Земјите членки на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе одржат итен состанок подоцна оваа недела за да разговараат во врска со контроверзните предлози на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за продажба на комерцијалните удели во нивните најголеми натпреварувања, а не е исклучено меѓу темите на состанокот да биде и прашањето за евентуален европски бојкот на Светското првенство. Како што објави денеска Би-Би-Си, 55-те членки на УЕФА ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, од Делчево, го повика Обвинителството да почне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар и за непреземањето ништо од тогашната власт за заштита на здравјето на гостиварци. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, тој истакна дека кога станува збор за Гостивар и за ...

Фудбалерите на Вардар се елиминирани од УЕФА Конференциската лига (КЛ), откако загубија на гостински терен по продолженија од Рига со 5-2 (3-2, 1-2, 0-1) во драматичен реванш од 2. квалификациско коло во кој одиграа херојски 90. минути и со фудбалер помалку на теренот од 20. минута имаа водство од два гола разлика до самиот финиш во регуларниот дел. Вардар брзо на реваншот во летонската престолнина ја анулираше негативата од 2-3 од првиот ...

Молк кај албанските политичари, но и кај граѓаните Албанци за загадената вода . Што знам ако водата во Гостивар беше двојазична можеби ќе излезеа на улица да побараат оставка од градоначалникот Лимани. ќе имаше прес-конференции, четири соопштенија и пет европски претставницикои ќе сочуствуваа со маките на Албанџите кои имаат почуствителни стомаци од Македонците. Гледајте ја новата „Чавез“, 45-та, летна епизода посветена на Гостивар. Молк ...

Владата донесе Одлука со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензациските фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. Се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни средства со кои управува Развојната банка. Вкупниот расположлив износ е ...

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авиолетови и туризам во Европа и Централна Азија е мотив за уште поголема работа, порача денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус. Николоски потенцира дека државава забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, потенцирајќи дека тоа е исклучителен ...

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден. Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. За жал, бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и дека потпишала таков договор ...

Kако работат Бугарите покажуваат и оние дваесетина портали финансирани од исток со кои се врши пропаганда во Македонија. Главни теми се внесувањето на Бугарите во устав како и тоа дека Македонија ќе биде преземена од Албанците ако не се согласиме на бугарските уцени. Зад поголем дел од овие портали стои онаа будалетинка Виктор Стојанов на кој му е забранет влез во Македонија па ровари од Бугарија. Сега јасно ви е со кого си имаме работа. ...

Во Урошевац, град во Косово именуван по последниот српски цар, Стефан Урош, е покрената петиција „За Феризај без Урошевац“, со која се бара од Собранието на таканареченото Косово да ја укине службената употреба на името „Урошевац“ и да го користи исклучиво името „Феризај“ во сите документи и официјална комуникација на институциите. Феризај, по кого Албанците го именувале овој град, бил човек за време на османлиската ера, кој бил на чело на ...

Филаделфија 76 официјално го потврди доаѓањето на Леброн Џејмс со објава на фотографија на социјалните мрежи и на тој начин нема веќе дилема и кој број на дрес ќе има легендата на НБА лигата. Тој ќе настапува со бројот 23. Џејмс така ќе го носи бројот со кој настапуваше на почетокот на својата кариера во Кливленд, како и подоцна во ЛА Лејкерс. Единствено за време на настапот во Мајами го имаше дресот со број 6. Леброн Џејмс во Филаделфија ќе ...

Во Никшиќ, полицијата го уапси Андреј Танасковски (19), член на организирана криминална група од Македонија, врз основа на меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил член на Шкаљарскиот клан. Танасковски е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан, член на соперничка група, кога испукал два куршума во негов правец. Осомничен е за обид за убиство на член на соперничка криминална група. Осомничениот е обвинет и за кривични ...

Уставните измени во оваа форма како што сега се бара нема да се случат, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски. -Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел. А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот и ...

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, им се обрати на навивачите по Светското првенство. Во финалето на турнирот, Аргентина загуби со 1:0 од Шпанија по продолженија. – Ми останува само едно да кажам: Жал ми е што не можев да ви донесам уште еден трофеј и да ви дадам нова радост, дури и само за неколку дена, за да ви помогнам да ги заборавите сите лоши работи во животот. Но, сакам да се сетите што се обидовме да ...

– Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во поткастот „Риштази“ се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и заради тоа се прават позајмици од М-Нав и други институции. -Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен ...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти, во општината веќе водата може да се користи за технички потреби, наскоро се очекува и за пиење, и воедно посочи дека партиите не треба шират хистерија. -На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво ...

Во секоја демократска држава опозицијата има една многу важна задача – да ја контролира власта. Да поставува прашања, да бара одговорност, да предупредува кога институциите грешат. Тоа е нејзината улога. Таква треба да биде и улогата на македонската опозиција. Да не зборуваме за внатрешната состојба во опозиционата партија, но каква таква, барем нека се труди да биде корисна. Да, СДСМ поставува прашања, критикува…Но, кога критиката ќе ја ...

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик кои се дизајнирани да наликуваат на медиумски редакции од земјава се, всушност, експозитури на бугарската „Фондација Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов, објави порталот „360 степени“ во свое истражување. Речиси 140 илјади профили ги следат овие страници само на Фејсбук. Најголем дел од содржините пласирани во оваа мрежа на портали и страници на социјалните медиуми се ...

Илјадници навивачи на Аргентина дежураат пред домот на селекторот Скалони. Фановите бараат тој да остане на функцијата откако најави дека е можно да се повлече. Лионел повремено излегува од домот да ги поздрави насобраните и да им подели автограми. Илјадници навивачи на Аргентина дежураат пред домот на селекторот Скалони. Фановите бараат тој да остане на функцијата откако најави дека е можно да се повлече. Лионел повремено излегува од домот ...

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...

Ќерката на Драган Џајиќ стана спортска новинарка на РТС. Драгана позираше во розов костим за капење кој совршено ја истакнуваше нејзината витка линија, рамен стомак и извајани стомачни мускули на кои очигледно работи напорно. Tаа со години го „обликува“ својот стил и гради свој препознатлив стил. Затоа не е изненадувачки што луѓето на мрежите едноставно не престануваат да ѝ даваат комплименти за нејзиниот изглед. Драгана веќе неколку години ...

Aргентинецот Лука Вилдоза е нов играч на Партизан. Тој е во брак со одбојкарката Милица Тасиќ.Србинката и Аргентинецот се венчаа пред една година, а Милица го роди својот син Тео пред неколку недели. Лука станува Србин Лука Вилдоза моментално нема српски пасош, но врз основа на неговиот брак со српска државјанка, би можел да добие еден без поголеми проблеми. Аргентинскиот плејмејкер и српската одбојкарка се запознаа додека Вилдоза играше за ...

Водата во Гостивар повторно доби статус на технички исправна по серијата лабораториски анализи, што значи дека граѓаните повторно можат да ја користат за капење, миење садови, перење и други домашни потреби. Сепак, таа и понатаму не е безбедна за пиење и подготовка на храна. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека анализите покажале значително подобрување на состојбата, но дека мерките на ...

По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар доби статус на технички исправна, што значи дека граѓаните повторно можат да ја користат за капење, миење садови и други домаќински потреби, но сè уште не е дозволена за пиење и подготовка на храна. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој посочи дека анализите покажале подобрување на состојбата, но дека мерките за претпазливост остануваат. Во координација сме ...

Никола Јокиќ ја прослави победата на својот коњ на трка во Србија со членовите на семејството, ќерката, синот, братот и пријателите, а потоа излезе на патеката каде што отвори шампањ. „Ова е голема победа за нас во голема трка како „Дужијанца“. Очекувавме можеби малку повеќе конкуренција и малку публика од странство, бидејќи „Дужијанца“ го заслужува тоа, тоа е една од најдобрите трки во регионот. Мило ми е што трофејот останува во Сомбор и ...

Цените на нафтата и гасот се во пад, додека DAX, CAC 40 и FTSE растат со продолжувањето на преговорите меѓу САД и Иран. Цената на нафтата од типот Брент денес падна на 90,893 долари за барел, што претставува пад од 7,67 проценти на дневно ниво. Во исто време, европските берзански индекси бележат раст, додека пазарите се опоравуваат по привременото смирување на конфликтот на Блискиот Исток. Промените дојдоа откако САД и Иран ги прекинаа ...

Италијанскиот тренер Андреа Пирло коментираше за контроверзноста околу неговиот договор со руска обложувалница. Претходно, неколку италијански пратеници се изјаснија против назначувањето на Пирло за селектор на италијанската репрезентација поради неговата соработка со руска обложувалница. Според „Ла Газета дело Спорт“, договорот на Пирло со обложувалницата е поврзан со неговата работа во клубот од Премиер лигата на ОАЕ, Дубаи Јунајтед. ...

Хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол се согласил на нов договор со Манчестер Сити, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, договорот на 24-годишниот Хрват ќе биде со важност до јуни 2031 година. Премин во шпанскиот клуб ова лето е исклучен. Гвардиол се смета за клучен играч од спортскиот директор Уго Вијана и новиот главен тренер Енцо Мареска. За англискиот клуб Гвардиол настапува од август 2023 година. Неговиот актуелен договор е до ...

Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. -Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…. – објави неговата ќерка. Гоце ...

Фудбалерот Луиз Суарез проговори за зборовите на сопругата и ноќта што му го променила живот и размислувањата за тоа кој е тој навистина. „Постигнав четири гола за Норвич, се вратив дома и очекував сопругата да ми честита. Не ми проговори ни збор. Следниот ден дојде до мене, ме погледна и ме праша дали знам зошто не ми честита. Ми рече дека јас сум сè уште нејзин сопруг, татко на нашата ќерка и истиот човек каков што отсекогаш сум бил“. Не му ...

Дали безбедни граници, безбедни градови и разумно трошење се принципи кои можат да се наречат десничарски и крајни… Тоа се ставови на нормални луѓе“. Најбогатиот човек на светот Илон Маск во ексклузивното интервју за британски Економист со уредничката Зани Минтон Бедоус, пред три дена отворено застана против апсурдната и лажна карактеризација на десницата, особено од некои традиционални медиуми, истовремено разоткривајќи ги политичките ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.31
40%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
53%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.37
56%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
43%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
46%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
47%
1013
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
1.34
32%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25