син, при што се здобиле со расекотини. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С., по што Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезна врата, а С.С. со остар предмет им нанел расекотина на пријавителот и неговиот ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека еден од најочекуваните проекти за жителите на Бутел, веќе влегува во својата завршна фаза - темелно уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека. „Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење“, ...

70-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат од четири лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, А.С. (70) од скопското село Трубарево пријавил дека околу 18:00 часот во Трубарево бил физички нападнат од Е.„Н“ и уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 70-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат од четири лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ и против А.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 06.07.2026, првопријавената, вработена во Општинската јавна установа за деца - градинка во ...

18-годишник е тешко повреден откако вчера пред полноќ со мотоцикл се превртел на пат. - На 16.08.2026 во 23:00 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на патот Зрновци-Пониква, во близина на место викано „Компосара“, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј.(18) од село Тркање, кочанско, се превртел на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани, соопштија од ...

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негователка. Како што се наведува во полицискиот билтен, мајката пријавила дека нејзината ќерка ѝ се пожалиле дека негователката ја стиснала за ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, ...

Вчера во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.О.(61) од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот 40-годишен внук и се обидел да го нападне со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, ...

На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат шеснаесет пациенти од западнонилска треска. Директорот на Клиниката, Фадил Цана вели дека шестмина од нив се во критична состојба. „Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега, се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен. Тој е во стабилна здравствена состојба ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за ...

Општина Илинден информира дека е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска потпишале договор со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и секретарот на Црвениот крст на Македонија Сузана Тунева Пауновска, со кој се обезбедува грант за развивање на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, која ќе ја реализира Црвениот крст на територијата на Општина Гази Баба. „Со оваа услуга создаваме дополнителна ...

Утре мало освежување, од четврток повторно високи температури. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Упрвата за хидрометеолошки работи. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда претежно ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76