Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Порториканскиот пејач Luis Fonsi, со новиот сингл „Me Despido“ се свртува кон бачата, користејќи го препознатливиот ритам на жанрот како основа за приказна за крајот на една љубовна врска. „Me Despido“ е песна за тој тежок момент кога двајца луѓе сè уште имаат чувства еден кон друг, но знаат дека мора да тргнат по свои патишта. Меланхолијата на текстот се среќава со топлата и сензуална природа на бачата, ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Детскиот парк во склоп на Градскиот парк во центарот на градот, и понатаму е во лоша состојба. Оградата е оштетена на повеќе места, слична состојба е и со дел од подлогата. Станува збор за едно од омилените места за забава на најмладите, кое има оштетувања, пред се поради „делата“ на неодговорни поединци, но и под забот на времето. извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес Прочитано: 5 Охрид, 22. август 2026 ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот на градот, на потегот по кеј „Македонија“ и кај малото пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на Долни сарај, ќе се одржи третото издание на манифестацијата „Above the lake“, уште едно незаборавно винско доживување за вистинските познавачи. – Време е за винскиот салон во август, Above the lake (3rd edition). Придружете ни се на незаборавно винско доживување. Откријте врвни вински етикети, запознајте ги винариите и уживајте во внимателно одбрани дегустации. Без разлика дали сте вистински ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од три прекрасни лебеди, од кеј „Македонија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 5 Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Љупчо Паункоски објави дел од неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“, посветен на Ристе Савин, еден од најпознатите охридски пливачи, кој почина вчера. – Интервју со Ристе Савин. Во чест на човекот кој остави свој белег за градот. Ова е дел од интервјуто снимено во октомври 2017 година, изјави Паункоски. На 80-годишна возраст, вчера во Скопје почина Ристе Савин, еден од ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со старт во 11:00 часот од „Св. Наум“, денеска ќе се одржи 39. издание на Охридскиот пливачки маратон. Конечната бројка на учесници е 16, откако двајца натпреварувачи од Турција се откажаа. Од Република Македонија ќе учествуваат четворица пливачи, тројца мажи и една жена. – Патеката „Климе Савин” е во должина од 25 километри со поставени 9 контролни точки. Ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се Богородичните пости, кои траат 15 дена, до празникот Успение на Пресвета Богородица. По својата временска должина, овој е најкраткиот од четирите годишни пости. Секоја година започнува на денот на прославувањето на Светите седум Макавејци, на 14 август. Богородичниот пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети апостол Матиј. Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на свети Симеон Богопримец во Јерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 35 степени. – Денеска ќе се задржи многу топло време со дневна температура која наместа се очекува да надмине 40 степени. Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце“ за влез и излез од државата и на „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час додека на останатите гранични премини нема ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа годинешните археолошки ископувања на Самуиловата Тврдина, информираат од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Целта е доистражување и ревитализација на целиот простор, а раководител на проектот е архелог, виш кустос Анатоли Арнаудоски. Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Македонија. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Завод за заштита на ...
Охрид, 20. августи 2026 (ОХРИДПРЕС) – Утре, на Долни сарај, ќе се одржи третото издание на манифестацијата „Above the lake“, уште едно незаборавно винско доживување за вистинските познавачи. – Запомнете го датумот, вински салон во август, Above the lake (3rd edition). Придружете ни се на 22 август на незаборавно винско доживување. Откријте врвни вински етикети, запознајте ги винариите и уживајте во внимателно одбрани дегустации. Без разлика ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Животот е прекраток за да се пие лошо вино, порачуваат од винаријата „Поетика“ од Кавадарци, од каде по охридската промоција на нивните врвни вина, продолжуваат да ги презентираат на пазарот во Охрид, каде веќе си го наоѓаат својот пат до љубителите на пијалокот на Боговите. Нивните вина се совршен спој на традицијата и современите вински техники на создавање свежо и трајно вино. Со длабока почит кон ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД во Република Македонија, во средата оствари посета на Црвен крст Охрид, каде се сретна со претседателката Весна Терзиоска. – Средбата беше одлична можност за дискусија за услугите што Црвен крст Охрид секојдневно им ги пружа на граѓаните на општините Охрид и Дебрца. Исто така, во текот на средбата акцент беше ставен и на долгогодишната одлична соработка меѓу Црвен крст ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци ипрекурсори“ и „спречување на докажување“. – При преглед кај него, извршен на паркинг простор во Охрид на 3 август, во 21:45 часот, полициските службеници пронајдоа таблета MDMA, која претходно се ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По 39 пат, утре во Охрид ќе е одржи најстарата и најмасовна пливачка манифестација во државава, Охридскиот пливачки маратон. Патеката „Климе Савин“ долга 25 километри ќе ја препливаат 16 пливачи, 11 во машка и 5 во женска конкуренција. Стартот е закажан за 11:00 часот кај Св. Наум, а целта е на Градското пристаниште во Охрид. Охридскиот пливачки маратон не е само трка во светскиот календар на пливање на ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во „Прличевата одаја“ при НУ Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, вчера беа промовирани делата „Славе Катин-живот и дела“ и „Патувања околу светот“ од Славе Катин, со што беше одбележан големиот јубилеј, 85 години живот и 50 години творештво на познатиот новинар и публицист Славе Николовски-Катин. Промотори беа новинарот и публицист Веле Митаноски и публицистот Стево Томовски. Поздравен збор имаше и ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Охридскиот детски хор „Бамбино“, Срна Попова и Наум Љатко, заедно со нивниот ментор и уметнички раководител на хорот, м-р Снежана Караџовска-Попова, освоија признанија на 26. издание на Интернационалниот музички фестивал Musicland, кој се одржува во Струга од 17 до 29 август. На овој престижен меѓународен музички фестивал настапија 160 изведувачи од 20 земји, а нивните изведби ги оценуваше ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од две децении по нејзиното деби со „Unwritten“, Natasha Bedingfield се враќа со нов материјал, претставувајќи го синглот „Dot Dot Dot“, песна која го означува рестартирањето на нејзината кариера на лично ниво, во време кога нејзината музика повторно доживува голема привлечност, особено кај помладата публика. Британската кантавторка номинирана за Grammy награда гледа како некои од нејзините ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Целосен авторски проект, инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуцирана од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари. Личи на Дуа Липа, музичкиот стил и е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика за „Лефти и Рајти“. На прашањето што претставува компонирањето на музика за Лефти и Рајти, ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИПРЕС) – Со изведбата на мјузиклот „Као какао“, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, синоќа беше свечено отворено 66 издание на фестивалот „Охридско лето“. Годинашното издание понуди 48 фестивалски настани, музички концерти, театарски претстави, џез и балетска вечери, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји. Од свеченото отворање со грандиозната ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Значителен пад на нивото на водата во Охридското Езеро, за десет дена е намалено за 14 сантиметри. Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,53 м.н.в, што е за само 7 сантиметри над просечното просекот за август (693,46 м.н.в) и 43 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Информативните табели на УХМР од 11 и 13 август покажуваат разлика во водостојот, односно пад за цели ...
Охрид/Скопје, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Утрово во Скопје почина Ристе Савин, еден од најпознатите пливачи и спортски работници од Охрид. Тој е брат на Климе Савин, чие име го носи маратонската патека со должина од 25 километри, од Свети Наум до Охрид, а кое 39 издание ќе се одржи токму утре. Охридѓани се сеќаваат на Ристе Савин како на голем спортист, исклучителен пливач и ватерполист, кој учествувал на бројни натпревари по пливање во ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на патот кон Велестово, над „Мегдани“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со поетски портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, вечерва од 21:00 часот започнува 38. издание на престижната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. Како увертира ќе биде краткиот музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов (кавал и електрична гитара). Ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат поетите од странство. Од 22:30 ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од каналот „Студнчишта“, снимена од делот над „Мегдани“, на патот кон селото Велестово. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 8 Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со старт во 11:00 часот од Св.Наум, утре ќе се одржи 39 издание на Охридскиот пливачки маратон. Конечната бројка на учесници е 16, откако двајца натпреварувачи се откажаа. Од Република Македонија ќе учествуваат четворица пливачи, тројца мажи и една жена. – Патеката „Климе Савин” е во должина од 25 километри со поставени 9 контролни точки. Ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст ...
Охрид, 21. август 2026 – Во организација на Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, и годинава, од денеска до 23 август 2026 година, по осми пат, ќе се одржи единствената, од таков карактер манифестација кај нас, Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. Свечено отворање, по традиција, е закажано за денеска, во 11:00 часот, во ЦОУ „Ванчо Николески“, во населбата Лескоец, крај Охрид, единствената установа во ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети Емилијан Исповедник, епископ Кизички. Eпискoпствуваше вo Кизик за врeмe на oпакиoт цар Лав Eрмeнeцoт, икoнoбoрeцoт. Oткакo нe сакаше да им сe пoкoри на царскитe дeкрeти за исфрлањe на икoнитe oд црквата, и тoј заедно сo другитe правoславни eпискoпи беше испратeн вo прoгoнствo. Вo прoгoнствo прoживeа 5 гoдини, трпeјќи мнoгу маки и мнoгу ...