Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна предупреди дека рускиот лидер Владимир Путин подготвува тајна мобилизација и планира да распореди десетици илјади севернокорејски војници на руска територија. Зеленски тврди дека Кремљ бара начин да го зголеми бројот на војници без официјално да прогласи мобилизација . Тој предупреди дека Русија планира да распореди до 50.000 севернокорејски војници , додавајќи дека Путин сака да ја измами ...

Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме со политики во интерес на граѓаните, соопштија од ВЛЕН. – Цените и секојдневните трошоци се меѓу главните грижи на секое семејство. Затоа, заштитата на животниот стандард на граѓаните останува еден од нашите приоритети. Годишната инфлација во јули се намали на 2,3 отсто. Тоа го покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Пред две години, кога ја презедовме одговорноста ...

Ракот на жолчниот канал, познат и како холангиокарцином, е редок и сериозен малиген тумор кој се јавува во жолчните канали – цевките што го поврзуваат црниот дроб и жолчното кесе со тенкото црево и преку кои жолчката се дренира од црниот дроб. Жолчката му помага на телото да ги вари мастите, а тумор што се развива во жолчните канали може да го попречи нејзиниот проток. Болеста може да потекнува од каналите во црниот дроб или од оние надвор ...

Бразилската манекенка Изабел Гулар и германскиот фудбалер Кевин Трап водат љубов до пет пати на ден, но само под услов неговиот тим да не претрпи пораз на теренот. И додека јавноста со години се прашува дали планираат да се венчаат, еден од најзгодните и најдобро облечени парови во светот не се грижи за формалностите. Тие не зборуваат за свадбата, но затоа моделот не се двоуми да сподели пикантни детали од нивната спална соба. Поранешната ...

Италијанските власти истражуваат дали Русија има некаква врска со масовната експлозија во фабрика за муниција во близина на Рим, но министерот за одбрана Гвидо Кросето тврди дека не се пронајдени докази што би укажувале на руска саботажа. На 13 август, експлозија ја погоди фабриката на KNDS Amo Italia во Колеферо, југоисточно од Рим. Она што особено привлече внимание беше фактот дека пожарникарите веќе беа на местото на настанот поради ...

Германија значително го зголемува бројот на припадници на своите вооружени сили, во услови на влошена безбедносна состојба во Европа. Според германското Министерство за одбрана, Бундесверот во јуни 2026 година броел 185.196 војници, што е највисоко ниво во последните 12 години. На крајот на 2025 година бројката била околу 184.200. Зголемен е и интересот за воената професија. Во текот на 2025 година германската армија имала околу 25.000 нови ...

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан беше снимен во неделата вечерта во Опатија во друштво на Антал Роган и Марија Шмит. Фотографијата е испратена до унгарскиот портал 444.hu од читател кој го препознал тројцата додека се упатувале кон вилата во сопственост на семејството Шмит. Според него, фотографијата е направена на истото место каде што Виктор Орбан летувал пред три години, во вила што ѝ припаѓа на Ана Унгар, ќерка на Марија Шмит и ...

Google ќе им овозможи на корисниците да ја отстранат видливата ознака со вештачка интелигенција од генерираните фотографии и видеа, додека невидливиот SynthID ќе остане. Google подготвува промена што би можела да го промени начинот на кој препознаваме содржина создадена од вештачка интелигенција. Корисниците наскоро ќе можат да ја отстранат видливата ознака со вештачка интелигенција од генерираните фотографии и видеа. Опцијата за вклучување ...

Ако модринките се ненадејни и чести, се појавуваат без причина или се појавуваат на лицето, грбот и стомакот, треба да посетите лекар. Модринка најчесто се појавува по удар што можеби дури и не го паметиме. Меѓутоа, ако одеднаш имате многу од нив, се појавуваат без причина или се појавуваат на необични места, како што се грбот, стомакот или лицето, тоа не треба да се игнорира . Модринките се јавуваат кога малите крвни садови под кожата ...

Водата во Скопје е безбедна и ги исполнува сите пропишани стандарди за квалитет, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“. Во периодот од 10 до 14 август биле земени по 211 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа од вкупно 45 мерни места низ главниот град. Според резултатите, сите испитани примероци одговараат на законски пропишаните барања за безбедност и квалитет. Од претпријатието соопштуваат дека ...

Сезоната на Девиците започнува на 23 август и трае до 23 септември, носејќи сосема поинаква енергија по периодот во кој доминираше Лавот. Овој астролошки период носи одлични можности за Девиците, Јарците и Биковите. Додека Лавот ја поттикнува потребата за уживање, креативност, внимание и акцент, Девицата нè враќа на секојдневните обврски , работата, организацијата и практичните работи. Ова е време кога многумина чувствуваат потреба да ги ...

Во градот Праја а Маре во Калабрија, на децата под 14 години не им е дозволено да останат сами на јавни места по еден час по полноќ. За прекршување на оваа одредба, која е во сила втора летна сезона по ред, родителите или старателите се соочуваат со казни до 500 евра. Локалните власти објаснуваат дека целта е да се зголеми безбедноста и да се спречат проблеми со малолетници. Зошто е воведен ноќниот полициски час? Според правилата, кои ќе ...

Во Охрид денеска Армијата ќе го прослави својот 34-ти роденден. Централната прослава ќе се одржи во Кампот за обука на вода, а најавено е обраќање на претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и на началникот на Генералштабот генерал мајор Сашко Лафчиски. Армијата го слави 18 август како роденден. Тоа е денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој ...

Проектот за уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека во Бутел влегува во завршна фаза, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Новата патека е долга 1.590 метри и ќе обезбеди уреден и безбеден простор за пешачење, рекреација и дружење. Проектот предвидува и поставување современо ЛЕД осветлување, клупи и друга урбана опрема, уредување на зелените површини и изградба на нови детски игралишта. ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати барање за вонредна седница на хрватскиот парламент поради еколошката катастрофа во Лика. Милановиќ поднесува барање за вонредна седница на хрватскиот парламент врз основа на одредбите од член 79, став 2 од Уставот на Република Хрватска, потврди денеска Никола Јелиќ портпарол на претседателот. Според Деловникот на хрватскиот парламент, откако Милановиќ, како овластен предлагач, ќе ...

Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски ...

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден 22,9 милијарди долари со „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачки ракети „Томахавк“ за потребите на американската морнарица. Големата нарачка доаѓа во период кога Вашингтон настојува брзо да ги зголеми производствените капацитети за критична муниција, поради намалувањето на залихите на ракети и софистицирана муниција што во голема мера се користи во конфликтот со Иран. ...

Кристијано Роналдо изјави дека оваа сезона во саудискиот Ал-Наср веројатно ќе биде неговата последна во професионалната кариера, додека неговиот тековен договор со клубот од Ријад истекува следниот јуни. Португалскиот напаѓач, кој има 41 година и зад себе има 25 сезони во професионален фудбал, во интервју за „Вог“ изјави: „Ова е веројатно мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“. Тој додаде дека веќе ...

Поранешната американска конгресменка и поранешна блиска соработничка на Доналд Трамп, Марџори Тејлор Грин, изнесе сериозни тврдења дека во стратешките разговори на администрацијата на Доналд Трамп се разгледува можноста за употреба на нуклеарно оружје против Иран. Во објава на социјалната мрежа X, Грин изјави дека употребата на нуклеарно оружје против Иран „се дискутира на стратешки состаноци“, нагласувајќи дека, како што тврди, не ...

Состојбата со пациентите кои побарале медицинска помош во гостиварската болница се движи кон стабилизација, додека водата официјално е за пиење од петок. Паралелно, болницата ги заврши сите процедури за дезинфекција и чека конечна потврда од Министерството за здравство за отворање на операционите сали. Во последните 24 часа, бројот на пациенти со симптоми на труење или слични проблеми значително се намали. Раководителите на болницата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека неодамна разговарал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, откако најави дека САД ќе ги намалат воените вежби со Јужна Кореја. Одговарајќи на прашање од новинарите во Овалната соба на Белата куќа зошто Ким Џонг Ун не реагирал на вчерашната одлука на Трамп за намалување на воените вежби со Јужна Кореја, американскиот претседател рече дека севернокорејскиот лидер сепак „реагирал“, ...

Нови седум лица се осомничени за транспортот на марихуана од Македонија кон Србија. Обвинителството денеска соопшти дека од засега неутврден период во текот на 2025 година до крајот на јануари 2026 година, на македонската и српска територија, шестмината против кои се води постапка во Србија, шестмината опфатени со истрагата на ОЈО ГОКК од февруари, седуммината новоосомничени, како и други засега непознати лица, се здружиле заради ...

Иран ќе ги интензивира тензиите во Ормутскиот теснец и поширокиот регион доколку дипломатските напори со САД не успеат, изјави за Ројтерс висок ирански функционер. Службеникот рече дека таков развој на настаните би следел по промената во политиката на Иран, која, како што е опишано, повеќе би се потпирала на офанзивен, а не на дефанзивен пристап. Во кратка изјава за Ројтерс, тој предупреди дека Иран ќе „ги зголеми тензиите во Ормутскиот ...

Во светот на астрологијата, одредени хороскопски знаци се издвојуваат по својата храброст, решителност и подготвеност да се соочат со предизвици. Додека некои претпочитаат безбедност и претпазливост, постојат знаци кои не се плашат да преземат ризици и да продолжат напред дури и кога околностите не се идеални. Овенот и Шкорпијата се издвојуваат особено. Овен – симбол на храброст Во астрологијата, Овенот често се поврзува со храброст, ...

Иран го заострува притисокот врз медиумите со нов предлог закон според кој разговор со одредени странски новинари и медиуми би можел да стане кривично дело. Иранскиот парламент го одобри општиот текст на предлогот, кој предвидува затворски казни за интервјуа, учество во емисии и друга комуникација со медиуми што властите ги сметаат за непријателски. Според предлогот, комуникација без дозвола со американски, израелски или медиуми финансирани ...

ВАШИОТ ИЗБОР на утрински пијалок може да игра улога во регулирањето на телесната тежина. Иако не постои еден пијалок што ќе доведе до губење на тежината, оној што содржи протеини и други хранливи материи може да ви помогне да останете сити подолго време. Една таква опција е лате со кравјо или незасладено соино млеко, пишува EatingWell. За разлика од обичното кафе, латето подготвено со соодветно млеко содржи протеини, додека кофеинот може да ...

Високиот крвен притисок е еден од здравствените проблеми што може да го зголеми ризикот од сериозни компликации. Сепак, одредени промени во секојдневните навики, особено кога станува збор за исхраната, можат да помогнат во неговата контрола. Крвниот притисок под 120/80 mmHg се смета за нормален. Горната, систолна вредност, го означува притисокот во артериите кога срцето пумпа крв, додека долната, дијастолна вредност го означува притисокот ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги прошири своите истраги за шверц на марихуана од Македонија во Србија, вклучувајќи седум нови осомничени. Според Обвинителството, истрагите започнати во февруари оваа година откриле поширока мрежа вклучена во криминални активности, додека доказите се добиени преку истражни дејствија и соработка со српските власти. Осомничените се обвинети за неовластено ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32