Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 февруари 2026 година, во 00:20 часот, на подрачјето на општина Центар во Скопје, приведена е Е.Б. (25) од Гостивар, откако физички нападнала полициски службеник при извршување на службени задачи. Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. објави Скопје1.мк Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 февруари 2026 ...
Во време кога модерните автомобили доминираат на улиците, еден впечатлив олтајмер од струшкиот крај станува сè поприсутен и баран на свадби, матури и свечени настани. Станува збор за реплика на легендарниот MG TD од 1950 година, автомобил кој симболизира елеганција, романтика и безвременски стил. Зад оваа винтиџ приказна стои Стефан Танаскоски, сопственикот кој со љубов го одржува и изнајмува олтајмерот. Како дојде идејата да поседувате и ...
СДС денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината напишале и колку пари им се потребни (околу 7,5 милијарди денари или околу 110 милиони евра), но од каде ќе ги најдат заборавиле да напишат. Доброто во Предлог законот на СДС е тоа што покажуваат дека тие можеле да ја зголемат минималната плата во нивно време и до 600 евра, но арамилукот им бил помил. Да не дозволеа злоупотреба на околу ...
Вчера (30.01.2026 година) во 18:15 часот, во ОВР Гостивар, С.Р. од село Дебреше пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ.(75). Извршен бил увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и криминалистичка полиција од Гостивар. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Вчера (30.01.2026 година) во 18:15 часот, во ОВР Гостивар, С.Р. од село Дебреше ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Тој, делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил. ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда, поради постоење ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град“. Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите. Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци: • непрописно паркирање; • управување ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерство за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи од страна на родител на дете кое, како што се гледа од видеото, измачува куче. Во врска со овој случај до Агенцијата во текот на вчерашниот ден беа поднесени и иницијативи од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски ...
Професорката Тања Каракамишева е нов советник на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, задолжена за областа на човековите права и владеењето на правото. . Веста за својот нов професионален ангажман ја сподели самата Каракамишева, истакнувајќи дека оваа позиција е резултат на долгогодишната соработка со премиерот и претставува голема чест, но и одговорност. Во својата објава, Каракамишева посочува дека човековите права и владеењето на ...
Црква стара 154 години изгоре на новогодишната ноќ во Амстердам Црквата Вонделкерк, стара 154 години, целосно изгоре во пожар што избувна на новогодишната ноќ во Амстердам, соопштија холандските медиуми. Според информациите, во пожарот нема повредени лица. Властите рано утрово потврдија дека објектот е целосно уништен, а пожарникарите интервенирале со часови по избувнувањето на огнот кратко по полноќ. Пожарот предизвикал уривање на делови од ...
Почина познатиот охридски професор Д-р Самир Салиевски Со голема тага ја примивме веста за смртта на познатиот охридски професор Д-р Самир Салиевски, роден на 16 септември 1983 година во Охрид. Д-р Салиевски својот живот и професионална кариера посвети на правото, криминалистиката и безбедноста. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2006 година, магистрирал Европско право и право на ЕУ на ФОН Универзитетот во 2010, а ...
Третпат оваа година жителот М.М. од с. Оровник, општина Дебрца, е жртва на насилство врз својот имот. Во јули 2025 година, на 18-ти, му беше уништена целата нива со карпузи – растенијата беа расечени и расфрлани. Два месеци подоцна, непознати сторители му ја запалија плевната со 1.500 бали и ја оштетија механизацијата, со штета од околу 30.000 евра, според зборовите на М.М. На 23.01.2026 година, во 16:55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека ...
Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Во прилог најзначајниот дел од неа. Благодарам до сите пријатели на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник. Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против М.Б., во својство на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. Пријавата е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на ...
АХВ, Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС постигнаа согласност за изградба на гробишта за домашни миленици и за мерки за намалување на бројот на бездомни животни преку законски измени и институционална соработка. Секоја општина ќе добие гробишта за домашни миленици Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, заедно со стручни лица од АХВ, неделава одржа работни состаноци со министерот за локална ...
Министерот за економија Бесар Дурмиши порачува дека за зголемување на минималната плата потребно е да се анализираат трите клучни фактори – инфлацијата, растот на просечната плата и продуктивноста. Она што е предизвик, според него, е што кај нас продуктивноста, како еден од клучните предуслови за ова, е најниска во споредба со другите земји во регионот. Дурмиши смета дека најпрво треба да се договорат синдикатите со работодавачите. Владата, ...
Јас сум дете на човекот кој беше брутално претепан од две лица во нападот што се случи во Куманово. Овој случај го квалификуваме како обид за убиство врз немоќен и недолжен човек. Настанот се случил ненадејно и без никаква провокација од страна на мојот родител. Тој бил пресретнат од две лица кои со употреба на метални предмети извршиле напад со намера да го ограбат и тешко да го повредат. Бил удиран повеќепати по главата и телото и оставен ...
За стравичната трагедија кога при пад во отвор за лифт загина 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, Трудовиот инспекторат ќе поднесе кривични пријави против две фирми. Во интерес на истрагата не откриваат за кои фирми станува збор, но по двонеделното темелно истражување на околностите утврдиле дека истите не ги исполнувале законските прописи за безбедност при работа на градилиште. Младото момче, кое работело во фирма за уредување на ...
Додека системот „Безбеден град“ ги брои последните денови од тест-периодот пред официјалниот старт на казнувањето на 1 февруари, граѓаните на социјалните мрежи веќе споделуваат апсурдни ситуации. Еден скопјанец се пожали дека добил опомена („честитка“) затоа што направил хуман потег – навлегол во раскрсница на црвено за да пропушти возило на Брза помош. Инцидентот се случил кај Транспортниот центар во Скопје. Според сведоштвото на возачот, ...
Со 83 гласа ЗА и ниту еден против Собранието го изгласа предлогот Бојан Маричиќ да биде нов претседател на Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК се избира по предлог на опозицијата, а Маричиќ доаѓа на местото на досегашниот претседател Борис Кондарко, кој својот мандат во ДИК ќе го продолжи како член. Маричиќ во владите на СДСМ беше прво министер за правда, а потоа и вицепремиер за европски прашања. Со 83 гласа ЗА и ниту еден ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во 17 часот ќе одржи протест, на кој ќе го повтори барањето минималната плата да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да пораснат за 100 евра. Според најавите, на протестот ќе им се приклучат синдикатите од повеќе сектори, меѓу кои образованието, културата, медиумите, индустријата, трговијата и полицијата. Маршот ќе почне пред зградата на ССМ, а ќе заврши пред Владата. Претседателот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21, во врска со најавените протести на дел од синдикалните организации рече дека секој има право да протестира. Тој посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците. -Ги видов барањата, тоа не е нешто кое што е ново. Апсолутно јас сум секогаш за повисоки примања. ...
Платите во (јавното) здравство растат – и номинално, и реално! Некои создаваат перцепции дека властите се против зголемување на платите… Но фактите од здравството покажуваат спротивно: здравствените власти активно го поддржуваат вреднувањето на трудот на нашите лекари, медицински сестри и сите здравствени работници! Најниската основна нето плата во јавно здравство во 2025 изнесува 27.158 ден. → Од 2023: +22,2% номинално и +13,4% реално (над ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, не ја исклучи можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина по забрзана постапка, што е дел од процесот на кој се работи како дел од постигнувањето решение за прекин на војната во таа земја. Вучиќ беше гостин во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина и рече дека границите ќе станат помалку важни ако сите земји од Западен Балкан се ...
Во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за проектот „Сејф Сити“ и неговата цел во поглед на безбедноста во сообраќајот. Мицкоски посочи дека за идејата стои цврсто, дури и по цена политички да се плати. Претседателот на Владата истакна дека проектот не е осмислен за заработка преку казни, туку за заштита на човечки животи. Целта не е да се наплатат казни. Затоа што како прво има ...
Државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница за тројно убиство во земјава е уапсен во Тирана, Албанија по неколкумесечна интензивна истрага и претрес спроведена од полицијата. Станува збор за 52-годишниот Бесим Ш., кој долго време се криел во Тирана користејќи фалсификувани лични документи на име на граѓани од Косово. Апсењето го извршила тамошната Дирекција на силите за специјални операции при Одделот за ...
Џихан Ахмед која беше кандидат за член на Комисијата за дискриминација си поднесе оставка. На расправата, и покрај тоа што е магистер по меѓународно право, Ахмед не успеа да демонстрира основно познавање на Истанбулската конвенција, која претставува клучен документ за заштита на жените од насилство. На прашањето за правните основи на конвенцијата, таа одговори со историски осврт за градот Истанбул и периодот на Ататурк, наместо да ги објасни ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека Македонија поминала „историски успешно“ на Светскиот форум во Давос бидејќи, како што вели, бил дел од три панели со луѓе од врвот на светскиот бизнис и мултинационални компании. На самата свечена вечера, кажа Мицкоски, со него на маса биле главниот извршен директор на „Гленкор“, со Џон Донован кој што бил поранешен главен извршен директор на најголемата американска телекомуникациска ...
Чест ми е што денеска имав можност да присуствувам на традиционалната свеченост по повод Националниот празник на Србите – Св. Сава, која се одржува во Охрид, во организација на друштвото „Коштана“ и почесниот конзул на Република Србија, Михајло Филев. Настанот помина во духот на заедништвото и уште еднаш ја потврди важноста на меѓусебното разбирање и соживот на локално ниво. Им го честитам овој голем празник на сите сограѓани од српската ...