
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



За време на топлите летни денови, базен е базен. И кога размислувате само да се разладите и да избегате од топлината, ако водата е чиста и сонцето пржи, функцијата генерално ја засенува формата. Сепак, тоа не значи дека естетиката не е важна. Големите архитекти долго време ги вклучувале базените како интегрални елементи на своите проекти. Иако овие базени прекрасно ја надополнуваат околината за која се изградени, тие честопати се зачудувачки ...
Мате Римац, хрватскиот иноватор и претприемач, основач на Rimac Automobili инвестирал во првите виртуелни градини на светот крај Чазма -„Грунтек“. Тоа е негово прво вложување во „зелени“ решенија надвор од автомобилската индустрија. Ова вложување, чиј износ не е наведен, ќе се искористи за нова фаза во развој на градините во Хрватска, како и за подготовки за влегување на странските пазари. Станува збор за првите виртуелни градини во светот, кои ...
Германскиот државен железнички оператор Deutsche Bahn (DB) планира локомотивите на меѓуградските линии кои користат дизел, да ги префрли на горива произведени на климатски неутрален начин, односно без емисии на CO2. Имајќи предвид дека најголемиот дел од германската железничка мрежа е електрифицирана, брзите дизелски возови на DB, сообраќаат на само неколку линии во централна и јужна Германија. „До 2025 година и последните 2% од меѓуградските ...
Европската комисија соопшти дека подготвила нова Уредба за координирани мерки за намалување на потрошувачката на природен гас, со која на сите земји членки на ЕУ им се псотавува цел да ја намалат потрошувачката за 15% во периодот од 01.08.2022 до 31.03.2023 година. Новата уредба, доколку добие поддршка од земјите членки на ЕУ, исто така и дава на Комисијата можност да прогласи „предупредување за Унијата“ (Union Alert) во врска со сигурноста во ...
Берлин е град кој во годините после Втората светска војна па сè до октомври 1990 година бил поделен на два дела, Западен Берлин – кој припаѓал во БДР (Bundesrepublik Deutschland) и Источен Берлин – кој припаѓал во ДДР (Deutsche Demokratische Republik). Овие два тогаш засебни града, како во секој друг поглед, така и во инфраструктурен, со текот на годините се развиваале согласно политиките и потребите на истоимените држави. Во Западен Берлин ...
Во Северен Јоркшир, по повод 90 години постоење на компанијата Лего, направен е најголемиот лавиринт во Европа и тоа во форма на Лего фигура, која е 3.500 пати поголема од вистинската. „Лавиринтот на површина поголема од осум фудбалски игралишта е уште еден одличен начин семејствата да играат заедно и едвај чекаме сите да го видат дизајнот на лавиринтот одозгора“, изјавија претставниците на компанијата Лего. Од воздухот се гледа дека лавиринтот ...
Таканаречените капсула хотели се типичен пример за тоа по што е препознатливо јапонското хотелиерство. Комбинирајќи максимално искористување на просторот, техничка генијалност и футуристичка атмосфера, овие хотели се едни од најпознатите и во исто време уникатен тип на сместување во Јапонија. Nine Hours Capsule Hotel Обично се наоѓаат околу главните центри за јавен транспорт во големите метрополи и нивната клиентела кон која се стремат се ...
Со средства во висина од 1,45 милиони евра, ќе се имплементира проект за вградување на систем на топлинска пумпа со морска вода како извор ан топлина, а која главно ќе се користи за загревање на градскиот базен во Дубровник. Овој иновативен проект е финансиран од средства од ЕУ и од Кралството Норвешка. Со инсталирањето на топлинската пумпа морска вода/вода, значително ќе се намали емисијата на CO2 во износ од 656 тони годишно, што претставува ...
Компанијата Google наредниот месец ќе започне со тестирање на новата генерација на своите AR (Augmented Reality) очила. Во текот на I/O конференцијата одржана во мај, Google го најави доаѓањето на AR очилата и го покажа нивниот ран прототип, а сега компанијата е подготвена за почеток на тестирањето во реалниот свет. Тоа значи дека во јавноста ќе се појават лица кои ќе ги носат овие AR очила токму во функција на тестирањето. „Тестовите во ...
Доколку сте во потрага по ново зеленило во вашиот дом кое нема да бара премногу грижа, време е да дознаете повеќе за Кинескиот долар или Pilea peperomyoida. Ова зимзелено растение кое потекнува од јужна Кина е препознатливо по неговите кружни зелени листови кои се разгрануваат од дрвенестото стебло и кое може да порасне и до 30 сантиметри. Листовите му го дале името Кинески долар, но и според старите верувања привлекува енергија на богатство и ...
аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, ќе се снабдува со електрична енергија произведена од својата фотонапонска електрана со инсталирана моќност од 1 MW. Постројката се наоѓа во близина на аеродромскиот комплекс, на патот кон Сурчин. Се состои од речиси 3.000 фотонапонски панели распоредени на површина од 15.900 квадратни метри. Годишно ќе произведува околу 1.130.000 kWh електрична енергија. Компанијата Vinci Airports која управува со овој ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц истакнува дека оваа земја не се откажува од климатските цели, и покрај енергетската криза. „Факт е дека сега мора привремено да користиме некои електрани кои веќе ги затворивме, но тоа е на краток рок. Сакаме да направиме се што можеме во борбата со климатските промени и затоа ќе се превземат чекори кои ќе обезбедат сериозен напредок во развојот на обновливите извори и зголемување на нивниот удел. Посебно ќе се ...
Според истражувањето на online магазин Time Out токму Глазгов е најпријателски град на светот. Притоа, не се мисли на места каде луѓето се лажно пристојни и љубезни, туку на места кои искрено Ви посакуваат добредојде. Time Out испитал повеќе од 20.000 жители ширум светот за храната, пијалоците, културата, социјалниот живот и одржливоста со цел да направи конечна листа. Интересно е дека неверојатни 78% од жителите на Глазгов сметаат дека нивниот ...
Роден во Италија, Карло Станга отсекогаш имал огромна страст за цртање. По дипломирањето архитектура на Politecnico di Milano, најголемиот технички универзитет во Италија со околу 42 илјади студенти, го продолжува своето образование посетувајќи студии за уметност и дизајн. Тој се определил да се занимава со илустрација, за што самиот вели дека е неговиот креативен талент, негова судбина. Вљубеник во цртањето, смета дека доколку човек не обрнува ...
Потребите за енергија во летoто се секогаш помали во споредба со зимскиот и есенскиот период, особено во регионите со умерена и студена клима како што е на пример Европскиот континент. Заради тоа, многу аналитичари претпоставуваа дека енергетската криза ќе заврши или драстично ќе се намали кога ќе дојде летниот период. Меѓутоа, гледаме денес дека тие препоставки биле погрешни бидејќи енергетската криза во светот, но и во Република Македонија ...
Поради неизвесната економска ситуација и војната во Украина, се поголем број луѓе се одлучуваат да инвестираат во недвижнини. За многумина тоа е начин на штедење, па готовината ја претвораат во квадрати. Затоа цените почнаа вртоглаво да растат. Како се движат цените на недвижностите во европските метрополи, а како во регионот? Според податоците на веб-страницата „Нумбео“, која ги споредува условите за живеење во различни градови во светот, ...
Жан Пруве (1901 – 1984) е француски металски работник, самоук архитект и дизајнер. Ле Корбизје го прогласил Пруве за конструктор, кој ги спојува архитектурата и инженерството. Главното достигнување на Пруве било пренесувањето на производната технологија од индустријата во архитектурата, без губење на естетските квалитети. Масата на Жан Пруве од 1,6 милиони долари докажува дека не е сè што сјае злато и не е сè што е скапо и скапоцено. Пред некое ...
Пуштањето во употреба на гасоводот „Северен тек 2“ е еден од начините за зголемување на испораката на руски гас во Европа, иако половина од неговиот капацитет веќе е наменет за домашна потрошувачка, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. „Имаме подготвена уште една рута, тоа е Северен тек 2. Може да се пушти“, изјави Путин, зборувајќи за опциите за решавање на енергетската криза во Европа, пренесе Тасс. Тој, сепак, напомена дека во ...
Креативниот центар проектиран од Tate + Co Architects на Универзитетот York St John (YSJ) во Велика Британија е нискоенергетска зграда, која е дом за студии по музика и компјутерски науки на Универзитетот, со специјализирани простори за перформанси, креативно пишување и медиумска продукција. Три главни концепти се основа на проектантскиот пристап, кои се евидентни во Центарот. Прво, тоа е навистина одржлива зграда, со значителна употреба на ...
Српската тениска легенда по седми пат го прослави освојувањето на најстариот турнир во спортот. На прославата на вимблдонскиот трофеј на зглобот на Новак заблеска син, керамички Hublot Big Bang Meca-10. Ова е првпат Ѓоковиќ да победи на Грен слем турнир откако во август минатата година стана амбасадор на швајцарскиот бренд. Big Bang Meca-10 на Ѓоковиќ секако е часовник за шампион. Се одликува со куќиште од 45 мм изработено од микробрушена и ...
Центарот за климатски промени спроведува истражување со цел утврдување на навиките на жителите на Град Скопје во врска со заштедата на енергија во домаќинствата и примената на мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Активноста се спроведува во склоп на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, финансиран од Шведска, а имплементиран од страна на UNDP во партнерство со Министерството за животна средина и ...
Архитектонското биро од Лос Анџелес, Michael Maltzan Architecture, деновиве ја привршува реализацијата на проектот за изградба на Вијадуктот во Шестата улица во овој милионски калифорниски град. Структурата, која неодамна беше наречена Ribbon of Light, е долга 1.067 метри, а новото име се должи на нејзината форма која се состои од повеќе бетонски лаци осветлени одоздола. Препознатливи лаци и некогаш и сега Додека претходната структура – ...
Бројот на топли денови во Виена е удвоен во последните триесет години, а оваа година јуни беше четвртиот најтопол месец откако с евоспоставени мерењата на температурите во Австрија. Потребата од климатизација односно ладење ќе продолжи да расте, па затоа градската компанија Wien Energie, најголемиот австриски снабдувач со енергија, веќе 15 години разботи на развој на системи за далечинско ладење. Овој концепт е еколошки и климатски поприфатлива ...
Првиот продукциски примерок на Rimac Neverа, зелена Callisto нијанса со ентериер од алкантра во боја на песок, слезе од производната линија во погонот на оваа компанија во близина на Загреб. Тој пристига после пет години развој и тестирања, 18 произведени прототипови, 45 судат тестови, успешно завршена европска и американска хомологација. Првиот примерок (сериски број #000) ќе остане во сопственост на Bugatti Rimac, додека првите возила наменети ...
Роботските риби кои „јадат“ микропластика, би можеле еден ден да помогнат во чистењето на загадените океани, тврди тимот кинески научници од Универзитетот Сечуан во југозападна Кина. Тие развиле 1,3 сантиметри долги роботи кои веќе успешно ја отстрануваат микропластиката во плитките води. Целта на кинеските научници е да овозможат собирање на микропластиката во длабоките води и да пружаат информации за анализа за загадувањето на морињата во ...
Данското архитектонско биро BIG и холандското Barcode Architects заеднички го потпишаа проектот на неодамна реализираниот аголен станбен блок Sluishuis во амстердамскиот кварт IJburg. Изграден на вештачки остров во езерото IJ, овој станбен блок во форма на квадрат го опкружува внатрешното пристаниште со двојна конзола што формира порта над езерото. Панорамски поглед од кровот „Нашиот Sluishuis е замислен како градски блок во центарот на ...
Негативното влијание на пластиката врз климата и здравјето на луѓето е поголемо отколку што се мислеше, открија научниците од престижниот швајцарски универзитет ЕТХ Цирих. Причината е многу поголемата употреба на фосилни горива, пред сè на јаглен, во процесот на производство – и како суровини за изработка на пластични предмети и за снабдување на фабриките со енергија. Производството на пластика рапидно расте во последниве години. А ...
Од април годинава, во Франција е забрането користење на било какви уреди за греење и ладење на надворешни простори како што се тераси на кафулиња, барови и ресторани и сл. Образложението зад оваа одлука е заштитата на климата и штедењето поради енергетската криза. Инаку оваа одлука требало да биде донесена уште пред пандемијата, но истото е одложено. Од друга страна, одредени француски единици на локална самоуправа имаат такви одредби уште од ...
Компанијата Greenfluidics со седиште во Мексико, ветува нови „зелени“ биопанели кои можат да обезбедат кислород и енергија. Биопанелите функционираат така што CO2 се “пумпа” низ водата која содржи алги. CO2 го користат алгите како фотосинтетски организми за одгледување и производство на сопствена храна. Дополнителна предност е што овие организми создаваат кислород кој може да се „зафати“ и да се ослободи во објектот каде се наоѓаат споменатите ...
Поради големата суша која ја погоди Италија, Советот на министри прогласи вонредна состојба во пет региони во оваа земја. Одлуката ќе остане на сила до 31-ви декември 2022 година, а на располагање се 36,5 милиони евра за прва помош и обнова на мрежната инфраструктура. Со овој потег се регулира трошењето на средства и овластувањата, во врска со интервенциите и помошта за загрозеното население, како и враќање на функционалноста на јавните услуги ...